• Latest

Нов начин на покривање на патните трошоци на пратениците

August 28, 2018

Напад со три поморски дрона во Црното Море: Потона брод, сите 18 морнари се спасени

October 29, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки чека храна и лекови: Прекин на огнот во украинскиот град под руска окупација

October 29, 2026

Избори во Израел: Обвинувања за изборни нерегуларности, арапските партии со рекорден резултат, неизвесни коалициски преговори

October 29, 2026

Светската банка: Енергијата поскапува 32%, растот на цените на храната ќе продолжи и во 2027 година

October 29, 2026

Москва е најголемиот губитник од падот на Орбан и Вучиќ

October 29, 2026

Избори во Србија: Прегласување на 53 избирачки места на 1 ноември, Студентската листа во предност

October 29, 2026

Парите и постизборна Србија: Сомнежи за трансфери кон Скопје и Москва, Алта банка под лупа

October 29, 2026

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Нов начин на покривање на патните трошоци на пратениците

August 28, 2018 14:57
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Од 1 септември пратениците од внатрешноста на државата, кои не поседуваат стан или куќа во Скопје, ќе мора да одберат дали ќе патуваат секој ден до работа со свој автомобил, за што ќе добиваат надомест за гориво во висина од 20 отсто и за патарина, или ќе закупат стан за што Собранието ќе издвои средства најмногу до 400 евра, а трошоците за гориво и патарина ќе им бидат покриени само за викенд и за празници.

Овие одлуки, што беа усвоени вчера на собраниската Комисија за прашања на избори и именувањата значат комплетно нов начин на покривање на трошоците на пратениците бидејќи претходниот ги чинеше даночните обврзници илјданици евра. Според пресметките на Собранието и тврдењата на пратениците со ова драстично ќе се намалат средствата за патни трошоци за пратениците. Собранието пристапи кон менување и намалување на начинот за надоместување патни трошоци на пратениците, по повеќе написи и реакции на социјалните мрежи и изнесени суми кои ги зеле пратеници како од претходните собраниски состав така и од актуелниот.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска и утре ќе престојува во работна посета на Брисел.

Тој денеска ќе се сретне со заменик-генералниот секретар на НАТО, Роуз Готемолер. На средбата е предвидено двајцата соговорници да разменат информации за актуелната соработка меѓу Република Македонија и НАТО, како и подготовките што ги презема Република Македонија во рамките на пристапниот процес за членство на земјата во Алијансата, соопштија од МНР.

СДСМ засега нема проекција колку пари ќе потроши за кампањата за референдумот, но сите пари што од буџетот ќе бидат потрошени за таа намена единствено и исклучиво ќе бидат за закуп на медиумски простор, изјави премиерот Зоран Заев денеска во Крива Паланка, каде присуствуваше на чествувањето на празникот „Успение на Пресвета Богородица“ во манастирот „Св. Јоаким Осоговски“.

„И тука би сакал да расчистам една нејаснотија – тоа не се пари што ќе се делат по пратеници. Како тие средства ќе бидат распределени е во согласност со тоа кој е „за“, а кој „против“ референдумот, согласно изјаснувањето на самите пратеници“, рече Заев.

Намалување на старосната граница за пензионирање на рударите, денеска најави министерката за труд и социјална политика Мила Царовска. Таа од Македонска Каменица соопшти дека од 2019 година измените за рударите предвидуваат жените да се пензионираат со 35 години работен стаж, додека мажите со 40 години работа.

„Навистина ни е драго што сме тука да ја споделам радоста заедно со рударите од овој крај за идните мерки за пензионирање во рударскиот сектор. Како што ветивме на самиот почеток на мандатот и пред мандатот донесовме закон со кој што бенефицираниот стаж ја добива својата улога за рударите. Со него е предвидено жените да може да се пензионираат со 35 години стаж, додека мажите со 40 години навршен работен стаж“, рече Царовска.
ЦИВИЛ – Центар за слобода организира јавна работна средба под мотото „Каква Македонија сакам?“ во Битола, општинска сала, в четврток 30 август, со почеток во 13 часот. Настанот е дел од проектот „Акција – Интеграција“ посветен на поддршката на демократските реформи, граѓанското учество, зелените иницијативи и европските вредности во Република Македонија.
На работилницата ќе биде презентиран проектот на ЦИВИЛ што се спроведува во партнерство со Фондацијата Хајнрих Бел од Германија. Во работниот дел на овој настан, ќе се отвори дискусија на темите „Граѓанското учество во општествените процеси за поддршка на демократските реформи, зелените алтернативи и антинационализмот“.
Уште еден семинар за граѓански новинари ќе се одржи во петок на 31 август во Струга.

Право на учество имаат сите заинтересирани граѓанки и граѓани од општините Струга, Охрид, Ресен, Дебарца, Другово, Дебар и Центар Жупа. Заинтересираните за претстојниот семинар на ЦИВИЛ имаат неповторлива и уникатна шанса да се стекнат со потребните вештини за мониторинг на претстојниот референдум, преку програма што е збогатена со нови и уникатни елементи.

Tags: Зоран ЗаевМНРНАТОНикола Димитровпатни трошоципратенициСобрание на Република МакедонијаЦивил
Share16TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ