• Latest

Се засилува кампањата за референдумот

September 10, 2018

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Први во Европа, но поточно по што?

August 22, 2026
Screenshot

Зеленски за нападот во Криви Рих: Апсолутно руско ѕверство, дефинитивно ќе одговориме

August 22, 2026
Гари Каспаров, цитат (фото извор: Енциклопедија Британика; графичка обработка: ЦИВИЛ МЕДИА)

Гари Каспаров: Единствениот начин руската агресија да не се повтори е таа да биде поразена во Украина

August 22, 2026

Националистичко месечарење – или – нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 21 септември

August 22, 2026

ТЕЦ Неготино произведуваше струја, државата штедеше, а случајот стана „криминал“: Како дојде до случајот „Мазут“?

August 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Пензија: морков кој никогаш не си го видел, на стап со кој те тепаат цел живот

August 22, 2026

КОМУ ИДЕ: ВМРО-ДПМНЕ не сака, но нуди предвремени избори, ДУИ ги бара веднаш, СДСМ не сака да биде „алиби“, а ВЛЕН возврати со напад на ДУИ

August 21, 2026

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Се засилува кампањата за референдумот

September 10, 2018 14:20
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска се сретна со Јан Петерсен, шеф на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР за претстојниот референдум во Република Македонија. На средбата, било разговарано за важноста за демократско спроведување на процесот и за потребата од висока одговорност од страна на сите субјекти во државата, за да се осигура изјаснувањето на граѓаните соопшти Секторот за односи со јавност на Владата на Република Македонија.

Од денеска официјално почнува кампањата за претстојниот референдум на кој граѓаните на 30 септември треба да се изјаснат дали се за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на договорот меѓу Македонија и Грција. Носител на кампањата е Собранието на Република Македонија, а претседателот на Парламентот Талат Џафери во петокот најави дека ќе ја водат кампањата транспарентно, непосредно и директно, без дискриминација, предрасуди и со почитување на волјата на секој граѓанин.

Формиран е Заеднички интердисциплинарен комитет на експерти (ЗИКЕ) за историски, археолошки и образовни прашања меѓу Македонија и Грција. Во составот на ЗИКЕ од македонска страна има седум члена, на чело со амбасадорот Виктор Габер.

Портпаролката на Европската Комисија, Маја Коцијанчич, од Брисел порача дека очекува граѓаните во Македонија да гласаат на референдумот без надворешни мешања, јави дописничката на МИА од Брисел.

Академикот Владо Камбовски на денешната прес-конференција, запрашан за неговата неодамнешна изјава за оние кои ќе бојкотираат на референдумот, рече дека недозволиво е граѓани да одат од врата на врата и да им се закануваат на други граѓани да не излезат на референдумот на 30 септември.

Остварување на неприкосновеното право на глас на граѓанките и граѓаните е главната цел на новиот проект „Гласам, значи постојам“ што ЦИВИЛ – Центар за слобода, утре (вторник, 11 септември) ќе го промовира во повеќе општини од Вардарскиот регион.

Граѓанките и граѓаните на општините Велес, Градско, Росоман, Кавадарци и Неготино на инфо-штандовите на ЦИВИЛ ќе имаат можност да се информираат и да ги споделат своите ставови, мислења и информации во врска со претстојниот референдум со претставниците на огранизацијата и да ги остават своите пораки на паноата поставени на плоштадите во овие општини или анонимно ја остават својата порака во „кутија за гласање“. Исто така, тие ќе можат слободно да го искажат своето мислење и пред камерата на екипата на ЦИВИЛ МЕДИА (организациска единица на ЦИВИЛ).

А. Петровска

Tags: ГрцијаЕвропска КомисијаЕвропска УнијаЗоран ЗаевЈан ПетерсенМакедонијареферендумЦивил
Share10TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ