• Latest

Први февруари: Апсења на екс-министри и пратеници, политички договарања, одговорни административци

February 1, 2019
Лвив, Украине, 9 Мај 2025 (фото извор: Амб. на Украина)

(ИНТЕГРАЛЕН ТЕКСТ) Заедничка изјава од Состанокот на министрите за надворешни работи во Лвив за формирањето Специјален трибунал за злосторство агресија против Украина

May 9, 2025

Макрон: Путин е на страната на војната, сите што веруваа поинаку се одговорни за своите заблуди

May 9, 2025
Фото: Кабинет на претседателот

Украина ќе биде домаќин на средба на „Коалицијата на подготвените“

May 9, 2025

ЕУ ќе ја финансира украинската воена индустрија од замрзнатите руски средства

May 9, 2025
Супорт Кочани, фото Х

„Супорт Кочани“ со герила акција на плоштадот во Скопје: „Толку ли брзо нè заборавивте“

May 9, 2025

(ВИДЕО) Со „Шерман“ повторно против фашизмот – на Илон Маск

May 9, 2025

24 ЧАСА: Европа посилна од Путиновата воена пропагандна парада; „Супорт Кочани“ со герила акција на плоштадот во Скопје: „Толку ли брзо нè заборавивте“; Уште едно убиство, застрелан турски студент во кафуле во Штип

May 9, 2025

Денот на Европа – сидро на стабилноста наспроти Путиновата пропаганда

May 9, 2025

Одбрана на демократијата: Обнова на довербата во демократските институции и процеси

May 9, 2025
Никица Корубин

(Де)исламизирана албанофобија

May 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Први февруари: Апсења на екс-министри и пратеници, политички договарања, одговорни административци

February 1, 2019 15:48
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Четворица поранешни министри и заменици за земјоделие утрово се приведени во истрага поврзана со злоупотреби на земјоделска помош и издавање на државно земјоделско земјиште. Во акцијата на одделот за организиран криминал на МВР се приведени поранешните министри Ацо Спасеновски и Михаил Цветков, како и поранешниот заменик министер Кристијан Делев. Тројцата се однесени во суд на распит, а четвртиот осомничен е актуелниот пратеник Љупчо Димовски, кого полицијата сè уште го бара.

Администрацијата мора да даде сѐ од себе да наоѓа решенија за граѓаните

„Дури и да има некој формална причина, не смее да им се прават проблеми на граѓаните. Администрацијата мора да даде сѐ од себе да наоѓа решенија за граѓаните. Најлесно е да се каже не! Но, тоа мора да заврши! Не може со години да ви прави некој склекови. Кој сака нека биде! Смислата на постоењето на политичарите, државата и општините, е да бидат во служба на граѓаните, ние постоиме заради граѓаните!“, рече премиерот Зоран Заев во својот емотивен одговор на граѓанка што постави прашање поврзано со работата на катастарот, на Трибината во Охрид, „Силна економија, шанса за сите!“

Дали албанските партии ќе излезат со заеднички кандидат за претседател?

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, за вечерва свикал седница на Централното претседателство на која ќе се расправа за претседателските избори, можните кандидати, како и за понудата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, албанскиот блок да излезе со заеднички кандидат на изборите за шеф на државата.

Во ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата ќе се тркаат Ѓорчев и Петровски

Најдоцна до 5 февруари ќе се знае кој се пријавил на јавниот оглас за претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, откако вчера истече рокот за пријавување кандидатури. На 16 февруари на конвенцијата во Струга партијата ќе го избере партискиот кандидат за претстојните претседателски избори. Засега е познато во јавноста дека кандидатури поднесоа пратеникот Владимир Ѓорчев и Филип Петровски. Во јавноста како можен кандидат се споменува и името на професорката Гордана Силјановска Давкова, но од партијата засега нема потврда дека таа се пријавила на огласот кој заврши вчера.

Доколку не се реши Дрисла, следува блокада на Град Скопје

Како што ветија, од „Движењето за чист воздух“ со 15 минутен протест пред депонијата „Дрисла“ ги пренесоа своите барања за што ќе придонесат до санирање на штетите од загадувањето. На надлежните им се оставаат 15 дена за реакција, по што од движењето најавуваат блокирање на Град Скопје и тужба.

Ефектите на МТСП

Министерката Мила Царовска изјави дека најголeм дел од обврските што ги преземале МТСП ги завршило во 2018 година и дека во оваа година ќе можат да се видат ефектите од постигнатото.

„Очекувам дека некои закони ќе се донесат многу скоро. Особено што гледам дека во Собранието Законот за детска оштета, Законот за социјална заштита на стари лица, Законот за недискриминација, тој повеќе од 6 месеци, уште чекаат на донесување. Јас очекувам сите пратеници со национален консензус конечно да се согласат дека тие реформи се потребни во нашата држава“, изјави Царовска.

Разговорот со Мила Царовска е во рамки на серијата интервјуа и текстови преку кои ЦИВИЛ МЕДИА ја рекапитулира политичката и општествената реалност на годината што измина и се обидува, преку разговори со избрани експерти и јавни личности, да ги открие перспективите за 2019 година.

Пред јавноста сега е новиот серијал „Перспективи 2019“ во кој за сега може да ги погледнете ставовите на Розета Трајан, Мирјана Малеска, Мерсиха Смаиловиќ, Мирјана Најчевска, Хусеин Адеми, Марта Гусар, Фатон Алити, Сашко Попоски  , Сашо Орданоски, Арианит Џафери , Акиф Кариман , Огнен Јанески , Кочо Андоновски  , Младен Чадиковски , Марјан Ристески, Бранко Героски и Уранија Пировска.

Десет нови амбасадори земаат “виза” од Собранието

На дневен ред на  собраниската комисија за надворешна политика, денеска се одлучуваше за 10 нови амбасадори во 10 светски метрополи. Седницата се одвиваше зад затворени врати и се води завршниот разговор за конечната одлука. Игор Џундев се спрема за вонреден и полномоштен амбасадор, постојан представник на Република Македонија во меѓународните организации во Виена, Горан Стевчевски во Унгарија, Оливер Крлиу за амбасадор во Шпанија, Ненад Колев во Австрија, Абдулкадер Мемеди во Обединетите Арапски Емирати, Сузана Зеленковска во Словенија, Екрем Ебиби во Босна и Херцеговина, Рамадан Азифи во Сојузна Република Германија, Крум Ефремов во Украина и Мира Крајачиќ во Кралството Шведска.

Голем семинар за граѓанско новинарство на ЦИВИЛ

ЦИВИЛ организира голем семинар за граѓанско новинарство на 16 и 17 февруари (викенд) во хотел „Гарденија“ во Велес. Бројот е ограничен на 25 учеснички и учесници, а право на учество имаат заинтересираните од целата земја. Од почетокот на проектот „Граѓански објектив“ во 2015 година до денес, речиси илјада млади луѓе беа посетители на семинарите и работилниците за граѓанско новинарство. За разлика од повеќето семинари одржани во текот на проектот, кои беа еднодневни, на општинско или регионално ниво, овој семинар се одржува на национално ниво и ќе трае два дена.  На семинарот може да се пријават сите полнолетни граѓанки и граѓани од цела Македонија. Сè што е потребно е добра волја, желба и ентузијазам. И се разбира, да се пријават на Апликацијата за учество.

Д. Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Share39Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ