• Latest

Жешка политичка недела и активно граѓанско општество

July 25, 2016
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Жешка политичка недела и активно граѓанско општество

July 25, 2016 18:00
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

НЕДЕЛЕН ПРЕСЕК: Турбулентна и напната политичка недела остана зад нас. Секако, настан кој ја одбележа неделата е политичкиот договор постигнат меѓу четирите партии вклучени во процесот Пржино. Со посредство на американскиот амбасадор Џес Бејли и Тиборг Бароди, претставникот на делегацијата на ЕУ во Македонија, партиите се договорија да се формира преодна влада 100 дена пред изборите. 

Monika Taleska
Пишува: Моника Талеска

 

Договорот подразбира дополнителни измени во Изборниот законик, како и низа нови чекори за ревизија на Избирачкиот список. Државна изборна комисија (ДИК) ќе го објави списокот на 39.502 спорни гласачи, чија проверка ќе трае 25 дена, а 171.500 лица, за кои се претпоставува дека се во странство, ќе бидат ставени на дополнителен дел на Избирачкиот список, но нивното право на глас не е спорно. Спорните 39.502 лица ќе бидат јавно објавени во рок од три дена по донесувањето на измените и дополнувањата на Изборниот законик. Во однос на преодната влада и ингеренциите на министерот за внатрешни работи, договорено е бројот на именувања на раководни лица во МВР да се ограничи на 15 по вертикала, за што согласност ќе треба да даде и Владата. Заменикот  министер во МВР ќе биде од редовите на ДУИ. Мандатот на министрите и на дополнителните заменици ќе заврши кога ДИК ќе ги објави конечните резултати. Примената на измените на Законот за внатрешни работи кои владејачките партии ги наметнаа неодамна, се одложува до почетокот на следната година.

Слободни избори – услов за кој не смее да се преговара!

Но, дел од македонската јавност со недоверба гледа кон последниот договор. Шарената револуција не го крие сомнежот дека партиите од власта ќе го имплементираат договореното. Затоа и натаму ги акцентира барањата: правда за граѓаните, казна за криминалците, демократизација на општеството, ослободување на институциите и надминување на кризата.

ЦИВИЛ-Центар за слобода којшто будно го следи секој чекор на политичката сцена, го поздрави, но имајќи ја во вид досегашната емпирија, изрази претпазлив оптимизам за меѓупартискиот договор. Ставовите на ЦИВИЛ се темелат на анализите на членовите на експертскиот тим. Оценка е дека договорот отвора шанси за уште еден договор, но следниот пат, конкретен и конечен, заснован на барањата на демократската јавност. Но, според ЦИВИЛ, синтагмата, ‘Слободни избори се услов за кој не смее да се преговара’ е императив за решавање на политичката криза во Македонија.

Политичкиот аналитичар, член на експертскиот тим на ЦИВИЛ, д-р Сашо Орданоски смета дека гаранциите на овој договор, се постигнати на tête-à-tête средбатa Нуланд-Груевски. Тој прогнозира дека ВМРО-ДПМНЕ на избори ќе настапи со ново раководство, кое ќе биде „исчистено“ од политичарите поврзани со кривичните пријави од аферата „Прислушување“ и од предметите на СЈО.

Турбуленциите на политичката сцена продолжуваат

Двете партии од македонскиот политички блок, по постигнатиот договор излегоа со позитивни коментари. Зачудувачки е што и Никола Тодоров (ВМРО ДПМНЕ) и Радмила Шекеринска (СДСМ)  ветуваат дека доколку се реализира договорот, Македонија ќе има фер, демократски и кредибилни избори и дека максимално ќе се залагаат за тоа.

Но, овие ветувања македонската, а и светската јавност ги слуша со години. Овој пат, ново и различно е што, позицијата на СЈО со овој договор не се доведува во прашање. Се чини, дека меѓународната заедница е децидна во заложбите, во Македонија да се врати владеењето на правото. Впрочем, тоа се и очекувањата на јавноста, да се создадат услови за реализација на судските постапки на СЈО, за што практичен пример е продолжувањето на едномесечниот притвор на битолскиот градоначалник, Владимир Талески.

Опозицијата се врати во Собранието, сиромаштијата остана на улица

Договорот повторно ги мобилизираше опозиционите партии во парламентот, каде паралелно се одвива политичкиот живот. Усвоени се измените на Изборниот законик. На пленарна седница пратениците расправаат за предложениот ребаланс на буџетот, затоа што БДП од проектираниот раст на 4 отсто, бележи пад на 2,3 отсто. Додека за опозицијата ребалансот е „коцкарски“, за ДПА е „антиалбански“, па се предвидуваат 300 амандмани.

Но, ребалансот сигурно нема да им смени ништо на околу 200 жители од ромска националност во имровизираната населба наспроти Градска плажа, покрај Вардар, на кои, со одлука на Град Скопје, треба да им се урнат домовите-картонски кутии, патентирани со најлони. Овие дискриминирани граѓани, репрезенти на социјално најзагрозената категорија граѓани во Македонија, не кријат дека за секои избори, претставници на политички партии им носат сендвич и сок и со возила ги превезуваат до избирачкото место.

Владата издаде евро-обврзаница, Груевски ја крстосува Македонија

Додека трае препукувањето на власта и опозицијата околу висината на просечната социјална помош, (според МТЦП – 4.927 ден, а според СДСМ – 2.831 ден), министерот за финансии Кирил Миноски, остана без коментар на новинарското прашање: Дали без евро-обврзницата со која Владата ги задолжи граѓан(к)ите за дополнителни 450 милиони евра, Македонија има пари за плати и пензии: Миноски тврди дека парите се наменети за буџетски потреби за оваа и следната година, а опозицијата и дел од јавноста изразуваат отворени сомнежи, дека со овие пари ќе се „купуваат“ гласови.

Во меѓувреме, лидерот на ВМРО ДПМНЕ и експремиер, Никола Груевски ја крстосува Македонија со огромна медиумска поддршка. Секој ден е во посета и на најмалите населени места, каде ветува решавање на инфраструктурни проблеми, кои неговата Влада ги ветуваше, но не успеа да ги реши во изминативе 10 години.

Во овој конфузен амбиент, зашто продемократската јавност очекува Груевски да се симне од политичката сцена, во најмала рака сѐ додека не добијат судска разрешница предметите на СЈО, а согласно со Договорот во Клубот на пратеници, да прекине “медиумската фатаморгана“ за невидениот “македонски рај“, растат дилемите и сомнежите дека реформите во медиумската сфера нема да го постигнат бараниот ефект. Но, опозициониот лидер, Зоран Заев е дециден дека ќе се постигне минимална медиумска регулација со новата законска регулатива.

Караванот на слободата во Тетово, 22 јули 2016.
Караванот на слободата во Тетово, 22 јули 2016.

Граѓанските новинари – прилог кон објективното новинарството

Во отсуство на објективна информација, на навремена, балансирана, вистинита вест во процесот на точно информирање на јавноста, ЦИВИЛ Медиа вложува огромни напори да даде нова перспектива, објективна призма на катастрофалната македонска реалност.

За да се спречи натамошната манипулација на граѓан(к)и нивна (зло)употреба само за избори како гласачка машина, преку проектот Караван на слободата што во текот на 3 месеци, со интензивна и набиена агенда, секојдневно ќе се спроведува во 30-ина општини во Македонија, ЦИВИЛ ќе ја сензибилизира јавноста. Со поддршка на УСАИД, граѓан(к)ите, по своја волја и без притисок, свесно и одговорно, ќе се мотивираат да гласаат на избори, сами да одлучат за својата иднина, за опцијата во која веруваат и да не дозволат и натаму да бидат инструмент во рацете на партиите, туку да станат будни и свесни за своите човекови права и слободи.

Излез од медиумскиот мрак и објективна слика на македонската реалност, даваат содржините, што граѓанските новинари од сите страни на Македонија постојано ги адресираат до ЦИВИЛ, откривајќи ги аномалиите во системот, прекршувањата на граѓанските слободи и злоупотребите на власта.

И според јавноста, сѐ додека не се врати објективното, балансирано новинарство на македонската медумска сцена, улогата на граѓанските новинари ќе биде клучна.

Tags: DogovorанализаБародиБејлиГруевскиДИКЗаевизбирачки списокизбориКараван на слободатакризаМВРполицијаСЈОЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ