• Latest

Регионален состанок за заштита на личните податоци во пресрет на новата европска регулатива

April 23, 2018

Големи промени во врвот на оружените сили на Украина

July 22, 2026

Франција прва во ЕУ воведува забрана за социјални мрежи за лица под 15 години

July 22, 2026
Фотографија: ЦИВИЛ Медиа

Последици од невремето во Македонија: Повредени граѓани, илјадници повици за помош и големи материјални штети

July 22, 2026
Фото: Укринформ

Протести и кадровски потреси во Украина: Зеленски назначи нов врховен командант

July 22, 2026

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Во окото на ураганот

July 21, 2026

Ревизија на Агенцијата за нафтени резерви: Незаконско трошење, невратен мазут и институционални слабости

July 21, 2026
Фото: МИА

Трамп воведува царини од 50% за канадски производи: Нова ескалација на трговската војна меѓу САД и Канада

July 21, 2026

Обвинителството отвори истрага: Тројца од „Комуналец“ осомничени за загадувањето на водата во Гостивар

July 21, 2026

Воздушните тревоги ги бојат интерактивните мапи на Украина во црвено – рускиот терор продолжува

July 20, 2026
Фото: Влада РСМ

СДСМ бара кривична одговорност за Клековски за епидемијата во Гостивар, Владата порачува дека нема да има селективност

July 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Регионален состанок за заштита на личните податоци во пресрет на новата европска регулатива

April 23, 2018 10:22
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Дирекцијата за заштита на лични податоци (ДЗЛП) е домаќин на тридневен состанок на Регионалната иницијатива 20i7 на кој учествуваат претставници на органите за заштита на личните податоци од Словенија, Хрватска, БиХ, Србија, Црна Гора и Македонија. 

Како што информираат од ДЗЛП, тема на состанокот е општата Регулатива за заштита на личните податоци на Европската унија во земјите од Унијата и надвор од неа. Претставниците на земјите од регионот ќе дискутираат и ќе разменуваат искуства за подготовките за примена на Регулативата која стапува на сила на 25 мај оваа година.

Идејата е, како што посочуваат од Дирекцијата, за размена на меѓународни искуства во област на заштитата на лични податоци бидејќи обработката на личните податоци во 21 век не познава граници. Прашањето е глобално и бара глобални и заеднички одговори за сите потенцијални закани од евентуални злоупотреби на личните податоци.

Минатата година регионален состанок на претставници на телата заштита на личните податоци се одржа во Словенија, а утре ќе се знае каде ќе се одржи следната година.

Во Извештајот на ЕК, што беше објавен минатата недела, Македонија е позитивно оценета во делот на заштитата на лични податоци и се признава прогресот на Дирекцијата, но исто така се препорачува донесување нов закон за заштита на лични податоци со кој ќе се имплементира Регулативата.

Како што информираат за МИА од ДЗЛП работниот текст на законот е веќе завршен и за него е добиено мислење од ЕК. Наскоро текстот на законот ќе биде испратен до Министерството за правда и до Владата за негово донесување.


Извор: МИА

Tags: Босна и ХерцеговинаДЗЛПМакедонијаРегионална иницијативаСловенијасостанокСрбијаХрватскаЦрна Гора
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ