• Latest
Џабир Дерала

Прво омраза и дискредитација, а потоа повторување на истите ставови

February 3, 2022
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Прво омраза и дискредитација, а потоа повторување на истите ставови

February 3, 2022 09:14
in КОМПАС, ПРОПАГАНДА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Џабир Дерала

Џабир Дерала

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Политичарите и партиските ботови на македонската националистичка десница ја нападнаа новата министерка за одбрана Славјанка Петровска по сите основи, уште првиот ден. Нападот беше препознатлив по својата грубост и вулгарност, и на политичка и на лична основа, вклучително и на родова основа. Во првиот „поздравен“ бран на нападот немаше некоја посебна содржина, а најмалку некој облик на аргументирана критика.

Прво напаѓаат

Уште не беше поминат првиот бран на омраза со поддршка на гнасните објави на социјалните мрежи (Фејсбук и Твитер), кога темпото на омразата и дискредитацијата се засили уште повеќе. Министерката Петровска даде изјава (24 јануари, ТВ Телма) за македонските национални интереси и безбедноста во контекст на руско-украинската криза. Во изјавата, таа ја изрази поддршката на нашата држава за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина

Тогаш, нападот доби „повод и содржина“. Десничарите се нафрлија на оваа изјава, повторно без аргументи, туку со манипулирање на изјавата до непрепознатливост. Забележливо во организираната хајка против Министерката за одбрана беше крајното потценување на капацитетите на сопствената земја, а глорифицирање на руската воена моќ.

Потоа ги повторуваат истите ставови

Девет дена подоцна (2 февруари, ТВ 21), високиот партиски функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, излезе со истите ставови. Навистина, со благо релативизирање, во смисла, „треба да го следиме ставот на САД“, но сосема јасно дека Северна Македонија „треба да го поддржи територијалниот интегритет на Украина“.

Не е првпат десничарските политички ентитети, чии јавни настапи и дејствувањето на теренот се одликуваат со национализам и антизападна ориентација, да „играат“ на овој начин. Во стратешки важни моменти за државата, тие или замолкнуваат (немаат став) или „на мала врата“ ќе ја протнат својата поддршка за македонските национални интереси. Недоволно и нејасно, криво-лево, но „го коригираат курсот“.

Шемата е јасна

Се разбира, тоа „коригирање“ редовно доаѓа откако ќе ја кренат рачната кочница и ќе го истурат сиот свој гнев и несогласување претходно. Поточно, откако ќе направат што е можно поголема штета, ќе ја контаминираат јавната комуникација. И откако политички ќе профитираат на сметка на демократијата и на националните стратешки определби и интереси. Тие практично никогаш не се мета на гнев и омраза (освен кога меѓусебно се пресметуваат), без оглед на тоа колку нивните ставови се совпаѓаат со оние што претходно предизвикале бран на негативна пропаганда. Шемата е јасна и препознатлива со години наназад.

Важно е да се напомене дека ова е само еден пример и дека во прашање се неколку политички партии од кои ВМРО-ДПМНЕ е само најголемата и најбогата. Факт е дека сите тие имаат заеднички именител во национализмот и антизападната ориентација. И имаат пропаганда чие главно оружје се дезинформациите и ширењето на омраза, несигурност и страв.

Tags: говор на омразатанационализамнационални интересиРусијаУкраина
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ