• Latest

Пресудата за Младиќ е јасна опомена за Асад, неговиот „брат по зло“

December 23, 2017
Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, 9 април 2026 (скриншот од „Само интервју“ на ТВ Канал 5)

Што знае Николоски: Кога самоувереноста открива повеќе отколку што треба

April 13, 2026
Secretary of War Pete Hegseth and Chairman of the Joint Chiefs of Staff U.S. Air Force Gen. Dan Caine conduct a press briefing on Operation Epic Fury at the Pentagon, Washington, D.C., March 31, 2026. (DoW photo by U.S. Navy Petty Officer 1st Class Alexander Kubitza)

„Бог ја заслужува сета слава“ — Не, г. Хегсет. Не ја заслужува.

April 13, 2026

Европските демократи: Орбан ги загуби изборите – Трамп и Путин губат една марионета во Европската Унија

April 12, 2026

Орбан падна. Кој е следен?

April 12, 2026

(ВИДЕО) Унгарија го слави крајот на Орбан

April 12, 2026

🔴 ОРБАН ПАДНА: КРАЈ НА ЕДНА ЕРА

April 12, 2026

95 наспроти 11: Драматичен пресврт во Унгарија – ТИСА доминира во изборните единици

April 12, 2026

Први резултати од пребројувањето во Унгарија: ТИСА води, но трката останува неизвесна

April 12, 2026

Рекордна излезност и поделени прогнози – неизвесна трка во Унгарија

April 12, 2026

Затворени гласачките места во Унгарија: Почнува пребројувањето во неизвесна и историска изборна трка

April 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    Европските демократи: Орбан ги загуби изборите – Трамп и Путин губат една марионета во Европската Унија

    (ВИДЕО) Унгарија го слави крајот на Орбан

    🔴 ОРБАН ПАДНА: КРАЈ НА ЕДНА ЕРА

    95 наспроти 11: Драматичен пресврт во Унгарија – ТИСА доминира во изборните единици

    Први резултати од пребројувањето во Унгарија: ТИСА води, но трката останува неизвесна

    Рекордна излезност и поделени прогнози – неизвесна трка во Унгарија

    Затворени гласачките места во Унгарија: Почнува пребројувањето во неизвесна и историска изборна трка

    Словенија по изборите: Политички пазари, хибридни закани и рекордна енергетска криза

    Унгарија пред затворање на гласачките места: Рекордна излезност и неизвесна трка

    Велика Британија обучувала воени кадри од 14 држави од сопствената листа на ризични по човековите права

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
    Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, 9 април 2026 (скриншот од „Само интервју“ на ТВ Канал 5)

    Што знае Николоски: Кога самоувереноста открива повеќе отколку што треба

    Орбан падна. Кој е следен?

    ЧУВАРИТЕ НА ОРБАНОВАТА ФОТЕЛЈА (3): Ги испука ли Фидес сите куршуми?

    Фото; Скриншот од АП видео

    Политика, бизнис и ПР: Што стои зад посетата на Трамп Помладиот во Бања Лука

    Џелал Хоџиќ

    Како шесте месеци на ВЛЕН станаа децении и генерации на Мицкоски

    Ромите не се проблем – проблем е системот што дискриминира

    Држава на условни права: Што се случува кога институциите ги газат сопствените договори?

    Илустрација: ВИ

    Правна битка во Брисел за македонските евроинтеграции – дали бугарскиот протокол е дел од ЕУ правото?

    Наследена болка: Кога децата маршираат за истите права како нивните родители

    Охридскиот рамковен договор не е компромис – туку темел

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

    Демократијата не се брани сама од себе: Што нè научи 2025 година

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ
    Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, 9 април 2026 (скриншот од „Само интервју“ на ТВ Канал 5)

    Што знае Николоски: Кога самоувереноста открива повеќе отколку што треба

    Secretary of War Pete Hegseth and Chairman of the Joint Chiefs of Staff U.S. Air Force Gen. Dan Caine conduct a press briefing on Operation Epic Fury at the Pentagon, Washington, D.C., March 31, 2026. (DoW photo by U.S. Navy Petty Officer 1st Class Alexander Kubitza)

    „Бог ја заслужува сета слава“ — Не, г. Хегсет. Не ја заслужува.

    Орбан падна. Кој е следен?

    ЧУВАРИТЕ НА ОРБАНОВАТА ФОТЕЛЈА (3): Ги испука ли Фидес сите куршуми?

    Крајот на „среќната глобализација“

    Кога никој не е виновен: Распрсната одговорност и ризиците во екосистемот на вештачката интелигенција

    Долгогодишно пријателство: Орбан и Путин (RIA Novosti / CC-BY-SA 3.0)

    ИЗРАЕЛСКИТЕ ЧУВАРИ НА ОРБАНОВАТА ФОТЕЛЈА (2): Најновиот непријател беше избран во 2024 – Украина

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home РЕГИОН

Пресудата за Младиќ е јасна опомена за Асад, неговиот „брат по зло“

December 23, 2017 12:44
in РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Индекс – Загреб

Долги, предолги 22 години по геноцидот во Сребреница и 25-26 години по почетокот на четиригодишната опсада на Сараево, отворањето на првите концентрациони логори на европско тло по Втората светска војна (Мањача, Трнопоље и Кератерм се најголемите меѓу нив) и масакрите во Шкабрње, Фоча, Приједор, Сански Мост и други хрватски и босански места, правдата барем делумно е задоволена.

Најодговорниот воен командант за овие воени злосторства и злосторства против човештвото „генерал“ Ратко Младиќ, попознат како „каспот на Босна“, е осуден од Меѓународниот кривичен суд до крајот на својот нечесен и беден живот да остане зад решетки. Младиќ сигурно не се надеваше на таква судбина кога во со крв натопените и безумни деведесети години се перчеше по Хрватска и Босна и Херцеговина, се фалеше како „секогаш кога ќе дојде во Сараево, убива некого“ и прозивките за воени злосторства го отфрлаше со цинична досетка дека „може да му суди само сопствениот народ“.

Антитероризмот како последно засолниште на воените злосторници

Младиќ, слично како и неговите политички ортаци во злосторствоѕо, тогашниот претседател на Република Српска, Радован Караџиќ, претседателот на Србија, Слободан Милошевиќ и претседателот на таканаречената Република Српска Краина, Миле Мартиќ, се правдаше дека само „го бранел својот народ“, како да тоа може да биде оправдување за стотина илјади убиени Хрвати, Бошњаци и косовски Албанци, милиони бегалци кои останаа без своите домови на сите страни и цела изгубена генерација на овој несреќен ридест Балкан, од кој и дваесет години по војната младите бегаат без да се свртат назад.

Ако патриотизмот, според познатиот афоризам, е последното засолниште на измамниците (што не значи дека сите патриоти се измамници) синтагмата за одбрана на сопствениот народ од внатрешните и надворешните непријатели е последно засолниште на сите воени злосторства, старо колку и самата војна.

Но, во денешно време на т.н. војна против тероризмот, ова патетично оправдување на крвниците и деспотите доби нова варијанта – од Владимир Путин во Чеченија, покојниот Моамер Гадафи во Либија, Башар ал Асад во Сирија, до режимот под номиналната власт на нобеловката Аунг Сан Су Кји во Мјанмар, варварските воени злосторства против сопствените граѓани се правдаат со борбата против терористите. Притоа, тој  термин се употребува на целосно арбитрарен начин и ги вклучува сите од џихадистите на Исламската држава до цивилни демонстранти и активисти или на секој кој ќе се најде во вкрстен оган на судир.

А ако мислите дека овие војни кои често се толкуваат како внатрешни прашања на суверени држави во кои надворешниот свет нема право да се меша, немаат врска со Младиќ, Милошевиќ или Караџиќ земете предвид дека пресудата за Младиќ ја коментираше еден негов сонародник и верен обожавател Драган Мирковиќ – Палма.

– Ратко Младиќ беше последна брана за создавање на исламска држава во Европа. Преку 10 илјади муџахедини од Блискиот Исток колеа Срби во Босна и Херцеговина и создаваа своја држава. Да не беше Ратко Младиќ и Република Српска, денеска во Европа ќе имавме Рака, Мосул и Ал Багдади, изјави Палма.

Да се потсетиме и што велеше Караџиќ по минатогодишната пресуда. – Зарем Европа после Париз и Брисел не знае против кого се боревме ние?, праша Караџиќ тврдејќи дека неговиот геноциден големосрпски проект во БиХ всушност бил благородна борба против исламистичкиот тероризам.

А иако од тоа помина повеќе од една година, не треба да се заборави дека покојниот Слобо пред да го издаде срцето поради „белосветската“ неправда во Хаг, го прозиваше Судот за „амнестија на оние кои се залагаа за сецесија, сепаратизам и тероризам“.

Слобо и Башар би се согласувале многу добро ако дозволеа околностите

Слобо и Башар Ал Асад во некои други околности, ако овој првиов не беше испратен во Хаг каде скина конци, сигурно многу добро ќе се согласуваа – и сирискиот претседател од почетокот на војната во својата земја инсистира дека се работи за заговор на вахабитски терористи и белосветски сили кои работат против него, а се поради своите геополитички интереси.

Кој знае можеби тие двајца денес би биле обединети во „антиимперијалистички“ сојуз заедно со Ким Џонг-ун, Кастро, ајатолахот Хомеини и слични перјаници на тој отпор и вљубено би се гушкале како што тоа го прават Асад и Путин.

За жал на неброени леви и десни антиимперијалисти (уште еден збор кој е испроституиран до безначајност) тоа не испаднаа така. Но, додека тие истите го слават она што го толкуваат како победа на Асад во Сирија, пресудата за Младиќ би требала да им биде опомена дека славењето е прерано.

Дури и ако занемариме дека режимот на Асад се уште не контролира значаен дел од земјата и дека неговото заземање значи повеќегодишно продолжување на војната и уште десетици или стотици илјади жртви, дури и ако го прифатиме тоа и претпоставиме таков исход – тоа се уште не е гаранција дека Асад нема да го стигне раката на правдата.

Можеби не за година или две, можеби ни за 10, но уверен сум дека тоа еднаш ќе се случи и дека и Башар и неговите подредени, исто како Слобо, Радован и Ратко ќе се чудат како одеднаш останале сами, беспомошни и оставени од сите.

Путин кој денес се гушка со Асад можеби и порано од што се надеваме, кога ситуацијата во Сирија ќе се стабилизира, ќе го жртвува како обичен пион во својата глобална шаховска партија – како компромис и залог за добра волја кон Западот. кој уште од 2011 бара Асад да си замине.

Ако злосторствата остануваат неказнети имаме анархија

Сепак, можно е тоа и да не се случи – но само во случај самиот концепт на меѓународното право да биде поништен. Ако злосторствата кои по својата тежина, број на жртви и свирепост ги засенуваат и оние на Младиќ, останат неказнети, тоа ќе биде несоборлив доказ дека на сила е ново-стар меѓународен концепт – анархија во најлошото значење на тој збор, по примитивното начело „посилниот победува“.

Тоа ќе значи дека сите меѓународни напори да се санкционираат најбруталните злосторства против човештвото – од основањето на ОН и Нирнберг до Хаг – е пропаднат проект и дека се враќаме во мрачното доба на целосно самоволие и неказнивост.

Сепак можеби токму лекцијата која Хашкиот трибунал ја испрати до другите воени злосторници барем донекаде го намали крвопролевањето во Алепо и другите „ослободени“ градови во Сирија. Доколку во времето на падот на побунетиот источен Алепо, Младиќ, Караџиќ и Милошевиќ не завршија како што завршија, можеби наместо некои 70-80, „ослободителите“ на Асад и Иран би убиле стопати повеќе, како што луѓето на Младиќ направија во Сребреница.

По целосно нехуманата четиригодишна битка која Меѓународниот комитет на Црвениот крст ја опиша како „еден од најразорните урбани конфликти во модерно време“ и во која само сириските и руските воздушни напади убиле повеќе од 11 илјади луѓе, на повеќето останати жители и бунтовнички борци од уништеното источно Алепо сепак им е поштеден животот. Режимот на Асад од случајот со Сребреница можеше да увиди дека масовното колење односно геноцид пред очите на целиот свет сепак не може да пројде неказнето и дека поради тоа навистина можат да одговараат.

Но, тоа не значи дека режимот и неговите сојузници се воздржале од други, помалку еклатантни, но ништо помалку брутални злосторства – од претворање на источно Апело и други градови во прав и пепел, преку опсада од средновековен вид по принцип „предајте се или умрете од глад“ во Мадаја и источна Гута, до напад со меѓународно забранети хемиски оружја во источна Гута во 2013 и Хан Шејкун оваа година.

Додека за нападот во источна Гута во кој беа убиени повеќе од илјада луѓе Франција, Велика Британија и САД утврдија дека зад него стои режимот на Асад, за нападот во Хан Шејкун во кој беа убиени стотина луѓе заклучокот за одговорноста на режимот дојде од самите ОН.

Исто бездушно порекнување за Сребреница и за Сирија

Пописот на воените злосторства тука не застанува. Амнести интернешанл и други меѓународни организации утврдија дека во затворите на Асад брутално се мачени и убиени до 13 илјади политички затвореници на начин кој потсетува на Аушвиц и други нацистички логори, а што ОН го опишаа како злосторство за истребување.

Воените злосторства во Сирија, и покрај циничното прогласување примирје и иницијативата на Путин да се воспостават „зони за деескалација“ непречено се одвиваат и натаму: глетки на бомбардирани училишта и болници и до смрт изгладнети деца на бунтовничка територија се уште го згрозуваат светот без никаква конкретна реакција.

Но, како и во случајот со Сребреница, сириската трагедија е пропратена со предвидливи и речиси идентични порекнувања: снимките од бомбардирања на цивили и цивилни цели се „лажирани“, сведоци, активисти и спасувачи од терен се „западни платеници и терористи“, извршителите се „херои, а не злосторници“, потресни приказни за деца кои за чудо го преживеале пеколот на војната како Омран Данкиш или Бане Ал-Абед се само „пропаганда“ и предмет за бездушно исмејување.

Истиот апологетски и трибалистички ментален склоп, истиот недостиг на основна човечност на дело е кај оние кои се исмејуваат, порекнуваат или дури ликуват над овие жртви славејќи ги нивните егзекутори, како и со оние кои тоа го правеа за Сребреница, Сараево и Вуковар.

Нема правда нема мир – е стар слоган на разни движења за општествена правда. Истото важи и за Босна и за Сирија. Се разбира дека би требало да се однесува на злосторства од сите страни – и на режим, и на ИД и на одредени бунтовници кои „се прославија“ со ликвидирање на воени заробеници и неконтролирано гранатирање на западно Алепо и Дамаск поради одмазда, па дури и во случај да се работи за кршење на военото право на воздушните сили на коалицијата предводена од САД кои Мусул и Рака, поранешни засолништа на ИД ги претворија во урнатини. Како и во војната во Босна ниту овде ниедна страна не е без крв на своите раце и ѕверства на душата.

Но, како и во Босна, тоа не значи дека злосторниците кои се претставуваат како борци против тероризмот смеат да се извлечат со такви оправдувања. За пресудата на Младиќ навистина да значи победа на правдата, нејзиниот принцип мора да се примени и на сите негови браќа по зло. Во спротивно и нам некој веќе утре може да не прогласи за терористи и да не елиминира без никаква пречка.

извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: Башар Ал АсадБиХОНРатко МладиќРусијаСиријаСлободан МилошевиќСрбијаСребреницаТрибунал
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Претседателката на Република Северна Македонија, проф. д-р Гордана Силјановска Давкова, вапца јајца (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

    Претседателката вапца јајца

    135 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Словенија по изборите: Политички пазари, хибридни закани и рекордна енергетска криза

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Политика, бизнис и ПР: Што стои зад посетата на Трамп Помладиот во Бања Лука

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Како шесте месеци на ВЛЕН станаа децении и генерации на Мицкоски

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Европските демократи: Орбан ги загуби изборите – Трамп и Путин губат една марионета во Европската Унија

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ