• Latest

24 ЧАСА: Стартува системот „Најди ме“ за потрага по исчезнати лица; неодговорни политичари ризикуваат да ни се повтори грешката од Букурешт 2008 година; учениците од Гостивар со силни пораки за мултикултурализмот

December 18, 2023

24 ЧАСА: Притвор за напаѓачот по инцидентот во Штип; јавна осуда од клубовите и ФФМ; Гаши потврди – на избори со стар Изборен законик; четири новинари загинаа во израелските напади на Газа

August 25, 2025
Фото: Wikimedia commons

Осум дена притвор за 43 годишниот родител кој нападна двајца 15 годишни фудбалери на штипска „Брегалница“

August 25, 2025
Илустрација: ВИ

Каде завршува информирањето, а каде почнува пропагандата, што е што во изборен контекст

August 25, 2025
Фотографија:  Алфонс Маис, Фејсбук профил

Германски генерал, Алфонс Маис: Верувам дека сите наши војници знаат што да очекуваат

August 25, 2025
Фотографија: Скриншот Платформа Х

Петти ден како гори руска рафинерија по украинските напади на енегретскиот сектор

August 25, 2025
Фотографија: МИА

Две собраниски седници пред изборната кампања, Гаши на координаторите на пратеничките групи им доставил Декларација за фер и демократски избори

August 25, 2025

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ (РЕАКЦИИ): Граѓаните бараат предвремени избори и конфискација на незаконски стекнат имот

August 25, 2025

ОЈО побара притвор за родителот што нападна двајца младински фудбалери на Брегалница

August 25, 2025
Фото: Wikimedia Commons

Франција го повика американскиот амбасадор Кушнер на разговор поради обвинувачкото писмо до Макрон за растечки антисемитизам

August 25, 2025
Скриншот од Youtube видео -ЛНОБТ

Украина и Литванија потпиша документ со намера за заедничко производство на одбранбени производи

August 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Стартува системот „Најди ме“ за потрага по исчезнати лица; неодговорни политичари ризикуваат да ни се повтори грешката од Букурешт 2008 година; учениците од Гостивар со силни пораки за мултикултурализмот

December 18, 2023 17:39
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Се промовира najdime.org.mk – веб страницата на Системот за рано предупредување за исчезнати деца

Завршната конференција на проектот „Пилот-проект за Систем за рано предупредување за исчезнати деца“, на која ќе биде промовирана веб-страницата на Систем за рано предупредување за исчезнати деца – najdime.org.mk. Веб-страницата ќе биде на три јазици – македонски, албански и ромски, а ќе фунционира со поддршка на Министерството за внатрешни работи.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Османи: Неодговорни политичари ризикуваат да ни се повтори грешката од Букурешт 2008 година

Паметните учат од туѓите грешки, непаметните од своите. Ние се доведуваме во ситуација, ни од своите грешки не учиме. Дозволуваме повторно едни темни сили – националистички, да ни ја киднапираат иднината заради лични агенди. Јас сум сигурен дека подоцна ние ќе најдеме решение бидејќи времињата не се од Букурешт 2008 година, но теоретски ризикот е ние уште една декада да изгубиме, истакна Османи, повикувајќи ги опозициските партии да не останат индиферентни во овие критични времиња за иднината на земјата, да мислат за следните генерации наместо за следните избори, вели Османи.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ИНТЕГРАЦИИ Единствен услов за отворање на првиот кластер се уставните измени, останати изјави се политички став, вели вицепремиерот Бојан Маричиќ одговарајќи на новинарски прашања за изјавата на бугарската вицепремиерка, Марија Габриел…

СНАБДУВАЊЕ СО ГАС Специјално прилагодениот танкер „Александрополис“, односно пловната единица за складирање и регасификација (FSRU) доплови до грчкиот град Александрополис, од каде што, откако ќе биде ставена во функција, веројатно во првиот квартал од 2024 година, ќе снабдува со приоден гас низа земји, меѓу кои и Северна Македонија.

ПАНЕЛ ЗА ПРОШИРУВАЊЕ НА ЕУ Геополитичките поместувања во Европа ја подотворија вратата за проширување и тоа е шанса што Северна Македонија треба да ја искористи, но нема да трае предолго. Тезата дека нема потреба од брзање, е погрешна, нереална и многу опасна за нас…

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Русија речиси сигурно ќе користи методи, вклучувајќи суштинска изборна измама и заплашување на гласачите во привремено окупираните области на Украина за да се осигура дека Путин ќе победи на таканаречените……

Откриени се тајни уреди за прислушање во канцелариите на врховниот командант на вооружените сили на Украина Валериј Залужњи и членови на персоналот, објави Генералштабот на вооружените сили на Украина на Фејсбук

КОНФЛИКТИ

Додека Советот за безбедност на ОН се подготвува за нова резолуција со која повторно ќе повика на итен прекин на огнот во Газа, во обновените израелски напади врз бегалскиот камп Џабалија, во северниот дел на Газа, загинаа 90 Палестинци.

МУЛТИКУЛТУРА

Ученици од 8 училишта во општина Гостивар со силни пораки за мултикултурализмот

ЦИВИЛ и  Општина Гостивар денеска одржаа мултимедијален настан „Заедно за подобра иднина“ во Гостивар.

Ученици од осум основни училишта во општината учествуваа на конкурсот со избор од креативни ликовни творби, кои беа изложени во просториите на општина Гостивар. Со одлука на комисијата за оценување, градоначалникот Арбен Таравари додели  награди на најуспешните учесници, а ЦИВИЛ  додели сертификати за учество на сите што беа дел од овие активности.

АНАЛИЗИ

Врховниот командант на вооружените сили на Украина Валериј Залужњи планира нова контраофанзива. Украина најверојатно ќе собере ресурси за нови операции во 2024 година. Германскиот весник „Велт“ објави текст според кој контраофанзивата што ја планира Украина за 2024 година очигледно ќе биде онаа што ја планира Валериј Залужни за ова лето. Тоа ќе се одвива според сценариото развиено од врховниот командант на ВСУ. Контраофанзивата ќе биде како што требаше во летото 2023 година. Според изданието, Залужни не бил љубител на започнување контраофанзива во 2023 година, бидејќи не видел големи шанси за успех без доволна поддршка од воздух, пишува Драган Мишев во анализата „Залужни планира нова украинска контраофанзива во 2024 година“.

Познато е дека Путин има изгубено контакт со реалноста, па сега изјавува дека е „изненаден“ од економските потешкотии со кои се соочуваат неговите граѓани, и замижувајќи пред очигледните проблемите, продолжува со пропагандните наративи тврдејќи дека руската економија напредува, носејќи благосостојба на нејзините граѓани и покрај тоа што е најсанкционирана економија во светот. Се чини дека од новонастанатата ситуација, засега единствена корист има токму Путин. Колку помалку јајца кај граѓаните, толку е помала веројатноста некое јајце да биде фрлено кон неговата глава, пишува Драган Мишев во викенд анализата „Зошто Русите немаат јајца?“

СЛОБОДНА ЗОНА 

Северна Македонија, за жал, не го искористи својот моментум на кој повикуваа европските пријатели. И наместо овој Самит да биде повод за славење и кај нас, за продолжување со отворањето на поглавјата од сите кластери од преговорите со ЕУ и за продолжување на нашиот евроинтеграциски пат, благодарение на нашата спутник – опозиција, останавме да орбитираме околу Унијата, за на крај, неминовно, или да бидеме исфрлени од орбитата кон некои далечни и темни катчиња на Универзумот, или како истрошен сателит, да согориме во атмосферата и едноставно да не снема., пишува Драган Мишев во колумната „Спутник опозиција“.

Добро, ќе рече некој, во пракса никогаш не е така, има оцени меѓу 1 и 5. Но, едно време за да се запишеш на некој тежок факултет, медицина на пример, една четворка во сите свидетелства можеше да те елиминира. Ама ние петкашите ги бркаме, ни пречат, бидејќи во нивно присуство се чувствуваме мали. Ама, што правиме, ако без нив не бидува? Ќе промениме нешто во системот? Или ќе продолжиме да пропаѓаме, обвинувајки се меѓусебно и барајќи вина во „белиот свет“, пишува Војо Маневски во „Од втора лига се игра ли во Европа?“

Дали со тоа што ВМРО-ДПМНЕ сега интензивно ја форсира тезата дека корупцијата, а не нивната блокада, е причината што Македонија месецов не ги почна преговорите со ЕУ е некакво задоцнето перење совест или е тоа ново сеење магла како онаа дека сите не мразат, дека ќе ни ја украле историјата или дека ќе сме се бугаризирале…пишува Зоран Иванов по допрен глас во „Малата вмровска победа во големиот македонски пораз“.

Подготви: Д. Мишев

Print Friendly, PDF & Email
Tags: анализивњатиизјавиколумниМултикултураСвет
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Одбележан Денот на независноста на Украина во Скопје: Мирот е единствена опција

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Ивановска по распитот во Обвинителство: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ