• Latest

Поразителни податоци: Граѓаните не им веруваат на судството и на полицијата!

September 12, 2017

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Поразителни податоци: Граѓаните не им веруваат на судството и на полицијата!

September 12, 2017 13:45
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Според податоците од новото истражување на јавното мислење на „Еуробарометар“, македонските граѓани имаат мала доверба во судството (23 отсто), во полицијата (34 отсто, најнискиот процент на доверба во полицијата од сите 28 земји-членки на ЕУ, како и во петте земји-кандидатки за членство, опфатени во истражувањето), но и во јавната администрација, во Владата и во парламентот и во политичките партии… Повеќе од 50 отсто анкетирани граѓани имаат доверба само во Армијата (51 отсто) и во Европската унија (53 отсто)!

Според агенцијата МЕТА, истражувањето е спроведено во мај 2017, пред формирањето на новата Влада, а објавено е минатиот месец. Анкетите се спроведуваат во 28 земји-членки на ЕУ, како и во петте земји кандидатки за членство – Македонија, Србија, Албанија, Црна Гора и Турција.

Резултатите на истражувањето покажуваат дека доверба во полицијата имаат само 34 отсто од македонските граѓани, а 61 отсто немаат доверба, што е најнискиот процент на доверба во полицијата од сите земји опфатени во истражувањето!

Според „Еуробарометар“, уште полоша е ситуацијата во судството, во кое само 23 отсто од македонските граѓани имаат, а дури 70 отсто немаат доверба! Ако е за „утеха“, слични проценти на доверба, односно недоверба во правосудните системи на своите земји, имаат и Бугарија и Словенија.

Но, во Македонија, на јавната администрација ѝ веруваат само 30 отсто од граѓаните на Македонија, а 62 отсто не ѝ веруваат.

Само 15 отсто од граѓаните на земјава, им веруваат на политичките партии, а дури 76 отсто немаат доверба во нив!

Доверба во Владата и во парламентот, имаат 23 отсто од испитаниците, а не им веруваат – 64 отсто!

„Еуробарометар“ е сервис за истражувањето на јавното мислење за потребите на Европската комисија, основан во 1973 година.

Извор: МЕТА

[divide]

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: АрмијавлададовербаЕУЕуробарометарјавна амдинистрацијаполитички партииполицијаСобраниесудство
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ