• Latest
Добро утро со Орданоски

Врзете се, полетуваме!

November 21, 2017

ChatGPT, Claude и Grok имаа истовремени прекини: Што се случи на 3 септември

September 6, 2026
The Europe House, London, photo by European Commission

Украина и иднината на Европа: Украински, британски и европски парламентарци се среќаваат во Лондон

September 6, 2026

Вештачката интелигенција што создава подобра верзија од себе: Кога технологијата почнува да го забрзува сопствениот развој

September 5, 2026

СРПСКА СТВАРНОСТ: Нема избори без израелски прсти

September 5, 2026
Државни и воени почести за воениот злосторник, осуден доживотно од Хашкиот трибунал, Белград, 3 септември 2026

МРАЧЕН ЧИН: Србија го пречека ковчегот на воениот злосторник Младиќ со владин авион, војска и институционални почести

September 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов, Собрание на РСМ, 28 јануари 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Андонов со „викенд прашања“ до Мисајловски: За модернизацијата на Армијата, Воената академија и законската одговорност

September 5, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Без мажи – нема деца

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Муцунски - Сибига, Кијив, 4 септември 2026

Сибига и Муцунски во Кијив: Поддршка за Украина, европска интеграција и соработка во обновата

September 4, 2026

Воениот злосторник меѓу хашката пресуда и политичката митологија – анализа на Костовски

September 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Врзете се, полетуваме!

November 21, 2017 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]М[/dropcap]акедонската политика по локалните избори доби такво забрзување од чии центрифугални сили може да ви се слоши! Движењето на премиерот може да се следи само со помош на сателитски сигнали, бидејќи ни од неговиот кабинет мислам дека не се сосема на чисто во кој момент каде се наоѓа: во Брисел, во Љубљана, во Скопје, во Белград или во Струмица, ако не е заминат за Тирана, виа некое скопско студио во кое дава интервју, после маратонска седница на Владата, а пред да се појави на закажано судско рочиште. Минатата недела јас го сретнав на две промоции на книги.

За другите функционери од власта веќе изгубивме и евиденција и интерес за тоа кој каде егзистира.

Од друга страна, во јавноста врие од дебати, по социјални мрежи, низ портали, по телевизии или низ хотелски сали, како никогаш до сега. Дебатите се жестоки, фрчат соопштенија и контра соопштенија од сите страни, а ако сакате да направите елементарен увид во ставовите по тековните теми, треба дневно да прочитате по десетина колумни и стотина фејсбук статуси за, колку-толку, да сте во тек со настаните.

На пример, тој што сега ќе се сети да направи специјализиран телевизиски канал за судски случаи, правосудни реформи, полициски афери и обвинителски истраги, тој може да смета на сериозна гледаност и значителни приход од реклами!

За да се избегне информативно-политичка вртоглавица, препорачливо е да се земе по еден драмамин и помала доза дијазепам наутро, пресечени со по две жолти на пладне, за навечер да можете да си легнете по полноќ, откако ќе ги одгледате сите само вистини, топ теми, 360-ки и 24 анализи, дубиози и синтези. Утрото – јас ви се мешам во кафето!

Македонија стана земја со најголема стапка на дебата за реформи по глава на жител во Европа! Што си баравме – тоа си добивме: сите фатиле да дискутираат, да дебатираат, да полемизираат, да се допишуваат и да се надвикуваат! Води ли некој записник, мајку му!

Се разбира дека целата работа почнува да наликува на општа какофонија во која се заборава кој за што се залагал, кога на чија страна стоел и кога, како и за што гласал или проколнувал. Сега сите се заколнати реформатори.

При тоа, како некакви светски прваци во шах, фативме да играме симултанка на пет-шест табли истовремено – погледајте ги само темиве: преговори за името; Закон за јазици; реформа на УБК; МПЦ-БПЦ-СПЦ; нови закони за медиуми и за образование; даночна реформа; усвојување нов буџет; рушење споменици… Просто се чудам како никој до сега не се сети да ја активира дебатата за вселенската програма на Македонија што заглави по некои фиоки на претходната власт?! Тоа, и уште да издадевме збирка на рецепти и на народни песни и ора, на македонски и албански јазик, па да се распуштиме.

Ова е точката во која почнува да ме јаде скепса: имаме ли ние, како политичка елита и како стручна и општа јавност, како општество, доволно поединечен капацитет што би се претворил во некаква колективна критична маса, за од целата оваа калакурница на сто теми и со двесте километри на час да излеземе со квалитетни завршници на започнативе (расправи за) реформи? Во целава дебатна реформска еуфорија како да забораваме дека нешто од тоа ќе треба и да спроведеме…

 

 


Преземањето на оваа содржина е дозволено само по 12 часот, на денот на објавувањето. Потоа, важат вообичаените правила според лиценцата Creative Commons 1.0.

Tags: БПЦбуџетвладавртоглавицаданочна реформадебатазакон за јазицизакониЗоран ЗаевМедиумиМПЦобразованиеПреговорипреговори за иметопроцесиреформареформиспоменициСПЦсудењеТВтемиУБК
Share9TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ