• Latest

„Таргет-Тврдина“ бил чуван во фиока, средбата кај Рама е на курсот на евроинтеграциите, партнерството со САД е стратешко

January 11, 2023

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Повик за помош на амбуланта во близина на фронтот

October 27, 2026

Горивата во Македонија пред нова ценовна одлука по турбуленциите на светските пазари

October 26, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Лула повторно претседател на Бразил, нов предизвик за Трамп во Латинска Америка

October 26, 2026

Бугарија оди во втор круг: Јотова во водство, Ѓуров ја бара поддршката за пресврт

October 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

„Таргет-Тврдина“ бил чуван во фиока, средбата кај Рама е на курсот на евроинтеграциите, партнерството со САД е стратешко

January 11, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Предметот „Таргет-Тврдина“ бил со месеци неоправдано чуван во фиока

Извештајот на Судскиот совет од работната посета во Апелациониот суд – Скопје покажа дека судијата Енвер Беџети решавал нови предмети, а предметот „Таргет–Тврдина“, за кој Апелација ја укина пресудата и го ослободи Сашо Мијалков, го чувал во фиока.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Ковачевски: Го сметам за позитивен секој разговор за задржување на курсот на евроинтеграциите

„Секој разговор на човек докажан пријател и евроатлантист кој го има со политички чинители од нашата држава во насока на градење пријателство и добрососедство, во насока на задржување на курсот на европските интеграции за целиот регион, јас го сметам за позитивен и добредојден со оглед на тоа дека во нашиот регион постојат два концепти“, изјави денеска премиерот Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање за синоќешната средба на премиерот на Албанија Еди Рама со претставници на партиите на Албанците во земјава.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се појави во видео порака за време на телевизиското шоу на „Златните глобуси“ за да им се заблагодари на своите сојузници во слободниот свет.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ИНТЕГРАЦИИ Советникот на Стејт департментот Дерек Шоле, кој утрово пристигна во Скопје, во Владата беше пречекан и оствари средба со премиерот Димитар Ковачевски и дел од министрите.

ПРАВДА Извршувањето на изречената казна затвор за Драган Даравелски не застарува со оглед што Основниот суд Куманово по приемот на правосилната пресуда преземал повеќе дејствија, со кои текот на застарувањето на извршувањето на казната е прекинувано.

ПРЕТСЕДАВАЊЕ СО ОБСЕ Делегација на Република Северна Македонија, предводена од министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска ја започнува официјалната посета на Виена во својство на претседавач со ОБСЕ во 2023 година.

СВЕТ

Врховниот суд во Бразил нареди апсење на шефот на јавната безбедност во главниот град Бразилија, откако приврзаниците на поранешниот претседател Жаир Болсонаро упаднаа во владините згради.

АЛ-ПРЕС

Од денешните актуелни теми во албанските медиуми во регионот, редакцијата на ЦИВИЛ Медиа избра само неколку, како што се средбата на Лајчак, Џоана и Ескобар за ситуацијата и дијалогот меѓу Косово и Србија, во Албанија жртвите од земјотресот од 26.11.2019 година добиваат нови домови, истрагата за Грдец, злоупотребата на националниот симбол, прашањето за Чамерија.

МУЛТИКУЛТУРА

ЦИВИЛ ќе одржи конференција „Различностите, благодат или проклетство“ за предизвиците и перспективите на мултикултурното општество , утре, 12 јануари ( четврток ) во хотел Сити Парк, со почеток во 12 часот.

Главното прашање на Конференцијата е: Кои се главните предизвици и перспективи на мултикултурализмот во нашето општество?

Целта на оваа конференција е да даде придонес кон општествениот дијалог и креирањето политики и практики за поддршка и унапредување на мултикултурализмот во македонското општество.

ФОРУМ

Mуратов: Да немаме смешни моменти како таа Мијалков да не можат да го донесат во судница поради датумот

„Имавме турбулентна 2022 година, не само на полето на дезинформации туку воопшто во целокупниот живот. Токму затоа јас би спомнал само неколку примери за да го освежиме сеќавањето на граѓаните со што се соочувавме цела година за да не ни се повторуваат и во 2023 година“, рече Дехран Муратов од ЦИВИЛ, меѓу другото, говорејќи за дезинформациите и пропагандата на годишниот мултимедијален јавен настан на ЦИВИЛ „Перспективи 2023“.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Два дена по ред одам со автобус на работа и за тие два дена потрошив дури четири часа чекање на “автобуска” и уште по цел час возење до дома.

За тие што не се качиле во јавен превоз, Возниот ред не функционира, прашуваш во што е проблемот, возачот ти вели: „ А тоа џабе го гледате, немаме доволно возачи и автобусите се канти“.“, пишува Соња Танеска во Брза пошта „Драга Данела, ајде утре да се возиме со “двојка”.

„Патем, политизирањето на оваа тиранска средба, теориите за некаков заговор против Македонците и Македонија, е чиста глупост. Такви некакви проекции за „Голема Албанија“ сега и за „Мала Македонија“ утре, или пак за спасување или за уништување на нечии политички кариери и слични небулози, се приказни за мали деца зашто големите теми не се креираат ниту во Тирана, ниту во Скопје, ниту во Приштина.“, По допрен глас „Се тресеше гора се роди – ручек“, од Зоран Иванов.

Д. Тахири

Tags: БразилДневникЗеленскиинтеграцииКовачевскиМијалковОБСЕШоле
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ