„Три пациенти од Кочани се донесени во Скопје, во Штип и Кочани остануваат болниците без пациенти. 84 вкупно се во Скопје, до крај на денот 26 ќе се испратат во Словенија 4 пациенти, Хрватсска 4, во Австрија 6, во Белград 12 пациенти, во Скопје ќе останат 58 пациенти“, изјави министерот за здравство Арбен Таравари по посета на повредените од пожарот во Кочани и состанокот на кризниот штаб на Министерството за здравство.
Таравари упати апел до сите кои биле на настанот, а успеале да се извлечат, сепак да се пријават на преглед кај нивните матични лекари или во болниците во Кочани и Штип, доколку има потреба и во клиниките во Скопје.