• Latest
Добро утро со Орданоски

Искршен порцеланот во кабинетот на г-жа Захариева

December 18, 2020
Shelling aftermath in Olenivka, Donetsk region, July 29, 2022. Photos from open sources

Украинските обвинители истражуваат егзекуции на 322 воени заробеници од страна на Русија

October 6, 2025
Фото: Д.М, ЦИВИЛ

Уапсен советникот на директорот на полицијата на РС и неговите синови под сомнение дека нападнале полицајци во Бања Лука

October 6, 2025
Фото: Фејсбук

Итно започнување на преговорите за пристапување на Молдавија во ЕУ, побараа 55 европратеници од 19 земји-членки

October 6, 2025
Делегација на Хамас пристигнува во Египет на преговори со Израел. Фото: Скриншот од видео на
WION

Делегацијата на Хамас пристигна во Египет на индиректни разговори со Израел за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Без докази и без мерка: Уште еден напад од Ана Брнабиќ врз независните медиуми

October 6, 2025

24 ЧАСА: Втора недела изборна кампања; лидерите на Западен Балкан на самитот „Брдо-Бриони“ во Драч; нападната најголемите руска фабрики за експлозиви; изборни ветувања

October 6, 2025
Еден од најголемите производители на експлозиви и муниција во Русија, државната фабрика Свердлов, која се наоѓа во градот Џержинск во областа Нижни Новгород. Фото: Википедија

Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

October 6, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Рама ја поништува одлуката со која ги „амнестира“ кулите на олигарсите; Кој ќе биде новиот лидер на СПАК; Османи го обвинува Вучиќ дека се обидел да ја наруши средбата Брдо-Бриони

October 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на DW

Канцеларот Мерц смета дека Русија стои зад многу од неидентификуваните дронови над Германија

October 6, 2025

Мицкоски во офанзива против Али Ахмети: Изборна трка или етничка доминација?

October 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Искршен порцеланот во кабинетот на г-жа Захариева

December 18, 2020 07:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, ТОП 5
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

Нашиот напор да отвориме преговори за зачленување во ЕУ станува драма што не можеше сосема да се предвиди. Бугарската влада, според сите евро-атлантски реакции (речиси без значаен исклучок) толку ја оплеска не само заради ветото кон Македонија (а и Албанија), туку уште повеќе и заради недоделканите „историски“ причини за тоа вето, што во Брисел вчера се случи европски преседан: Чешка и Словачка – во заедничко соопштение на нивните министри за надворешни работи! – го спречија донесувањето на Заклучоците на Советот за проширување, предложени само ден порано.

Острината на таа заедничка чешко-словачка изјава ретко се чита во некој документ во Брисел: „после внимателно разгледување“ на предложениот текст, двајцата министри директно соопштуваат дека „не сме во состојба“ да се согласиме со предлогот; текстот содржи „елементи“, вклучувајќи го и „значењето на фалсификувањето на историјата“, што ќе предизвика „погубен ефект“ врз европската стратегија за проширување, со потенцијални „понатамошни компликации“ на тој пат; преговарачката рамка треба „што поскоро“ да биде усвоена, а барањата (на Бугарија) можат да се „акомодираат“ без натамошни „темелни импликации на пристапот на Унијата“.

Потоа следува онаа епохална позиција дека „нема да дозволиме Унијата да биде судија на нашата (чешко-словачка) споделена историја, како се идентификуваме себеси или каков јазик користиме“, што треба да се решава билатерално, вон процесите на ЕУ.

На крајот, двајцата министри заклучуваат дека се „длабоко разочарани“ заради блокирањето на Северна Македонија и Албанија, со неодобрувањето на рамката за преговори со ЕУ.

Хууух! Вчера мора да се разлетал на парчиња рускиот порцелан во кабинетот на госпожа Захариева! Ваква шлаканица не паметам дека некој во ЕУ некому му ја влепил, на отворена сцена, па и за многу поголеми меѓусебни недоразбирања во современата историја на Унијата.

Но, работата за Софија е полоша дури и отколку што изгледа на прв поглед: ваков демарш не се прави без, најверојатна, „заднинска“ поддршка на европски и (!) воневропски фактори, кои од пристојност овде не би ги именувале. Тие фактори имаат гумени ѓонови, нема да ги слушнете како „клепетаат“ по ходниците, пред да стане предоцна.

Пораката до „администрацијата“ на Борисов е непријатна, јасна, а и гласна: Претеравте!

Бугарија и инаку ја потцени цврстината и регионалната „вжлебеност“ на позицијата на македонската држава со она што е постигнато – со голем евро-атлантски влог! – во последните 3-4 години. Во Софија навистина ли не разбираат колку се тие постигнувања необични и прогресивни за Балканот, или мислат дека е тоа само македонски, домашен, некаков локален успех?! И дека Каракачанов е политичкиот формат кому ќе му се дозволи, туку-така, пазарџиски, националистички да интервенира во некои темелни евро-атлантски интереси на Балканот?

Се разбира, оваа чешко-словачка интервенција, во последен момент, враќа нешто од кредибилитетот на ЕУ на Балканот, иако на Македонија не ѝ одговара меѓународната бламажа на нашиот источен сосед. Ние за тоа не сме виновни, напротив, но Бугарија нема како од ова да не излезе со фрустрации што ќе се рефлектираат врз нашите билатерални односи. А имаа прекрасна можност за заедничка прослава на почетокот на нашите преговори.

Ќе се игра оваа игра уште долго време. Но, како што наликува, багерот (од мојата вчерашна колумна) е запален. Довиждане во 2021 година.

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Тесктот е личен став на Авторот.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: АвстријаБугаријаветоЕУЗахариеваинтеграцијаисторијаСловачкаЧешка
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    152 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ