ВЕСТ НА ДЕНОТ
СДСМ стартува онлајн петиција против мигранти: „Време е народот да каже гласно НЕ!“
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денес ја најави првата сериозна граѓанска иницијатива против, како што наведе претседателот Венко Филипче, опасните и штетни политики на Владата на ВМРО-ДПМНЕ поврзани со можен прием на мигранти во земјата.
Филипче истакна дека е време да се крене гласот на народот и најави покренување онлајн петиција како прв чекор за спречување на, како што го нарече, антидржавното и антинационално однесување на Владата.
„Мора да кажеме одлучно не. Ги повикувам граѓаните да нè поддржат да нè подржат и да ни помогнат да го спречиме ова антидржавно и антинационално однесување на т.н. патриотска влада на ВМРО ДПМНЕ“, порача Филипче, прашувајќи дали цената за кредитот од 6 милијарди евра е токму прифаќање мигранти во Македонија, одлука што, според него, ќе ја плаќаат генерации во децениите што следат.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
МВР со силен апел: Петардите не се играчка – една грешка може да го промени животот!
Министерството за внатрешни работи (МВР), апелира до граѓаните за време на Новогодишните празници максимално да се воздржат од употребата на пиротехнички средства. Петардите не се играчка, нивното користење е строго забрането, а празничното пукање со петарди може да биде исклучително опасно по животот и здравјето, оставајќи екстремно тешки последици кои можат да го запечатат животот на младиот човек. Петардите се опасни и штетни.
РЕГИОН
Обвинение за шпионажа и терористички акт за три лица за експлозијата во Ибар-Лепенец
Косовското Специјално обвинителство поднесе обвинение против три лица за експлозијата во каналот Ибар-Лепенец на 29 ноември 2024 година.
Според соопштението, Ј.В., Д.В. и И.Д. се обвинети за кривични дела „загрозување на уставниот поредок со уништување или оштетување на јавни инсталации и опрема, „извршување терористички акт“, „недозволено поседување оружје“ и „шпионажа“.
СВЕТ
Борбите меѓу Тајланд и Камбоџа околу спорната граница се шират, додека бројот на жртви расте
Обновените борби меѓу Тајланд и Камбоџа околу спорната граница се проширија, бидејќи се пријавуваат повеќе смртни случаи и илјадници се раселени, пренесува Би-би-си.
Камбоџа вели дека уште двајца цивили се убиени во гранатирањето на тајландските сили во текот на ноќта, со што вкупниот број на жртви од нејзина страна се искачи на седум. Тајланд објави дека најмалку тројца војници се убиени.
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Дали владата е транспарентна во врска со договорот со Велика Британија за мигрантите?
ФОРУМ / ДЕМОКРАТИЈА
(ВИДЕО) Одбрана на демократијата 2025: Брифинг и разговор со Хедер Роберсон
ЦИВИЛ – Центар за слобода одржа меѓународен онлајн брифинг, на кој ги претстави клучните теми на претстојната деветдневна програма „Одбрана на демократијата: Хоризонти на слободата“. Настанот ги обедини новинарите, партнерите и експертите за да разговараат за менливиот пејзаж на хибридните закани со кои се соочуваат Западен Балкан и Европа.
Претседателот на организацијата, Џабир Дерала, ја отвори сесијата истакнувајќи ја долгорочната работа на ЦИВИЛ во областа на демократијата, човековите права и раното предупредување. Тој нагласи дека денешните демократски предизвици се обликувани од тврда моќ, мека моќ и сè повеќе — алгоритамска моќ. Дезинформациите, странското мешање и прекуграничните пропагандни мрежи поврзани со Русија и понатаму ги разголуваат ранливостите во регионот, особено за време на избори.
ЦИВИЛ – Центар за слобода одржа тркалезната маса на тема „Демократска отпорност: Стратегии и споделени решенија“ во рамките на деветдневната стратешка, граѓанска и мултимедијална програма по повод Неделата на човековите права 2025 – „Одбрана на демократијата: Хоризонти на слободата“ – поддржана од Сојузното министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија, и реализирана во соработка со партнерите во Иницијативата за глобална одбрана на демократијата (DDGI) и Алијансата Вестминстер за Украина (WA4U) – меѓу кои Media Dialogue, Youth4Media, New European People’s Forum (Германија), Асоцијацијата Жан Моне (Франција) и Centro Studi Internazionali (Италија) .
Оваа тркалезна маса ги здружува експертите и практичарите за да ги проценат демократските ранливости откриени во последните години и да идентификуваат практични мерки за зајакнување на институционалната, граѓанската и општествената отпорност.
Учесниците на тркалезната маса: Зоран Иванов – новинр и аналитичар, Луан Имери – активист за човекови права и регионален претставник за Европа и Централна Азија на Aflatoun International, и Џелал Хоџиќ – претседател на СДА Македонија, заедно со модераторот Драган Мишев дебатираа на теми поврзани со проценкат на состојбата на демократијата и човековите права во земјата и регионот – авторитарни тенденции, хибридни закани, медиумска ситуација, ранливости на демократските институции: каде што е применливо – компаративна анализа на регионално ниво, Руски/српски свет во регионот и Патот напред – препораки за демократска акција, каде направија споредба националните и регионалните пристапи, научените лекции и ги истакнаа приоритетните чекори за градење покоординирана и поцврста демократска одбранбена архитектура.
Д. Муратов












