• Latest

ТВ Бастиља останува слепа за јавниот интерес

February 3, 2016

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

ТВ Бастиља останува слепа за јавниот интерес

February 3, 2016 13:41
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

На вчерашната дебата на ЦИВИЛ „Плурализмот и политичката криза“, присуствуваа лидери на 11 партии и политички иницијативи кои не учествуваат во преговорите за спроведување на договорот од Пржино. БЕСА, Движењето за реформи на ДПА, ДОМ, Обединети за Македонија, НДМ, ПДП, ПЦЕР, Унитети, Левица, партијата во најава на Бошњаците…

Ако ги соберете нивните гласови од последните изборни циклуси или потенцијалот што го покажуваат на нивните собири, ќе добиете бројка која како од шега може да достигне 200.000 гласови, ако не и повеќе.

Но, тоа што имаа тие да го кажат не можевте да го видите на речиси ниту една национална телевизија (со исклучок на ТВ24 Вести и ТВ21), ниту пак на јавниот сервис МРТ. И покрај повторените покани до медиумите и фактот дека настанот беше најавен јавно повеќепати и промовиран силно преку социјалните мрежи.

Со ваквото однесување, со игнорирањето на ставовите на политичките партии во кои членуваат и за кои гласаат стотици илјади граѓани – коишто плаќаат за постоењето на јавниот сервис, МРТ уште еднаш покажа дека е далеку од остварување на својата улога на артикулатор на интересите и ставовите на сите граѓани и јавна информативна платформа која нуди политички плурализам. Напротив, МРТ години наназад е претворена во ТВ Бастиља, која продолжува да биде слепа за јавниот јавниот интерес.

Ќе разберевме ако средбата беше на теми кои што не се актуелни, академски… Но, лидерите на овие 11 партии искажаа ставови околу актуелната политичка криза и постоењето на услови за слободни избори. Токму во мигови кога овие прашања се во жижата на интересот на граѓанките и граѓаните на Македонија. Со игнорирањето на ваквите настани, МРТ, но и други медиуми, покажуваат дека тие се сѐ подалеку од новинарството, а сѐ поблиску до голата пропаганда.

За приватните национални телевизии кои одбираат да не известуваат за вакви настани или, пак, за оние што доаѓаат да снимаат, а потоа не објавуваат ништо, можеме да изразиме само жалење дека попусто ги трошат своите ресурси. Доколку им треба целосна снимка од настаните на ЦИВИЛ за какви било потреби, слободно може да побараат од организацијата, која има одличен тим за мултимедијална продукција. Жално е да малтретираат и влечкаат низ град новинари и сниматели, доколку потоа нивниот труд остане неприкажан, во нечиј компјутер или нечија фиока, или послужи за друг тип на обработка на информации, кој нема врска со новинарството.

Tags: дебатаизборијавен интересјавен сервисМакедонијаМедиумиМРТМРТВполитичка кризаслободаТВ БастиљаЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ