• Latest

Последиците од глобалното затоплување веќе не се приказни од иднината

June 27, 2018

Кога ВИ-агентот ја бара заобиколната врата: Што навистина откриваат инцидентите на OpenAI

September 26, 2026

Нема добар ПР за лоша политика

September 26, 2026
Олександар Левченко

Руската флота во сенка ги заобиколува санкциите преку Ламанш

September 26, 2026
Фадил Пушколи (фото извор: ФБ профил)

Случајот Пушколи: МВР соопшти дека ИНТЕРПОЛ не бил вклучен, причината за полициското постапување останува необјавена

September 26, 2026
UR-82072, the most likely An-124 involved in the drone target (By André Gerwing, CC BY-SA 4.0)

ИЗВЕШТАЈ ОД СИВИТЕ ЗОНИ: Европа и Балканот, мета на засилените руски операции под прагот на војна

September 25, 2026
Кијив, 25 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Во Кијив загина 14-годишно момче, погодена клиника во Запорижја, Зеленски во ОН го нарече Путин „нулти пациент“ на војната

September 25, 2026

Граѓански форум: Ние прашуваме, тие (не) одговараат – која е вашата порака до политичарите?

September 25, 2026
Скопје

Скопје меѓу ноќните „спектакли“ и сметот: Како изгледа градот кога камерите ќе стивнат

September 24, 2026
Кијив, 24 септември 2026 (фото: ДСНС)

Додека светските лидери во ОН бараат прекин на огнот, рускиот агресор одговори со нов бран на терор врз Украина

September 24, 2026
Доналд Трамп, ОН, 22 септември 2026 (скриншот, видео пренос на ОН)

Трамп во ОН со груб речник и доктрината „Америка пред сè“: Воена сила, затворени граници и отфрлање на глобалните правила

September 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Последиците од глобалното затоплување веќе не се приказни од иднината

June 27, 2018 13:23
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Глобалното затоплување предизвикува климатски промени, односно постепено затоплување на целата наша планета. Сетоа тоа предизвикува промена на распоредот на дождовите, намалена снежна покривка на северната полутопка, промена на нивото на морињата и океаните и силни влијанија врз луѓето и животните на Земјата.

Кога се зборува за климатски промени, најчесто се мисли на глобалното затоплување предизвикано од ефектот на стаклена градина. Стаклените ѕидови на градината ја пропуштаат топлината, но не дозволуваат таа да излезе, и внатре станува многу топло и растенијата можат да растат дури и на места каде што обично е престудено за нив.

Постои научен консензус дека постојат климатски промени и дека активностите на човекот се основниот управувач. Прогнозите за идните климатски промени на регионално ниво, не се толку веродостојни како оние направени на глобално ниво. Меѓутоа, се очекува дека идното затоплување ќе се одвива според онаа претходно прикажана географска шема, со најголемо затоплување над земјата и на високите северни геогрфски ширини, а најмало над Јужниот Океан и делови од северниот Атлантски Океан. Многу е веројатно дека речиси сите копнени површини ќе се загреат повеќе од глобалниот просек. Арктикот, Африка, мали острови и азиските огромни делти, се региони кои најверојатно ќе бидат особено погодени од климатските промени.

Извештајот објавен во Nature, претстави резултати кои се поразители за планетата, и покажуваат дека во изминативе 25 години, Антарктикот изгубил 3 трилиони тони мраз.

Повеќето од оваа голема количина исчезнала во најранливиот регион на ледената прекривка на Западниот Антарктик, и досега придонел за покачување на нивото на океаните за 6 милиметри, но на долги патеки губитокот на мраз во овој регион може да го зголеми нивото на светските мориња и океани за зашеметувачки 3 метри во наредните векови.

Со промените од глобалното затоплување никој не е поштеден, па така, во Словенија, Кредарица, врвот на Јулиските Алпи, пред два дена падна снег, иако календарски се одбележува почетокот на летото.

Локалните медиуми од Словенија, изјавија дека во текот на ноќта се создала снежна покривка од околу пет сантиметри, но очекуваат стабилизирање на времето. Ова не е прв случај во Словенија, за време на пролетните и летните месеци да се изненадат со снег.

И остатокот од Балканот исто така не е поштеден од нагли временски промени. Дожд, силен ветер и поплави ја зафатија Грција, каде што потопени се улиците и плажите во повеќе летувалишта.

Поплави имаше и во главниот град на Србија, Белград, каде врнеше пороен дожд, проследен со грмотевици и некои улици беа целосно под вода, а некои делови на Белград беа зафатени и од град.

Спротивно на Балканот, Велика Британија ја зафати топлотен бран, каде се регистрирани невообичаено високи температури на воздухот, а во северна Англија регистрирани се и пожари.

Највисока температира во Велика Британија во јуни месец е 35,6 степени и е измерена во пристаништето Саутемптон во 1976 година.

Секој од нас може да придонесе до забавување на процесот на глобалното затоплување и загадување на планетата Земја. Во просек човек фрла 2 килограми ѓубре дневно, а истото останува во депониите 30 години. Еден автобус штети на околината колку 40 автомобили. Едно семејство на годишно ниво фрла просечно 44 килограми пластика, рециклираната хартија заштедува 64% повеќе енергија отколку новопроизведената, а 1 тон рециклирана хартија може да спаси 17 дрвја.

Доколку фрламе отпадоци надвор, во нашата околина да имаме предвид дека на пластиката и се потребни 500 години за разградување, на алуминиумските конзерви исто 500 години, а на органските материјали, памукот и хартијата им се потребни 6 месеци.

А. Петровска 

 

Tags: АрктикВелика Британијаглобално затоплувањеГрцијадождѓубреекологијаклиматски променипластикапоплавиСеверен полСловенијаснегСрбија
Share1TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ