• Latest

Трајкоска: Создавање дополнителен хаос во медиумите!

July 14, 2016
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026

Кој може да го запре Трамп ако нареди нуклеарен удар? (ИНФОГРАФИК)

November 8, 2026
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Трајкоска: Создавање дополнителен хаос во медиумите!

July 14, 2016 14:07
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Ад-хок тело, кое 100 дена пред избори ќе ја контролира работата на медиумите во државата, како што објавија дел од медиумите е предлогот за кој партиските претставници постигнале согласност во текот на вчерашните преговори во Пржино. Се предвидува членовите на ад-хок телото да ги предложат четирите партии потписнички на Договорот од Пржино, секоја партија по еден член, а петтиот член ќе биде избран со договор меѓу избраните!?

ЦИВИЛ Медиа разговараше со директорката на Македонскиот институт за медиуми, Жанета Трајкоска за улогата на ова тело и за ефектот од неговото формирање на ваков начин. Трајкоска е категорична дека се работи за целосно погрешна одлука која само ќе им овозможи на партиите да влијаат врз медиумските содржини.

11082506_10152821174926314_1623652652965111422_n

„Ако навистина се реализира ова ад-хок тело кое ќе ја замени Агенцијата за медиуми 100 дена пред избори, и ќе укажува за казни, тоа е тотално погрешно решение и само го покажува немањето на знаење и начин, преоварачите да се справат во рамки на преговорите – со тоа што очигледно, ВМРО– ДПМНЕ,  не го дава, а тоа е Агенцијата за медиуми. Вакви паралелни институции, само ќе се создадат дополнителен хаос, во кој ВМРО–ДПМНЕ  функционира прекрасно, ќе ја доблокира Агенцијата за медиуми и тука ќе и сè овозможи на владејачката коалиција – дополнително да врши притисок врз сите медиуми и да управува со содржините. На овој начин, се укажува дека Агенцијата е непотребна и некорисна, и наместо да направиме законски решенија со кои таа ќе се професионализира, ќе се сменат членовите и ќе ѝ се даде можност да биде професионално тело, таа дополнително се осакатува и се прави институција во институција“, вели Трајкоска.

На прашањето дали ова ад-хок тело е единственото решение кое може да се реализира за кратко време, Трајкоска одговара дека во иницијативата Предлог за итни демократски реформи, има насоки од експерти за тоа што за кратко време може да се преземе за подобрување на медиумската сфера во државата.

„Натуреното решение, неофицијално, доаѓа од странците, не знам дали е точно… Ние имаме предлог-иницијатива за реформи, каде се наведени точките кои за кратко време можат и треба да се преземат. Тоа е професинализацијата на Агенцијата, намалување на казните во делот на културната квота, промена на Програмскиот совет во МРТВ и зголемување на ингеренции во делот на управување со медиумските содржини, за да имаме вистински јавен радио сервис, избор на уредник на што понезависно ниво и смена на менаџментот во МРТВ.  Ништо од ова не е прифатено, туку се создава квазитело како најбрзо решение, затоа што тоа ќе овозможи партиите да продолжат да влијаат врз медиумите“, децидна е Трајкоска.

И во репрезентативната еснафска асоцијација, Здружението на новинарите на Македонија – ЗНМ, сметаат дека формирање на ад-хок тело, нема да донесе никакви промени во медиумската сфера, и поради тоа не планираат да бидат вклучени во неговата работа.

ЦИВИЛ – Центар за слобода постојано се залага за итна детоксијација на медиумската сфера, укажува на проблемот со медиумите кои преку режирани содржини се продолжена рака на владејачката партија и ко акцентира средувањето на медиумскиот хаос, како еден од  задолжителнте услови за организирање на слободни, фер и демократски избори.

Марија Теговска

Tags: избориМакедонијаМедиумиПржинореформиЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ