• Latest
Прес конференција на Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. голем број новинарски екипи од целиот свет во прес салата на НАТО во Брисел, 13 февруари 2023.

НАТО го зголемува военото производство; Столтенберг најави соработка меѓу сојузниците и за безбедносни прашања поврзани со вселената

February 13, 2023

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Повик за помош на амбуланта во близина на фронтот

October 27, 2026

Горивата во Македонија пред нова ценовна одлука по турбуленциите на светските пазари

October 26, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Лула повторно претседател на Бразил, нов предизвик за Трамп во Латинска Америка

October 26, 2026

Бугарија оди во втор круг: Јотова во водство, Ѓуров ја бара поддршката за пресврт

October 26, 2026
Александар Вучиќ го призна поразот( Фото: Скриншот од видео на EuroNews Србија)

По поразот на Вучиќ: Реакции од регионот и Европа

October 26, 2026

ИЗБОРИ ВО СРБИЈА | КЛУЧНИ МОМЕНТИ: Постизборна дискусија на ЦИВИЛ – Вучиќ падна – што се случи и што следува? (ВИДЕО)

October 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

НАТО го зголемува военото производство; Столтенберг најави соработка меѓу сојузниците и за безбедносни прашања поврзани со вселената

February 13, 2023 19:44
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, ТОП 5
Прес конференција на Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. голем број новинарски екипи од целиот свет во прес салата на НАТО во Брисел, 13 февруари 2023.

Прес конференција на Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. голем број новинарски екипи од целиот свет во прес салата на НАТО во Брисел, 13 февруари 2023.

Share on FacebookShare on Twitter
  • НАТО ги зголемува инвестициите во производството на муницијата.
  • Балоните се дел од засилените разузнавачки операции на Кина и Русија.
  • НАТО работи на подобрување на соработката меѓу сојузниците и за безбедносни прашања поврзани со вселената.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг одговори на голем број прашања на речиси едночасовната прес конференција во Брисел со која го најави утрешниот состанок на министрите за одбрана на НАТО. Меѓу другите, новинарот на АФП го постави прашањето за капацитетот на НАТО да ја снабдува Украина со муницијата која е толку потребна во пресрет на руската офанзива.

„Ова прашање (за муницијата) почнавме да го разгледуваме минатата година, затоа што видовме дека единствениот начин да се испорача големиот износ на поддршка за Украина е преку копање во нашите постоечки залихи. Но, секако, долгорочно, не можеме да продолжиме да го правиме тоа, туку мора да произведеме повеќе, за да можеме да испорачаме доволно муниција за Украина, но истовремено, да обезбедиме доволно муниција за да ги заштитиме и одбраниме сојузниците на НАТО, секоја педа од сојузничката територија“, рече Столтенберг.

Како и во своето излагање на почетокот на прес конференцијата, Генералниот секретар на НАТО најави и зголемување на индустриското производство на муниција во земјите членки на Алијансата, што ќе значи и поголеми трошоци за одбраната.

„Неколку сојузници веќе имаат одлучено и договорено долгорочни договори со индустријата, за да можат да ги зголемат инвестициите за производство за зголемување на инвестициите. Така што сум убеден дека сека сме на вистинскиот пат, што ќе ни овозможи и да продолжиме да ја поддржуваме Украина, како и да ги обновиме нашите залихи. А тоа само ја покажува важноста за зголемени трошоци за одбрана. Поради сето ова, се разбира, потребни се поголеми трошоци за одбрана од страна на НАТО сојузниците“, изјави Столтенберг.

Во врска со балоните што беа забележани и соборени во Северна Америка, беше поставено прашањето дали НАТО го засилува своето надгледување и на Европа.

„Мислам дека тоа што го видовме на САД – јас бев во САД минатата недела – е дел од една шема, каде Кина, но и Русија, ги зголемуваат своите разузнавачки активности против НАТО сојузниците со многу различни платформи. Тоа го гледаме со сајбер просторот. Го гледаме со сателитите, сé повеќе сателити, а го гледаме и со балоните“, изјави Столтенберг.

Затоа, според генсекот на НАТО, потребна е поголема будност и присуство во одбраната на воздушниот простор, но и споделување на разузнавачки податоци меѓу сојузниците.

„Тоа ја истакнува важноста на нашата будност, нашето зголемено присуство, како и дека треба да се засилиме во однос на тоа како споделуваме разузнавачки податоци и како го набљудуваме и штитиме нашиот воздушен простор. А всушност, едно од прашањата што ќе го разгледуваме на министерскиот состанок утре е зголемената соработка помеѓу сојузниците во вселената“, рече Столтенберг.

Тоа, според него, значи споделување повеќе податоци, собирање повеќе податоци и од комерцијалните сателити и потоа нивно споделување со структурата на НАТО командата.

„Значи, тоа е дел од севкупната слика, како правиме повеќе за да мониторираме и да имаме доволно надгледување. Ова го штити целиот наш воздушен простор“, изјави генералниот секретар на НАТО, Столтенберг.

Џ. Дерала од Брисел

(ВИДЕО) Кои се трите главни пораки на генсекот на НАТО, Столтенберг?

Tags: балониВселенаКинамуницијаНАТОразузнавањеРусијасојузницисоработкаУкраина
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ