Шарената револуција продолжува. Граѓанските активисти денеска повторно повикаа на масовен протест во Скопје, кој ќе започне пред Специјалното Јавно обвинителство во 19 часот. „Уставниот суд е под партиска опсада. Протестирам!“ – е денешниот слоган на повикот за протест.
Според прогласот на Шарената револуција, објавен на официјалната страница на протестите на социјалната мрежа Фејсбук, правдата е под сериозна закана, Уставниот суд е под партиска опсада, Груевски и Иванов им се закануваат на граѓаните, а власта сака да преговара тајно и не сака да се чуе мислењето на граѓаните.
„Борбата за правда продолжува! Криминалот веќе нема да смее да проаѓа пред очите на граѓаните! Протестирам 80 денови со илјадници соборки и соборци! Заедно спречивме помилување криминалци, заедно спречивме уште едни фалсификат избори! Нашите другари се на слобода! Продолжуваме, се вклучуваме во решавањето на кризата!“, се вели во соопштението на Шарената револуција.