ДРАГАН МИШЕВ
Денес, премиерот Христијан Мицкоски се пофали на својот Фејсбук профил дека 30 дена работел(е) посветено и одговорно кон граѓаните.
Продолжуваме фуриозно да ги решаваме насобраните проблеми и тоа онаму каде што е најтешко, онаму каде што граѓаните најмногу се жалат, напиша Мицкоси.
Штотуку на седницата на Влада, усвоивме информација за 600 нови вработувања на приватни специјализанти за потребите на Јавните здравствени установи.
– Шанса за младите доктори
– Помалку гужви во болниците
– Поголема грижа за пациентитe
– Знаење и конкуренција во здравството.
Министерството за здравство ќе ги утврди критериумите за ангажирање на овој кадар.
Продолжуваме да работиме за граѓаните.
Квалитетно здравство,
За тебе!???
Како до квалитетно здравство, кога во ребалансот на бушетот, со одлука на истата Влада предводена од Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ изгласа кратење на буџетските средства за здравството?
Помалку гужви во болниците додека во двете главни болници ви главниот град, каде на лекување доаѓа пола Македонија, не работат операционите сали, и не се знае кога ќе проработат.
Како до квалитетно здравство, кога со ребалансот се преполовува износот за изградба на Клинички центар во Скопје и Штип.
Како работи(те) за поголема грижа за пациентите, кога според вашиот ребаланс помалку пари ќе има и за медицинска опрема во јавните здравствени установи, во кои се опфатени активности за набавка на неопходна медицинска опрема со која би се овозможил подобро здравство за граѓаните со обезбедување на подобри услуги, дијагностика и престој во дневни болници.
Во насока на подобро здравство ли е кратењето на средстава за болницата во Кичево и на и онака малкуте средства предвидени за изградба на амбуланти во рурални средина?
Или во поквалитетно здравство премиерот го смета летање со бизнис класа поради болки во колена?
Текстот е личен став на авторот