Categories

ИЗБОРИ ВМРО-ДПМНЕ повлече три приговори од ДИК

Само што започна седницата на ДИК за разгледување на приговорите од подносителите на кандидатските листи, беше дадена пауза. Причина за тоа е што ВМРО-ДПМНЕ повлече три приговори од Државната изборна комисија (ДИК), но ќе се разгледуваат вкупно 40 приговори за евидентирани нерегуларности во првиот изборен круг на локалните избори. Екипа на ЦИВИЛ Медиа, врши онлајн стриминг од седницата на ДИК.

Според информациите од поднесените 40 приговори од ВМРО-ДПМНЕ, два се најкритични, а се однесуваат на гласачки места во Скопје и Прилеп. Партиите ТМРО, Алијанса за Албанците и Левица имаат по еден приговор во ДИК.

М.Т.

Фото: Дехран Муратов

 

Print Friendly, PDF & Email