• Latest

Партиски аџилак за одбрана на злото

March 17, 2016

(ВИДЕО) Мицкоски против Мицкоски: Од „не сум задоволен“ до „опозицијата и медиумите ја искривуваат вистината“

October 5, 2026
Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: ФБ / Х. Мицкоски)

Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Борба за власт и тест за демократијата – со кои ризици се соочува предизборна Србија

October 5, 2026
Град што се обновува и живее (илустрација генерирана со вештачка интелигенција, ChatGPT/OpenAI)

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

Изборите во БиХ ја потврдија поларизацијата: Додик останува фактор на нестабилност, европскиот пат неизвесен

October 5, 2026
Проф. д-р Александар Иванов

Како националниот идентитет стана штит за академската просечност

October 5, 2026

Студентите во новата академска година: Многу очекувања и проблеми, малку одговори

October 5, 2026
Урсула фон дер Лејен, Албанија, турнеја низ Западен Балкан, 1 октомври 2026 (фото: EU debates - eudebates.tv)

По турнејата на Фон дер Лајен низ Западен Балкан: Кој забрзува, а кој стои во место?

October 5, 2026
Кијив, окт. 2026

Деноноќен руски терор врз цивилите во Украина: Погодени мостови и домови, има загинати и повредени

October 4, 2026

Србија на раскрсница: Кога лидерот станува систем, а изборите борба за спас

October 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Партиски аџилак за одбрана на злото

March 17, 2016 07:00
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

– Зошто сте тука?
– За да го одбранам Уставниот суд.

Shkruan: Xhabir Derala
Пишува: Џабир Дерала

Луѓе, изгазени од партиската чизма, зашеметени од сталинистички дизајнираната агитпроп машинерија, обиколени со невидливата бодликава жица на постојаната закана и присила, стојат со сендвичот в рака. Велат, ќе го бранат Уставниот суд. Од кого? Од оние, слободољубивите, што рекоа дека ќе го бранат Уставот токму оние што го кршат и со тоа ги храбрат криминалците да продолжат со измамништвото, кражбите, насилството и тешкиот криминал. Кога ќе ги наброите сите криминали за кои слушаме од извештаите на Специјалното јавно обвинителство, нема друг збор што сето тоа ќе го замени освен – зло.
Слушам, им кажале дека илјадниците слободољубиви луѓе се, всушност, мрачни сили, соросоиди и предавници, кои се збрале да го запалат Уставниот суд. Да, тоа е онаа институција во која неколку партиски војничиња облечени во одори на уставни судии, во доволен број за да имаат мнозинство, сакаат да ги помилуваат криминалците што крадат избори. Нив дошле да ги бранат, не Уставот и Уставниот суд. Многумина од нив не знаат точно за што се работи, важно им е само да ја испочитуваат партиската наредба. Кој од страв, кој со вграден чип во главата.
Тргнаа на уште еден партиски аџилак за одбрана на злото.
Вчера во моето електронско сандаче ми стасаа повеќе кратки исповеди на луѓе што сакаа да си олеснат и споделат со мене дека морале да дојдат. И ми раскажуваа за тоа како оди целата работа. И повторно, истите приказни за СМС пораки, мејлови, партиски војници кои држат состаноци среде работно време, додека сите останати чекаат во редови за администрацијата да заврши со партиските задачи. Тие што не стасале да ја завршат мобилизацијата во текот на работното време, немаат никаков проблем да свикаат партиски состаноци дури и на полноќ, како што слушам дека се случува во Кичево. Без почит за приватност, семејство, потреба човек да се одмори од напорниот ден. Како да е војна.
Ги чекале автобуси и комбиња пред зградите во кои работат, па правец – Скопје. Велес, Кичево, Охрид, Прилеп, Куманово, Битола… Инспектори во УЈП, вработени во одбрана, во комунални претпријатија, во електростопанство, РЕК Осломеј…
И администрацијата, и јавните претпријатија, и приватните компании…
Сите мораат да платат данок во месо и коски, да изрентаат живи човечки тела за да застанат како штит во одбрана на беззаконието и хаосот. Недостоинствено, со очи избелени од медиумската хипноза, во строј, оградени од планини од мускули, кротко ги грицкаат своите партиски сендвичи и чекаат наредби.
Се надевам дека еден ден, кој и да е на власт, ќе кажат НЕ за партискиот аџилак од која било боја. Ќе кажат НЕ за кој било што ќе им чепка по главите и ќе им го меле умот.
Треба некој да им каже дека може и поинаку. Не оти не знаат, но мора да ги потсетиме и да ги охрабриме – да кажат НЕ.
Треба некој да им каже на овие партиски аџии на злото дека им слугуваат на престапници што токму од нив украле повеќе отколку од другите и ги претвориле во карикатури. Коленичат и го трампаат достоинството за работа или евтино ветување. Сето тоа за мизерна надница. Платена од сите нас и дополнета со кредити. И тоа е само еден мал дел од тоа што е украдено и што ќе треба да го враќаме со поколенија.
За мизеријата и студот всадени во душите на децата, за понизноста и глупоста – нема цена.
„Од кај па тоа плаќаат повеќе од нас? Што туку ги жалиш и правдаш?!“ – ми велат многумина кога се обидувам да побарам разбирање за сите – „Имаат плата, имаат сини картони, добиваат разни бенефиции!“
Драги мои, достоинството нема цена. И кога тоа ќе се изгуби, нема плата што може тоа да го надомести. Затоа, жал ми е за сите сведнати глави, без оглед на тоа дали се наполнети со слама или со страв. Жал ми е за сите што ги мразат слободољубивите борци за човекови права, бидејќи не знаат што прават.
Жал ми е кога ги читам нивните коментари по социјалните мрежи. Луѓе со семејства, пробелени коси, пишуваат гадости и вулгарности од кои нивните поколенија ќе се срамат. Зошто? Затоа што штабот така им наредил. Или, што е уште полошо, затоа што сакаат да го одушеват штабот. Добро, морам да признаам дека често сум и згаден. Но, најмногу од сѐ, ги жалам.
Се разбира, моето трпение не е безгранично. Немам намера да покажам разбирање за оние што служат како лајтнанти и мегафони, за оние што своите позиции во медиумите и академските институции ги злоупотребија до гротеска. Не, за нив немам ни трошка разбирање, бидејќи ги наполнија своите џебови и живеат како мали богови, врз грбот на сите нас. Подеднакво се одговорни за грабежот на парите и достоинството, за укинувањето на зборот слобода. Тие се соучесници, мизерни креатури на режим кој се изгубил во својата раскалашна и дива гозба.
За нив имам само урагани од факти за тажниот живот што го водиме, за младоста потрошена во стрес, неизвесност и страв.
А за аџиите, оние, малите, стуткани партиски аџии по автобусите и комбињата, кои итаат во одбрана на злото, имам една кратка порака: Симнете ги прангите и вратете си го достоинството!

Објавено на Плусинфо и печатеното издание на „Слободен печат“ на 17 март 2016.
Tags: властдемократијадиктатураизборикриминалМанипулацијаСЈОУЈПЦивилЏабир Дерала
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ