• Latest

Загадувањето, Груевски и Мијалков во центарот на вниманието

November 21, 2018

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Загадувањето, Груевски и Мијалков во центарот на вниманието

November 21, 2018 15:50
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Темата за бегството на Никола Груевски и неговиот одобрен политички азил во Унгарија, останува сè уште во центарот на вниманието во сите медиуми. 

Па така, најновата вест во однос на тоа е изјавата на министерката за правда, Рената Дескоска, која рече дека Владата на Македонија ќе поднесе барање за отповикување на одлуката за азил на Груевски.

„Оваа процедура која што досега се спроведува во Унгарија е процедура која што ние ја очекувавме и ја знаевме дека прво ќе се даде одлуката на постапката за азил, а потоа би се разгледувало прашањето за екстрадиција. Барањето за екстрадиција е навистина образложено, со сите аргументи и доколку се одлучува врз основа на правни процедури врз правни основи треба да биде удоволено. Досега со Унгарија не сме имале проблем околу екстрадицијата во ниту еден случај. Никогаш Унгарија не покренала никакво прашање ниту за состојба во затвори, ниту за сомневање во делување на судството, за да одбие екстрадиција. Ова не е прва екстрадиција, која што ја бараме, но се надевам дека нема да отскокне да биде прва што ќе биде одбиена“, додаде Дескоска.

Ништо помалку внимание не предизвика и апсењето на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, кој вечера беше прведен во затворот во Шуто Оризари, на барање на Специјалното јавно обвинителство. Основниот суд – Скопје 1 му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

Продолжуваат и секојдневните „препукувања“ на двете најголеми македонски партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, па овој пат одлучија вината за загадениот воздух, наместо да го решат проблемот, да си ја префрлаат од една на друга страна.

„Најрасипничкиот и мегаломански буџет во историјата на Република Македонија предвидува повеќе пари за луксузни автомобили и мебел наместо за подобрување на квалитетот на воздухот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ, додека од СДСМ им возвраќаат – Лицемерето на ВМРО-ДПМНЕ, партијата симбол за расипништво, криминал и корупција, нема граници. Цели 11 години го игнорираше проблемот со загадувањето на воздухот додека парите на граѓаните ги трошешe на луксуз, лажен барок, скапи возила и криминални тендери преку кои се уништуваше зеленилото и се загрозуваше животната средина.

Од опозициската партија додаваат дека власта која ветуваше решавање на проблемот со загадувањето на воздухот, повеќе од 2 години нема преземено ниту една мерка во насока на подобрување на квалитетот на воздухот.

„Загадениот воздух веќе ги полни болниците, а најпогодени се малите деца, бремените жени, возрасните над 65 години и хронично болните. Високото ниво на канцерогените ПМ 10 предизвикува големи проблеми со кардиоваскуларните и респираторните органи. Зоран Заев и Петре Шилегов ги излажаа граѓаните. Ветуваа чист воздух веднаш, а поминаа две години и ништо не е преземено. Наместо повеќе пари за животната средина, власта со буџетот за 2019 година ќе потроши 7 милиони евра за луксузни автомобили и мебел“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Пред извесно време Комисијата за заштита од дискриминација  утврди дискриминација од Основниот суд Скопје 1 и судијката Добрила Кацарска преку непочитување на правото на фер постапка на осудениот на две години затвор, Никола Груевски, во предметот „Тенк“.

Со оглед дека Комисијата не ја образложи дискриминаторската основа, Мрежата за заштита од дискриминација излезе со реакција дека ваквата одлука целосно ја доведува во прашањe кредибилноста за вршењето на мандатот на ова институција која даде предност на претставката на Груевски пред другите претставки за кои законскиот рок од три месеци е одамна истечен.

Утврдувањето на дискриминација во случајот на поранешниот премиер е само уште еден показател за непрофесионалноста и пристрасноста на Комисијата, чии членови очигледно ја злоупотребуваат својата функција за да утврдуваат дискриминација кон своите политички истомисленици дури и во случаи каде очигледно нема дискриминација.

Надвор од политиката, денеска се одбележува светскиот ден на аудио-визуелниот медиум – телевизијата, 21 ноември, во чест телевизијата и денот на одржувањето на првиот Светски телевизиски форум, во 1996 година, прогласен со решение на Генералното собрание на ООН.

Телевизијата претставува симбол за комуникација и глобализација во современиот свет и како медиум сè уште е највлијателен медиум и покрај огромниот подем на интернетот, а според истражувањата дури 98 проценти од домаќинствата поседуваат барем по еден телевизор и секојдневно гледаат телевизија.

ТВ Скопје е првата телевизија во Македонија, формирана во шеесетите години, но официјалниот старт за работа е во 1964 година.

Под мотото „За нас сонцето изгрева на Запад“ годинава Македонија ќе ја одбележи 110 годишнината од Битолскиот конгрес.

Според вицепремиерот Бујар Османи, овие зборови на познатиот албански преродбеник Наим Фрашери ја покажуваат историската определба на Албанците кон вредностите на западната цивилизација.

Јубилејот ќе се одбележи со повеќе настани во Скопје и Битола кои ќе се крунисаат со утрешниот концерт на албанскиот виолинист Шкелзен Доли во Скопје заедно со Македонската филхармонија под диригенство на Михаел Мацијашчик од Полска.

А. Петровска 

Tags: азилалбанска азбукаВлада на Република МакедонијаВМРО-ДПМНЕзагадувањеМедиумиМинистерство за правдаНикола ГруевскиРената Дескоскасветски ден на телевизијаСДСМтелевизија
Share5TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ