• Latest

Николовски: Се отстрануваат слабостите за да има ред и дисциплина во постапувањето на институциите

November 27, 2020

Трет извештај на ЦИВИЛ: Над 230 извештаи од теренот, случаи на ограничено гласачко право и партиски притисоци

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52

November 2, 2025
Скриншот од видео на Hindustan Times

Турција го намалува увозот на руска нафта поради западните санкции

November 2, 2025

Втор извештај на ЦИВИЛ: Починати лица во Избирачкиот список, повреда на тајноста на гласањето, пријави за притисоци и непристапни избирачки места

November 2, 2025

ДИК: До 15 часот излезеноста 30,26 проценти, за Скопје 29,94 отсто

November 2, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

Неочекувана главоболка за Орбан – Трамп во офанзива против руската енергија

November 2, 2025

ДИК им ги одзеде акредитациите на осуммина домашни набљудувачи поради агитирање пред гласачко место

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: Излезеноста до 13 часот е 19,96 проценти, во Скопје 15,28 отсто

November 2, 2025

Прв извештај на ЦИВИЛ: Изборниот молк масовно се крши, изборниот ден почна мирно

November 2, 2025
Скриншот од ТикТок

Aзискиот моден гигант Шеин обвинет за продажба на „с*кс кукли со детски изглед“ во Франција

November 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Николовски: Се отстрануваат слабостите за да има ред и дисциплина во постапувањето на институциите

November 27, 2020 16:13
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот за задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски вели дека веќе се преземени активности за поврзување на институциите, детектирани се сите слабости и со акцискиот план на неговиот кабинет ќе се стартува со реализација за нивно отстранување за, како што истакнува, да има ред и дисциплина во постапувањето во институциите на системот  и да ја вратиме довербата кај граѓаните, пренесува МИА.

Коментирајќи кога ќе има резултати од работата во негова надлежност и функција што беше воведена првпат,  рече дека се направени многу чекори и најави дека по истекот на првите 100 дена од работата на новата Влада ќе реферира што се е преземено досега врз основа на надлежностите што ги доби со мандатното писмо од премиерот.

-Верувам дека граѓаните ќе ја препознаат нашата чесност, одговорност, храброст и решителност еднаш како генерација да ги реорганизираме институциите, концептот на размислување, законот да важи за сите и да постои ред. Таа работи не е лесна и не се прави за неколку дена. Затоа ни треба многу трепние и многу работа  и посветеност, изјави Николовски, одговарајќи на новинарски прашања по средбата со инсоекторите од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Имаме, појасни, мал ефикасен тим, не станува збор за побна институција и посебно министерство, заради тоа што намерата на Владата е да го намалува бројот на министерствата и на институциите. Наша и моја интенција  е да создадеме мал и стручен ефикасен тим којшто ќе работи  на новото портфолио што до сега не е развиено на ниво на Влада, а чија што улога ќе биде координација на институциите во делот на борбата против корупцијата  и организираниот криминал. Токму тоа и го работиме.

-Покрај интенивната комуникација со сите наши меѓународни партнери на коишто веќе ги испорачавме нашите потреби заради јакнење  на капацитетот на самиот кабинет, заради конкретни  превентивни активности, кампањи,  поддршка во промена на законска регулатива и на процеси што ќе ги почнеме за што сум искрено многу благодаре , почнавме со силна координација на институциите каде што е очигледно дека во претходниот период е недоволна поврзаноста интероперабилноста за да испорачаат видливи резулти кои ги очекуваат граѓаните, рече Николовски.

Тоа, оцени, е резултат на многу години децении тапкање во место, на неносење храбри одлуки и чекори, а оваа генерација на политичари во која што сум дел носи храбри одлуки, чекориме силно напред, работиме на работи и на реорганизирање на институции за кои не било посветено внимание долг временски период за да навистина се елиминираат сите негативности и појави на коишто сме ги навикнале и граѓаните,.

Според него, процесот што претстои нема да биде лесен, но, вели, подготвени сме се да го одиме тој пат за да испорачаат резултати.

Затоа, потенцираше, тимот работи на целокупната поврзаност, интероперабилноста,на што ќе се фокусираме, сите институции треба да бидат целосно поврзани, да имаат  целосен пристап до сите информации,документи и материјали што се потребни за која било институција, да го скратиме времето, да немаме процеси во коишто најголем дел од времето за да се заврши еден предмет и постапка е во чекање на документи од друга институција, наведе Николовски.

Според него, детектирани се сите слабости и со акцискиот план на неговиот кабинет ќе се стартува со реализација за отстранување на сите слабости за да има ред и дисциплина во постапувањето во институциите на системот односно да ја вратиме довербата кај граѓаните.

-Токму  на тоа сме фокусирани и веќе се преземени  многу чекори за промена на уредби , правилници што веќе се донесени на Влада, веќе е внесена антикорупциската клаузула во Бирото за јавни набавки. Направени се и многу други чекори, но дозволете да поминат 100 дена од Владата и со задоволство ќе презентираме што е она што сме го затекнале и што сме го направиле  на самиот почеток во воспоставувањето на нешто што до сега не постоело – една координативна улога, а не нова институција  или не нов паралелен систем.  Наша одговорност е да помогнеме на самото вмрежување на институциите коишто треба да работат неселективно и да дадат резултати, нагласи Николовски.

Share36Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ