• Latest

Одлука од Ријад: Охридскиот регион останува на листата на светско наследство на УНЕСКО

September 16, 2023

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Одлука од Ријад: Охридскиот регион останува на листата на светско наследство на УНЕСКО

September 16, 2023 12:55
in ВЕСТИ, КУЛТУРА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Охридскиот Регион, како универзална вредност, останува на листата на светско наследство на УНЕСКО, одлуката е сооштена на 45-тата сесија на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, што се одржува во Ријад, Кралство Саудиска Арабија.

Комитетот ја препозна грижата на Република Северна Македонија за богатото охридско културно наследство и одговорноста кон Охридското Езеро. Исто така, Комитетот ги уважи заедничките напори на Република Северна Македонија и Република Албанија за зачувување на престижниот статус на Охридскиот Регион како светско наследство, соопшти владината прес-служба.

На сесијата во Ријад присуствуваат министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска и министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова.

Двете министерки изразија благодарност до земјите членки на Комитетот за светско наследство, кои со донесената одлука ги валоризираат искрените заложби на Владата, како и на вклучените експерти, претставници на граѓанскиот сектор, на општините, во преземените активности за зачувување на статусот на Охридскиот Регион.

„Важноста на Охридскиот Регион е немерлива и трајна. Затоа, наша должност е да не го загрозуваме нашиот Охридски Регион, Регионот што светот го препозна и ја верификува неговата уникатност, како едно од 39-те мешовити добра во целиот свет, односно 43-те прекугранични добра“, изјави министерката Костадиновска-Стојчевска по донесената одлука.

Во обраќањето на сесијата, министерката Костадиновска-Стојчевска, нагласи дека во препораките на Комитетот за светско наследство за зачувување на статусот на Охридскиот Регион на листата на УНЕСКО обврските се точно адресирани и дека е потребно целосно внимание од сите во државата, како од централната власт, така и од локалната самоуправа, установите, граѓаните.

„Многу работи од препораките ги имаме почнато, но останува нивната целосна реализација. Треба постојано да го имаме предвид фактот дека нашето непостапување по препораките ќе биде причина за впишување на Охридскиот Регион на листата на Светско наследство во опасност“, порача министерката Костадиновска-Стојчевска.

Министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, оцени дека одлуката на Комитетот го обезбедува потребното време за натамошните значајни чекори кон заштитата, зачувувањето и одржливото управување со Охридскиот Регион.

„Работејќи заедно со Република Албанија, ние сме решени да го направиме управувањето со овој регион пример за соработка, да ги обезбедиме интегритетот и автентичноста на Охридскиот Регион и да го пренесеме на следните генерации. Заштитата на природата и на биодиверзитетот остануваат наша цел, како што е донесувањето Закон за прогласување на Студенчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV – Парк на природата и нов Закон за прогласување на Охридското Езеро за заштитено подрачје во категорија III – Споменик на природата“, соопшти министерката Шукова.

На сесијата на Комитетот на УНЕСКО министерките посочија дека експертски тимови од Северна Македонија и Албанија изготвија Стратегиски план за рехабилитација на природното и културното наследство на Охридскиот Регион со Акциски план, што е значаен чекор во детектирањето и справувањето со факторите коишто имаат негативно влијание врз вредностите на регионот. Тоа е и позитивно оценето од страна на Комитетот за светско наследство и е нотирано во одлуката од сесијата на Комитетот во Ријад.

Tags: Бисера Костадиновска СтојчевскаКаја ШуковаодлукаОхридски регионРијадсветско наследствоУНЕСКО
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ