• Latest

Расправата за новиот наследник на Зврлевски продолжува по 15 часот

September 6, 2017
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Расправата за новиот наследник на Зврлевски продолжува по 15 часот

September 6, 2017 14:49
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието на Република Македонија денеска ја продолжи расправата по предлогот за огласување именување јавен обвинител на Република Македонија, што е на дневен ред на 12. седница.

Пратениците од опозицијата повторно предложија да се одложи оваа точка по локалните избори и да се испочитува мислењето на Државната комисија за спречување на корупцијата според кое сите постапки за разрешување и именување носители на јавни функции се ставаат во мирување до завршување на изборите.

„Целата постапка е незаконска. Согласно Изборниот законик, до завршување на изборите не смее да се разрешува и да се вработува. Парламентарното мнозинство не го почитува мислењето на Државната комисија за спречување на корупцијата, што претставува директно кршење на законот“, рече Емилија Александрова од ВМРО-ДПМНЕ.

Ставот на СДСМ, е дека не е прекршен ниту еден закон во постапка за разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски. Од партијата ги потсетија колегите од опозицијата дека во 2013 година кога биле распишани избори на 11 јануари, веќе на 21 јануари, односно за десет дена, тогашната влада на ВМРО-ДПМНЕ го именувала Зврлевски за јавен обвинител и прашаа зошто тогаш не е реагирано за ова.

На 12. седница се ставени и неколку закони по скратена постапка, како и Предлог одлуката за утврдување на бројот на потпретседатели на Собранието.

Владејачкото мнозинство го поддржа предлогот на опозицијата на дневен ред, по скратена постапка да бидат ставени три нивни закони. Овие три закони предвидуваат минималната плата да биде 12.000, надоместок за одредена група стечајци и укинување на радиодифузната такса, предложени од владејачкото мнозинство.

Владата предложи по скратена постапка да се носат и измените на Законот за медицинските студии и континуираното стручно усовршување на докторите на медицина со којшто, како што меѓу другото кажа министерот за здравство Арбен Таравари, предвидува болниците да одлучуваат кој доктор ќе оди на доусовршување во странство, а не како досега министерот за здравство.

Претседателот на Собранието на РМ Талат Џафери поради протоколарни обврски даде пауза, а расправата по предлогот за огласување именување јавен обвинител на Република Македонија како што рече ќе продолжи попладнево по 15 часот.

Tags: ВМРО-ДПМНЕзакониЈавен Обвинителлокални изборирасправаСДСМседницаСобрание
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ