• Latest

Радикалите и руските баќушки нема да успеат

July 12, 2018

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Радикалите и руските баќушки нема да успеат

July 12, 2018 13:12
in КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Ова е телеграма до македонската јавност, без заобиколувања, без стилизации, директно и искрено: Мораме да имаме кристално чист референдум, едно масовно граѓанско изјаснување за тоа дали сакаме да имаме европска иднина или да останеме во балканското крваво блато. Ова значи дека овој суштински демократски процес мора да се одвои од сите други прашања. Референдумот за името е прашање од највисок национален интерес, ги обединува сите граѓанки и граѓани, сите заедници што живеат во Македонија. Тоа е историска можност да го оставиме ФИРОМ-ското минато зад нас, сите заедно.

Пишува: Џабир Дерала

Затоа, нема ниту време ниту простор за други прашања, па ни за законот за употреба на јазиците. Прашањето на употребата на јазиците одеднаш му стана важно на ДУИ со влез во новото парламентарно мнозинство и владата, иако можеше да го реши во времето на побратимството со ВМРО-ДПМНЕ. Тоа прашање, мора да го постават вон контекст на референдумот. Албанките и Албанците во Македонија се слободни и еднакви граѓанки и граѓани, а не адут во ракавот на Ахмети. Тоа му стана јасно и на предвремените парламентарни избори во 2016 година. Така и ќе остане. Премиерот Заев треба да му го каже тоа на својот коалициски партнер, ако веќе не му го кажал.

Референдумот е гласање на граѓанки и граѓани, а не на Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци, Евреи, Хрвати, Египќани, христијани, муслимани, атеисти или други. Ова е прашање за граѓанска поддршка на јакнење на државата во која сите живеат и како индивидуи и како членови на различни заедници.

Националистите мораат да престанат со сеење на омразата и насилството, бидејќи тоа е против законот, против Уставот и против моралот. Тие мора да одговараат и пред јавноста и пред законот за своите постапки. Зачекоривме во Европа со крупни чекори, затоа неказнивоста за деструкцијата мора да престане. Нема амнестија за криминалот и насилството со умисла.

Руските агенти и оние што се на нивниот платен список можат да си заштедат пари, време, нерви и здив. Нема да им успее. Македонските граѓанки и граѓани нема да се исплашат од грст лумпен политиканти и радикали што руските шпионски структури ги поддржуваат, додека Мицкоски и Фамилијата водат оро во надеж дека ќе се извлечат. Граѓанките и граѓаните се тие што ќе ја земат иднината во свои раце.

Сите се еднакви во гласањето, а референдумското гласачкото ливче нема етничка или политичка припадност. Радикалите и безумниците ќе се обидат, но нема да успеат да се убедат дури ни себе си дека „Шиптарите го сменија името“, бидејќи тоа не е и не може да биде точно. Децениската политика на трговија со етнички адути стана минато во декември 2016 година и нема да се врати никогаш повеќе. Живееме во шарено, граѓанско, модерно, европско општество. Тоа е првиот и последниот аргумент. Радикалите и руските баќушки нема да успеат.

Кампањата за референдумот мора да биде фер, со чесно вкрстување на аргументите, со обврска на државата и нејзините институции да обезбедат услови за непречено искористување на правото на глас на сите подеднакво. Затоа, мора да почнат со работа час поскоро и да ги обезбедат сите услови за чист, чесен и достоинствен референдум, каков што заслужува една земја која се врати на лидерското место на Балканот за само една година по падот на еден криминален режим.

 

 


Објавено во печатеното издание на „Слободен печат“ на 13 јули 2018 г.  

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените не е дозволено, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

Tags: Али Ахметиетнички заеднициЗоран ЗаевМакедонијарадикалиреферендумРусијаХристијан Мицкоски
Share160TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ