• Latest

Националната стратегија за млади – без буџет и без млади!?

February 17, 2016

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
Запорижја, Украина, 29 јуни 2026 (фото: ДСНС)

Русија со нов масовен напад врз Украина: загинати цивили во Днипро и Запорижја, Кијив бара засилена заштита на украинското небо

June 29, 2026

Мицкоски бара внимание

June 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Националната стратегија за млади – без буџет и без млади!?

February 17, 2016 14:46
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Неодамна Владата ја усвои Националната стратегија за млади 2016 – 2025,  документ што ќе го дефинира креирањето на политиките и инвестирањето во младите во следните 10 години. Процесот на подготвување на Националната стратегија за млади, не беше инклузивен и не ги вклучил препораките на Националниот младински совет на Македонија – НМСМ, најголемата и најрелевантна платформа која ги претставува интересите и потребите на младите во земјава. Untitled  jkgПроблемот продолжува и со необјавувањето на текстот на Стратегијата, која и по петнаесет дена од усвојувањето, не е достапна за јавноста и младите, односно, веднаш по објавувањето на веб-страницата на Агенцијата за млади и спорт, беше повлечена.

Во соопштението на НМСМ, по тој повод, се наведува нивната загриженост, заради “изоставувањето на клучни мерки кои беа предвидени за младите, а кои без консултација, се исклучени од усвоениот документ како: Министерство за млади, бришење и/или парафразирање на описи, со цел – значително ублажување на фактичките состојби на младите во делот на образованието, отсуството на здравствената едукација и сеопфатно сексуално образование со сите свои компоненти, ставањето на барем едно контрацептивно средство на позитивната листа, како и акредитирањето, наспроти поддржувањето и препознавањето на неформалното образование”.

ЦИВИЛ – Центар за слобода, со цел – поттикнување на сé поголема вклученост на младите во креирањето на политики , има свој претставник во НМСМ. Според Дехран Муратов, претставникот на ЦИВИЛ во НМСМ: „’Транспарентната’ – а, всушност, нетранспарентно донесена стратегија за млади е доказ дека мислењето и препораките на дел од младите, чии организации се членки на НМСМ, што беа дел од тимот кои ја креирале Стратегијата за млади, се искористени и нивниот став не е земен предвид и воопшто го нема во новата стратегија. Но, за тоа се виновни и самите млади, затоа што, иако стратегијата е донесена пред петнаесет дена, членките на НМСМ сé уште размислуваат на кој начин да го искажат свото незадоволство. Сé додека младите молчат, институциите ќе носат одлуки кои се спротивни од нивните очекувања и барања. Сметам дека младите треба да се погласни и ќе ја искористам поговорката: ‘Се додека детето не досадува и не плаче, макјката нема да го дои’“, вели Муратов.

Документот е неприфатлив и за Младинскиот образовен форум – МОФ.

„За институциите, овој документ е поместување напред, но за младите е регресија, затоа што новата стратегија, нема буџет, нема индикатори, нема план за мониторинг и евалуација, не се знае дали ќе има акциски план”, смета Дона Костуранова од МОФ.

Националната стратегија за млади, само уште еднаш покажува дека Владата, продолжува да биде исполнителна во креирање на политики на хартија, но во пракса, младите и следните десет години ќе бидат врамени во стратегија која не ги вклучува нив. Или, ќе продолжи да форсира контра-здруженија и организации кои ќе пеат фалбоспеви за нејзината работа и ќе ги поддржува преку партиски обоената Агенција за млади и спорт.

А тоа на властите им овозможува да манипулираат со огромниот број млади и да ги користат во предизборни цели, преку партиска пропаганда и индоктринација од мали нозе или преку сатанизација  на секоја појава на критичко мислење и протест против контроверзните постапки на Владата. И паралелно, властите да се претставуваат како заштитиници на интересите на маргинализираните млади личности, притиснати од хаосот во образованието, невработеноста и целосно партизираната држава која ги оневозможува иновативноста и претприемништвото.  Дури и со (не)посточеки декадни стратегии за кои не е предвиден буџет…

Tags: Агенција за млади и спортбуџетмладиМОФНационална стратегија за младиНМСМобразованиереформиЦивил - Центар за слобода
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ