• Latest

САД и Европа бараат Трамп да го праша Путин за убиените новинари во Русија

July 14, 2018

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

Путин сакаше ослабено НАТО, но може да добие многу поопасна и понепредвидлива Алијанса

May 30, 2026

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

САД и Европа бараат Трамп да го праша Путин за убиените новинари во Русија

July 14, 2018 13:19
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Оваа недела се сеќаваме на руската активистка за човекови права и новинарка во „Новаја газета“ Наталија Естемирова, и новинарот на „Форбс“ Пол Хлебников, американски државјанин, се вели во синоќешното соопштение на американскиот Стејт департмент.

Естемирова беше новинар и работеше во канцеларијата на Центарот за човекови права Меморијал во Грозни, Чеченија, каде на 15 јули 2009 година беше киднапирана и убиена. Хлебников беше застрелан на 9 јули 2004 година во Москва, пред влезот на зградата каде што се наоѓаше редакцијата на руското издание на „Форбс“. Беше убиен најверојатно како одмазда за неговите новинарски истражувања за случаите со мито и корупција во руската власт.

– Оддаваме почит до Естемирова и Хлебников и повикуваме да запре неказнивоста на нарушителите на човекови права во Чеченија и насекаде низ Русија, стои во соопштенито на Стејт департментот.

Се истакнува дека САД даваат континуирана поддршка за храбрите новинари и борци за човекови права во Русија и насекаде низ светот,

Според Комитетот за заштита на новинари, меѓународна невладина организација која ги штити правата на новинарите, од 1992 година досега во Русија се убиени 58 новинари, најголем број од овие убиства сè уште се нерасветлени.

Соопштението за убиствата на новинари во Русија е објавено на само неколку денови пред планираната средба меѓу претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин.

Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, демократски ориентираната јавност во САД и во Европа бара од Трамп на средбата со Путин да ги покрене прашањата за нерасветлените убиства на новинари и за репресиите врз политичките противнци на власта во Русија.

Според Меморијал во земјата моментално се затворени 158 лица поради политички или религиски убедувања. (МИА)

Tags: Владимир ПутинДоналд ТрампЕвропановинариРусијаСАДсредба
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ