„Време е Мицкоски. Конечно треба да кажете за што сте и да се изјасните за референдумот.“ – се вели во утринскиот будилник-соопштение на СДСМ денеска.
Во краткото соопштение на СДСМ понатаму се вели:
„Ако сте за иднина на Македонија во НАТО и ЕУ со признаен македонски идентитет треба да ги повикате членовите на ВМРО-ДПМНЕ да излезат на референдум и да изберат иднина.
Како тоа цела деценија зборувате за референдум, а сега кога е извесно дека ќе се случи да немате јасен став?
Несериозно е да се нема став за најважните прашања за иднината на државата и граѓаните.
Или сте за светла иднина, членство во НАТО и ЕУ, признаен македонски идентитет или сте за темно минато, криминал, изолација, неизвесност.
Ајде Мицкоски охрабри се, изјасни се!
Граѓаните се за светла иднина наместо небиднина.
На 30 септември, граѓаните ќе дадат поддршка за светла иднина, за влез на Македонија во ЕУ и НАТО со признаен македонски идентитет.
ДА за македонската иднина!“
Роковите течат, политичките конфронтации и тензии, национализмот, лажните вести и говорот на омраза се разгорени до крајни граници, а нивото на информираност за Спогодбата меѓу Македонија и Грција е на драматично ниско ниво.
Што ќе биде одговорот на ВМРО-ДПМНЕ?
М.Л.