• Latest
Time for Justice

Време е за апсење

February 11, 2016
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Словенија на четири референдуми: Пораз за законот на Јанша, поддршка за построги социјални мерки и неизвесност за јавниот сервис

October 12, 2026

Kога боксовите и клоците се во полициска униформа – кој ќе ги штити граѓаните?

October 12, 2026
Харкив, 11-12 октомври 2026 (ДСНС)

Трамп прогласи енергетско примирје, рускиот терор продолжи – загинати цивили и нови напади врз Украина

October 12, 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026

Една болна последица предизвикана од криминалната држава

October 11, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Историја

October 11, 2026

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Нов бран на руски терор: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Време е за апсење

February 11, 2016 05:21
in Uncategorized
Time for Justice

Time for Justice

Share on FacebookShare on Twitter

Македонија е земја чии студенти живеат во најмизерните студентски домови во Европа, а веројатно и пошироко. Студентите, средношколците, наставниците и родителите веќе втора година протестираат против катастрофалната состојба на образовниот систем.

By: Xhabir Deralla
Пишува: Џабир Дерала

Образовните институции се под потполна контрола на владејачката партија. Наставниот кадар и универзитетските професори секој ден се соочуваат со понижувања за професијата и за личноста. Тие се обични партиски стражари кои имаат единствена задача, да ја одржуваат во живот агит-проп машинеријата во училниците и амфитеатрите.

Никогаш не се спроведе Стратегијата за интегрирано образование, а пречка за тоа се подеднакво двете водечки партии на македонско-албанската владина коалиција. Наместо тоа, учениците се целосно и физички поделени по етничка линија – со закон, односно со искривување на законите. Единствениот контакт кој го имаат младите Македонци и Албанци е преку тепачките и преку партиски инспирираните, па и диригираните, војни на социјалните мрежи.

Највисоката научна институција, МАНУ, во еден од најтешките периоди во историјата на земјата – молчи, како ништо да не се случува во земјава. Како што молчи и за скандалозното и криминално третирање на децата и младите на оваа земја. Не е ни чудо. Тоа е истата академија која пред неколку години произведе публикација која на јавноста сакаа да ѝ ја продадат како „енциклопедија“, а, всушност, засекогаш ги закопаа нејзините автори и целата институција на буништето на историјата. Значи, ништо ни од оваа дегенерирана институција.

Ова е истата земја во која професори се луѓе кои се гротеска и понижување за таа професија. Доктор Стрејнџлав стана и член на Венецијанската Комисија, да ја запечати низата од интелектуални сенки кои ги делегира Македонија во оваа евро-институција. Цела една плејада интелектуален отпад произведен во декадата на Труевизмот, ги гледаме на ТВ како експерти, уредници или домаќини на емисии. Дел од тој отпад е „интелектуалната елита“ која ги окупира катедрите во универзитетите во опустените села и градови од кај што младоста заминува без да се сврти.

Таа Македонија, за само еден месец решава да отвори уште два универзитети. И тоа, „Мајка Тереза“, за да ги задоволи апетитите, суетата, а најмногу предизборните потреби на албанскиот ортак во коалицијата на власт, Али Ахмети, самопрогласениот калаш-лидер на сиромашните Албанци, кој и денес тврди дека се борел за човековите права во 2001 година. Потоа, Никола Груевски, од сенката на својата оставка, диригира со донесување решение да отвори уште еден универзитет, „Дамјан Груев“. Веројатно, името на универзитетот е одбрано и поради совпаѓањето на презимето на екс-премиерот. Зошто не Никола Карев, на пример?

Таа земја, Македонија, минатата година стана позната по полициската бруталност, по прислушувањето помасовно и од она што го спроведувале комунистичките режими, криминал и злоупотреби тешки милијарди евра, земја во тешка криза и сиромаштија.

Во болниците умираат пациенти кои не би умреле да не се случеа налудничавите „реформи“ на омнибус министерот Никола Тодоров. По патиштата немаше да загинат толку луѓе да се направеа помалку споменици кои се срам за оваа земја. Пензионерите не ќе мораа да ги живеат своите години на зрелоста во понижувачко стоење на автобуските станици за бесплатно возење. Полицијата немаше да биде претворена во партиска војска со скинати чевли. Децата немаше да се претворат во тастери на своите родители, како што беше случајот за времето на нацизмот и сталинизмот.

Затоа, медиумите се меѓу последните линии на отпорот на власта која предолго време си дозволува крајно расипништво. Затоа Питер Ванхауте и Катица Јанева се „наметнати“ и затоа „народот“, што и да им значи тоа на Груевски и неговите приврзоци „ќе им удри клоца“ ним и на сите што размислуваат и делуваат поинаку.

Во деновите кога беснееше канонадата од политичките „бомби“ на опозицијата, еден странец, по средбата со Груевски сподели со мене дека се сретнал со човек чиј контакт со реалноста е избришан.

Очигледно е дека властодршците, испоганети, разоткриени и разобличени, мислат дека луѓето кои останаа да живеат во оваа земја изгубиле контакт со реалноста. Веројатно, во своето бунило и агресија, забораваат дека не може толку многу луѓе да бидат излажани и корумпирани докрај. Не може сите да ги затворат или избркаат, не може да ги убијат сите што ја сакаат слободата. Што и да направат, ќе останат црните сведоштва и документите од нивното владеење.

Фасадите паднаа. Време е за апсење.

 

Објавено во печатеното издание на „Слободен печат“ на 10 февруари 2016 г. и во Плусинфо.
Tags: Doctor StrangeloveАли АхметидемократијадиктатураДоктор СтрејнџлавКатица ЈаневанаставнициНикола ГруевскиНикола КаревНикола ТодоровПитер Ванхаутеполитичка кризаполицијародителисредношколцитеСтудентитеЦивилЏабир Дерала
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ