• Latest

Османи бил во увид, а не во инспекција, ќе си ја плати казната за зборување на мобилен во возило

September 18, 2019
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
Скриншот од видео на CNBC-TV18

Првичните трендови на клучните индиски државни избори покажуваат водство на алијансата на премиерот Моди 

November 14, 2025
Фото: Државна служба за вонредни ситуации на Украина/Телеграм

„Злобен напад“ – 4 убиени, десетици повредени во Киjив во масивен руски ракетен напад

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи бил во увид, а не во инспекција, ќе си ја плати казната за зборување на мобилен во возило

September 18, 2019 14:18
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот Бујар Османи денеска изјави дека во саботата бил во јавен увид за употреба на Законот за употреба на јазиците и оти не се работи за инспекција. Исто така, рече дека ќе ја плати казната што му била изречена од МВР за зборување на мобилен телефон додека вози, посочувајќи дека тој би можел да ги предводи двете кампањи – првата, за употреба на албанскиот јазик и втората, за почитување на забраната за зборување на мобилен телефон додека се управува моторно возило.

-Не се работи за инспекција бидејќи инспекција прават службите со записници и казни. Ова беше јавен увид за имплементација на закон во којшто сум учествувал и на кој работам за да се имплементира и такви јавни увиди прават политичарите, градоначалниците, министрите секој ден за реализација на проекти на градење на патишта… Тоа е најнормална процедура. Ги охрабрувам министрите повеќе да излегуваат од канцелариите бидејќи само на терен ќе ги добијат вистинските информации за тоа што го работат, рече Османи.

Вториот аспект, според него, е дека членот 21 од Законот за јазиците предвидува дека Владата ќе преземе мерки за промоција на имплементацијата на Законот.

– Сметам дека моето саботно возење беше најевтината форма за промоција на имплементација на јазикот и тоа делумно дава резултати бидејќи еве денеска читав по портали дека таа и таа табла е веќе сменета и е согласно Законот, изјави Османи.

Вицепремиерот додаде дека на секоја седница на Влада како предточка поставува прашања или укажувал за Законот за јазиците.

Османи запрашан дали на 11 октомври или 19 октомври кога е ослободувањето на Тетово ќе направи јавен увид во овој град дали се поставени државните знамиња, рече дека со задоволство би направил јавен увид за кое било прашање кое што е поврзано во врска со законите. Државно знаме има

-Немајте дилема дека ќе бидам најголемиот промотор на употребата на албанскиот јазик и на македонскиот јазик, рече вицепремиерот додавајќи дека увидел оти во СЕП немало лектор по македонски јазик и оти се работи на негово ангажирање.

Османи не знае дали е казнет од МВР за зборување на мобилен телефон додека вози, но изрази задоволство од, како што кажа, брзата реакција и недискриминација по основ на позиција од страна на сообраќајната полиција.

– Тие се експертите, бидејќи е високо експониран овој случај можеме да го користиме како кампања за почитување на сообраќајните правила. Еве јас со задоволство ќе се вклучам и во оваа кампања. И се разбира би платил секаква казна што ја пишале институциите иако јасно се гледа во видеото дека возилото е застанато во целиот период додека трае разговорот,  рече Османи.

Реакцијата на овој негов потег, според него, во еден момент била хистерична и разочарувачка во сегментот на меѓуетничките односи, бидејќи тие, како што тврди, кај нас се само заспани и укажува дека е потребен некаков тригер.

-Начинот на оваа реакција укажува дека ние уште треба да работиме на меѓуетничките односи во државата и јас се разбира ќе бидам дел од таа кампања за да ги смирам сите коишто сметаат дека албанскиот јазик е закана, рече Османи.

извор: МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ