• Latest

Заев – Борисов: Потпишан е Договорот за пријателство со Бугарија!

August 1, 2017

Трето продолжување на кризната состојба со нафтата: Северна Македонија останува зависна од увозот

October 19, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Од Париз и Тирана до Лисабон и Милано – протести, незадоволство и насилство на улиците

October 19, 2026
Кијив, 18-19 октомври 2026 (ДСНС)

Теророт на рускиот агресор продолжува: Ракети врз Кијив, дронови кон Лвив, а Путин би кроел „мир“ со Трамп и Си – за Украина без Украина

October 19, 2026

Изборна анализа на ЦИВИЛ: Брвеница го чека вториот круг – во трката останаа кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

October 19, 2026
Општина Брвеница

Радически со предност пред Јахиј: Брвеница оди во втор круг за избор на градоначалник

October 19, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев – Борисов: Потпишан е Договорот за пријателство со Бугарија!

August 1, 2017 16:46
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев и премиерот на Република Бугарија, Бојко Борисов денеска во Скопје го потпишаа Договорот за пријателство, добрососедство и соработка. Според премиерот Заев, овој Договор претставува историски чекор за Македонија. Тој го повика опозициониот лидер, Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, да дадат поддршка на Договорот.

„Потпишувањето на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија покажува дека таму каде што има политичка волја и идеја за прогрес, прашањата ќе се решат. Република Македонија и Република Бугарија направија историски чекор напред, заедно го поставивме минатото како темел на иднината, со тоа отворивме пат за стабилност и развој за двете држави, и за балканскиот регион. Затворивме прашање со кое го трасиравме патот на пријателството, добрососедството и соработката меѓу нашите две земји. Овој Договор е взаемен успех, но и придонес кон стабилизација и во државите и на регионот на којшто припаѓаме. Овој успех нека биде идеја, модел, пример за соработка за регионот и пошироко. Владата се одлучи да води политики на решенија, а не на проблеми. Во Владата на Република Бугарија видовме конструктивен партнер со исти цели. Ова наше пријателство е пример како долгогодишна кочница може да се претвори во мотор за соработка и поврзување на народите. Договорот обезбедува отворени шанси за економски развој и во сите други области значајни за квалитетот на животот на народите во двете држави“, порача премиерот Заев, по потпишување на Договорот.

Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов рече дека е потпишан договор со убаво име, а ја истакна и важноста на двата меморандума, за железничка инфраструктура и природен гас, што беа потпишани меѓу претставниците на ресорните министерсва од двете држави.

„Овој Договор има смисла. Ќе ја видите сега реакцијата на Европската унија, ќе биде соодветна. Меѓу две држави, без модератори, без посредници, без некои упатства, дојдовме до одлука за која, мирот, пријателството и добрососедството е поважно од сè останато. Решивме да гледаме напред и убеден сум дека за 10 години, резултатите ќе бидат видливи за двете држави. И утре на тој ден, на Илинденското востание ќе бидеме заедно. Зашто, терминот заедничка историја е термин којшто обединува и дава перспективи, а не разделува“, рече бугарскиот премиер Борисов.

Високата бугарска делегација денеска напладне беше пречекана на платото пред Владата на Република Македонија со официјална церемонија, со интонирање на државните химни на двете држави, со рапорт на командантот на почесната воена гардиска единица, поздрав на знамето на Република Македонија, обиколка на почесната воена гардиска единица и со поздрав од бугарскиот премиер, Борисов.

Бугарската делегација попладнево ќе се сретне со претседателот на македонското Собрание, Талат Џафери и со претседателот на државата, Ѓорге Иванов.

Првата средба на двата премиера Заев и Борисов, се одржа во Софија на 20 јуни.

 

Моника Талеска

Камера: Дехран Муратов

Tags: Бојко БорисовБугаријадобрососедствоДоговорЕвропска УнијаЗоран ЗаевМакедонијамеморандумипријателствоСКОПЈЕсоработкаСофија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ