• Latest
Фото: Министерство за одбрана

Петровска, Столтенберг и Агелер со иста порака од Одбранбениот форум 2023: Заедно посилни, обединети околу исти вредности за гаранција на евроатлантската безбедност и стабилност

April 7, 2023

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (7): Затвореници пуштени на викенд не можеле да го остварат правото на гласање поради отсуство во Избирачкиот список

November 12, 2025

Српските студенти ја прекинаа блокадата на Јавниот радиодифузен сервис откако ја освоија концесијата

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (6): Над 20 починати лица фигурираат на Избирачкиот список на едно избирачко место

November 12, 2025
Israeli settlers set fire on a Palestinian warehouse
Source: Screenshot Al-Jazeera

Израелски доселеници запалија палестински магацин и земјиште додека нападите на Западниот Брег се зголемуваат

November 12, 2025
Креирано со помош на ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (5): Општа караница на ИМ помеѓу партиските набљудувачи и ИО, за тоа кој пријавил наводен инцидент

November 12, 2025
Фптп: Скриншот од видео на ВВС

Трамп напиша писмо во кое бара од израелскиот претседател да го помилува Нетанјаху во судењето за корупција

November 12, 2025
Фото: веб страна на украинскиот претседател

Зеленски бара разрешување на министрите за правда и енергетика на Украина

November 12, 2025
Илустрација ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (4): Недостапни избирачки места – правото на глас заглавено на втор кат

November 12, 2025
Фотографија: UNOPS South East Europe - Platform X

Конференција Western Balkans 2030: Потребни се десетици милијарди евра за да се прилагоди регионот на климатските промени

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (3): ИО не дозволил да гласа граѓанин кој го имало при проверка со фингрпринт, но го немало во Избирачкиот список, иако во првиот круг му дозволиле

November 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Петровска, Столтенберг и Агелер со иста порака од Одбранбениот форум 2023: Заедно посилни, обединети околу исти вредности за гаранција на евроатлантската безбедност и стабилност

April 7, 2023 14:06
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, ИЗЈАВИ
Фото: Министерство за одбрана

Фото: Министерство за одбрана

Share on FacebookShare on Twitter

Симбиозата помеѓу одбраната и Армијата, од една и академската заедница и невладиниот сектор од друга страна, геополитичката реалност и важноста на членството во НАТО и развојот на одбраната и Армијата беа темите на кои говореше министерката за одбрана Славјанка Петровска на денешниот прв Одбранбен форум, организиран од Министерството за одбрана. На форумот свое воведно обраќање имаше и амбасадорката на САД, Анџела Агелер, а преку видео-конференциска врска се обрати и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Министерката посочи дека овој Форум, како круна на одбележувањето на годишнината од членството во Алијансата и Денот на НАТО, има за цел да го интензивира дијалогот со сите општествени чинители зашто развојот на одбраната побарува мултисекторски пристап.

„Она кон што целиме е целосна симбиоза помеѓу одбраната и Армијата, од една страна, и академскиот и невладиниот сектор, од друга зашто ние сме меѓузависни и речиси секојдневно мораме да соработуваме, да се координираме и заеднички да наоѓаме решенија на сите предизвици“, потенцираше министерката. Додаде дека Министерството е посветено на реформата и зајакнување на нашиот одбранбен систем, вклучувајќи ја сржта на она што се нарекува одбрана – нашата цивилна структура, кризниот менаџмент, заштитата на критичната инфраструктура, зајакнување на демократската и цивилна контрола над секторот за воено разузнавање и други.

Во однос на новите безбедносни предзивици и ставот на Северна Македонија, Петровска посочи дека нашата земја недвосмислено стои зад вредностите на НАТО и современиот свет и дека тоа беше покажано со јасно изразениот став на осуда на нападот над суверенитетот и интегритетот на Украина и нејзиното право на слобода, со брзата но темелно обмислена реакција на нивните барања за помош да се одбранат од овој напад, со нашето внимание тоа во никој случај да не влијае на борбената способност на Армијата.

Министерката Петровска истакна дека важна дискусија е и онаа за улогата на цивилното општество и градењето на отпорност, како начин за справување со хибридните закани, вклучувајќи ги и дезинформациите, капацитет, за кој рече дека е во фаза на интензивен развој во Министерството.

„Министерството предводи во развојот на овие капацитети. Развиваме систем за справување со дезинформации кој, меѓу другото, се темели и на соработката со цивилниот сектор кој е агилен и брзо прилагодлив – два елементи кои се исклучително важни за ефикасно справување со оваа негативна појава која има огромен деструктивен потенцијал. Дезинформациите и сајбер нападите целат директно во суштината на опшството – во демократските процеси, довербата на граѓаните во институциите и демократски избраните влади, во функционалноста на системот“, рече министерката.

Во однос на придобивките од членството во НАТО, Петровска порача дека нашата земја е кредибилен сојузник со рамноправен придонес во Алијансата составена од 31 демократска земја со исти вредности.

„Ние сме составен дел од НАТО и од нас како и од сите останати земји членки зависи колку НАТО ќе одговори на својата задача да биде заштитник на заедничките цивилизациски вредности, слободата, правдата и демократијата“, истакна Петровска.

Американската амбасадорка Агелер на отворањето рече дека улогата на Алиајнсата во гарантирањето на евроатлантската безбедност никогаш не била поголема и дека секој граѓанин на Северна Македонија треба да биде многу горд на придонесот кон унапредувањето на регионалната и глобалната стабилност.

„Со речиси 200 трупи во мисии на НАТО, ЕУ и ООН вие ја демострирате вашата посветеност на нашите заеднички вредности и САД се горди да бидат заедно со вас во многу операции. НАТО секогаш бил сила за стабилност и безбедност која докажа својата способност за брз одговор на кризи“, рече амбасадорката Агелер посочувајќи на примерот со поддршката од сојузниците по разорните земјотреси во Турција.

Генералниот секретар на НАТО, Столтенберг во своето видео обраќање пред присутните истакна дека Северна Македонија активно придонесува кон колективната безбедност, има место и рамноправен глас на масата на НАТО и ја ужива целосната заштита на Алијансата.

„Денес, Северна Македонија има место на масата на НАТО, рамноправен глас во нашите дискусии и ја ужива целосната заштита на НАТО Алијансата. Неодамна, Северна Македонија се соочи со намерни и континуирани хибридни напади, вклучувајќи закани со бомби и сајбер напади. Но, вие не бевте сами. Експерти на НАТО отидоа во Скопје за да споделат информации и да обезбедат техничка поддршка. Ова е конкретен пример за придобивките од НАТО. Членството, исто така, помага да и се даде на Северна Македонија Стабилност што е основа на економскиот раст и помага да се шири безбедноста во Западен Балкан. Северна Македонија, исто така, ја зголемува безбедноста на нашата Алијанса, придонесувајќи со војници во нашите борбени групи во Бугарија, Латвија и Романија и ги поддржува нашите мисии во Косово и Ирак. Ние сме семејство на демократии посветени да се бранат едни со други. Сите за еден и еден за сите“, рече генералниот секретар на НАТО, Столтенберг во своето видео обраќање.

На Одбранбениот форум има над 250 присутни, а со свое обраќање во петте панели имаат претставници од Северна Македонија, СР Германија, Белгија, Словачка, Бугарија, Хрватска, Босна и Херцеговина и други земји.

М. Д.

Tags: Анџела АгелербезбедностЕУЈенс СтолтенбергНАТОодбрамбен форумСлавјанка Петровска
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ