Стотици илјади продемократски демонстранти излегоа на улиците на Истанбул, Турција, за да му покажат поддршка на затворениот градоначалник на градот, објави Би-би-си.
Екрем Имамоглу, кој се смета за главен ривал на претседателот Реџеп Таип Ердоган, беше уапсен под обвинение за корупција минатата недела, што предизвика масовни протести. Тој ги негира обвиненијата и вели дека неговото апсење било политички мотивирано.
Толпата во саботата беше толку голема што се истури од местото на протестот во соседниот парк. Претседателот на Републиканската народна партија (ЦХП) на Имамоглу им се обрати на демонстрантите, читајќи го писмото од затворениот политичар кој се наоѓа во самица.
„Немам страв, вие сте зад мене и покрај мене. Немам страв бидејќи нацијата е обединета. Нацијата е обединета против угнетувачот“, вели Имамоглу во писмото.
На протестот беше и неговата сопруга Дилек која на толпата им порача:
„Ќе продолжиме да се бориме и да се бориме“.
Демонстрантите ги вееја црвено-белите знамиња на Турција и извикуваа: „Права, закон, правда!
М.Д.