Најмалку три милиони во светот немаат државјанство, што ги лишува од идентитет, права и, во многу случаи, поради тоа не можат да се вработат, соопшти денеска Канцеларијата на Високиот комесеријат на Обединетите нации за бегалци.
Муслиманските Рохинџи, во мнозинско будистичката земја Мјанмар, се најбројното малциство чии припадници се без државјанство.
Други групи се Ромите во Македонија, сириските Курди, заедницата Карана во Мадагаскар и Пемба во Кенија.
Во Извештајот на организацијата се упатува повик до владите во светот да го решат тој проблем до 2024 година
[divide]
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.