Заклучокот што го усвои Советот на град Скопје звучи навистина важно, силно, моќно. Но во суштина се работи за процедурален, симболичен и необврзувачки заклучок. Нема ништо да се случи. Како што не се случи ништо ни со веќе не знам колку слични иницијативи, па и разни одлуки за справување со големите загадувачи во Скопје, што ги наследивме од поранешната социјалистичка Федерација. Освен што се приватизираа и од општествена сопственост тие прејдоа во приватни раце, големите фабрики и (уште поголеми) загадувачи останаа таму каде што „големите“ стратези од социјалистичкото минато ги насадија. Океј, некои од нив целосно пропаднаа, а остатоците од нив беа исчистени, нешто и изгоре (Треска), а на нивно место изникнаа зградите на приватните градежни инвеститори, кои нагалено си ги викаме урбана мафија.
Џабир Дерала, во колумната „Историска одлука без одлука“: Како Советот на Скопје реши да не реши ништо, 26 ноември 2025.
„Историска“ одлука без одлука: Како Советот на Скопје реши да не реши ништо
















































