Владимир Путин изјави дека верува оти цела Украина е „наша“, и предупреди дека напредувачките руски сили би можеле да го освојат северниот украински град Суми како дел од обидот да се создаде тампон зона по должината на границата, пишува Гардијан.
Украинскиот министер за надворешни работи ги осуди изјавите на рускиот претседател во како доказ за рускиот „презир“ кон мировните напори на САД и рече дека Москва е решена да заземе повеќе територија и да убие повеќе Украинци.
Путин, кога беше прашан за новите руски напредувања, на водечкиот економски форум на земјата во Санкт Петербург изјави дека ги смета Русите и Украинците за еден народ и „во таа смисла цела Украина е наша“, се наведува во Гардијан.
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, постојано ја отфрла идејата дека Русите и Украинците се еден народ. Украинскиот претседател рече дека командантите разговарале за руската акција во регионот Суми и „ние ги спречуваме и ги елиминираме овие убијци“.