Седницата на Советот за јавни обвинители, на која требаше да се именува вршител на должност државен јавен обвинител по оставката на Љупчо Коцевски, беше одложена.
Одложувањето следеше поради отсуство на членот Јелена Догазанска-Колева. Предлогот за одлагање го даде обвинителот Ермон Незири, а членовите го прифатија со образложение дека оваа позиција е значајна за државата и Советот треба да биде во полн состав при изборот на привремен наследник.
Седницата е презакажана за понеделник во 11 часот.
















































