• Latest

Столтенберг дојде да нѐ поттурне да кинисаме кон идинината, време е и сами да се поттурнеме

September 7, 2018

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Столтенберг дојде да нѐ поттурне да кинисаме кон идинината, време е и сами да се поттурнеме

September 7, 2018 00:34
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Норвежаните и скандинавците воопшто се посебна школа во дипломатијата. Директни, аргументирани и чесни во пристапот, со голем капацитет за објективна дистанца во согледувањето и прагматичност и ефикасност во решавањето на проблемите. Затоа и се истакнуваат со успеси во мисиите ширум светот, од политиката, преку ангажманот во справувањето со разни катастрофи, човековите права…

Петрит Сарачини

Пример за тоа не беше само таткото, туку очигледно и синот Столтенберг. Два метри човек, ген-сек на најмоќната воена алијанса во светот, не само најдиреткно преку зборови, туку и со тело и со гестикулации денес ги расчистуваше густите магли сеени од оние што „сакаат во НАТО и ЕУ – но се против Договорот од Преспа“. Човекот на чијшто искрен ангажман му должиме многу за овој напредок, како што на неговиот татко му должат скопјани за земјотресот, најискрено ни кажа дека нема ниту НАТО ниту ЕУ без да помине референдумот и да се спроведе Договорот од Преспа. По не знам кој пат повтори дека треба да ја зграпчиме оваа единствена шанса.

Последен пат кога тука доаѓаа ген-сеци на НАТО, нѐ вадеа од војна. Шуќур, успеаја да нѐ спасат од нас самите, па затоа денес зборуваме „само“ за конфликт и за неколку стотини, а не илјадници жртви. Иако некои зборуваат постојано за „второ полувреме“. Ги знаете, ги гледате, ги слушате, и кај едните, и кај другите, третите…Тие се патриотите, а луѓето што сакаат мир и заедништво се предавниците и платениците. Платеници затоа што работеле на проекти за градење заедништво, а богами и школи, мостови, болници, канализации, кои, погодете пак – ги плаќаа странците како Столтенберг.

Сега дојде Столтенберг да нѐ убедува да гласаме за наше добро. За нашата иднина. За наша подобра безбедност, живеачка, образование, здравство, социјална заштита, економија. Да се поврземе и да бидеме дел од Западот. Дојде човекот да нѐ поттурне – да кинисаме. Ко што е ред за нашите народи, народности, националности, малцинства, од прв, втор и трет ред – пошто сме многу важни, папокот на светот нели…Секој поважен од другиот.

Туку, да прејдам на главното – Не ли е време и ние самите на себе малку да си помогнеме? Да, ние – тивкото големо мнозинство кои се за ЕУ и НАТО, за напредок, за подобра иднина. Мнозинство – оти така покажуваат не само анкетите, туку и реалноста. А велам тивко, оти, ене го 30 септември, а наспроти вревата што ја крева гласното, а богами и насилно малцинство на противници на референдумот, ние сме малку тивки.

Можеби некој е уплашен од хајките на „спутниците“ или вообичаените наци(о)-будали кои вршат вербално насилство врз било кој што јавно ќе изрази став За референдумот. Друг калкулира, трет е гневен на власта поради неисполнети ветувања и очекувања, четвртиот „не се замара“… А спроти, бревта медиумско – „уметничката“ машинерија на началниците, одработувајќи ги ревносно старите услуги и заслуги, а и новите ангажмани. Има и „вонземјани“ кои не беа од тука цела деценија, а сега тоа го прават од „чист идеализам“, овај национализам… Се чудат деновиве луѓе со тоа кој сè се реди во кампот на противниците на иднината. А што мислевте вие? Ќе седат мирно и ќе гледаат како чекориме кон свет на вистински вредности, каде што нивните фолови и тарифи нема да проаѓаат?

Денес, демек, не било популарно да се има јавен став ЗА иднина во ЕУ и НАТО. Пошто многу се плукало на ФБ. А демек, некои уметници се правдале „ќе ја изгубеле публиката“. Еј, наспроти докажаните „уметници патриоти“, кои испаѓа уво ги боли за било која друга публика освен онаа што гласа за МВРО и радикалната десница, другиве се многу „увиѓајни“ за чувствата на „публиката“ која не ги знае, не ги разбира или ги мрази пошто се комуњари, која не ја сака и иднината, „публиката“ која е најмалку 20% лажирана и набилдана со лажни профили и ботови. Ух, колку е убав тој уметнички свет низ референдумскиот ракурс, колку убаво мириса… на пари. Или на ве-це. Како кому.

Туку, пак ќе речам. Ене го 30 септември. Убаво е тоа што имаме пријатели како Столтенберг и Меркел, кои ќе дојдат да нѐ поттурнат и охрабрат да направиме умен и рационален избор. Но убаво е и самите, особено оние што им врви зборот меѓу луѓето, оние со вистински углед, оние кои создавале и создаваат вистински вредности во земјава, без оглед дали е тоа во културата, уметноста, образованието, здравството, економијата – да помогнат.

За иднината, освен поттурнување, ни треба сопствен полет и инспирации. Зарем е поинспиративно лудилото и самоуништувањето што го предлагаат противниците на референдумот? Ни треба полн налет и полн глас. Ни треба да се охрабриме меѓусебно, оти конечно отвораме поглавје кое носи вистински напредок. А во тоа поглавје редно е да влеземе истакнувајќи ги нашите вистински вредности. Некои веќе цела деценија туркаат. Верувам дека има многу кои се храбри и видни кои ќе се приклучат и ќе туркаме заедно. За нашата иднина, за нас!

 


Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените НЕ Е ДОЗВОЛЕНО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

Tags: ЕУЗАиднинаМакедонијаМеркелНАТОреферендумСпутникСтолтенберг
Share110TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ