• Latest

Владата ја замрзна цената на лебот; Столтенберг – Украина во НАТО е апсолутна црвена линија за Москва, но тоа е и долгорочна перспектива; блокирани сметките на „Жан Митрев“; Дерала му одговори на Мицкоски

February 28, 2023

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Владата ја замрзна цената на лебот; Столтенберг – Украина во НАТО е апсолутна црвена линија за Москва, но тоа е и долгорочна перспектива; блокирани сметките на „Жан Митрев“; Дерала му одговори на Мицкоски

February 28, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Вест на денот е дека се укинува повластената струја за компаниите од прехранбената индустрија и се замрзнува цената на белиот и полубелиот леб од 450 грама на 33 денари, одлучи Владата.

Ова го соопшти денеска премиерот Димитар Ковачевски на заедничката прес-конференција со министерот за економија Крешник Бектеши.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Столтенберг: Влезот на Украина во НАТО е апсолутна црвена линија за Москва

„Земјите на НАТО се согласни дека Украина треба да стане членка на Алијансата, но во исто време тоа е долгорочна перспектива“, рече Столтенберг за време на посетата на Финска, повикувајќи да се изгради „рамка“ за да се спречи во иднина Украина повторно да биде нападната.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на прес конференцијата во седиштетот на НАТО, 15 февруари 2023 (фото: Џ. Д. / Цивил)

„Прашањето сега е да се осигураме дека Украина ќе остане независна и суверена држава, а за тоа мора да ја поддржиме Украина. Војната на претседателот Путин во Украина продолжува и нема знаци дека тој ги менува своите планови. Тој сака да ја контролира Украина и не се подготвува за мир, туку за продолжување на војната. Ние исто така треба да разработиме рамки кои ќе гарантираат дека претседателот Путин и Русија нема повторно да ја нападнат Украина“, изјави Столтенберг.

ФЛЕШ ВЕСТИ

БЛОКИРАЊЕ СМЕТКИ Клиниката „Жан Митрев“ соопшти дека на еден ден пред да отпочне судскиот процес, од страна на Кривичниот суд е донесено решение за определување на предлог мерки кои предвидуваат целосно блокирање на сметките на болницата.

ПРАВДА Денеска во Охридскиот суд започнува судењето за предметот околу претепувањето на секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“, Христијан Пендиков.

ПРЕКИН НА СУБВЕНЦИИ Одлуката што денеска ја донесе Владата со која се укинува субвенционираната цена на електричната енергија за компаниите од прехранбениот сектор, откако најголемиот дел не ја намалија цената на основните производи, се очекува утре да биде објавена во Службен весник.

ЕВТИНА ТАРИФА Министерот за економија Крешник Бектеши денеска рече дека има можност да се врати дневната евтината тарифа на струјата.

(ИЗБОР) Албански медиуми

Средбата Курти-Вучиќ за ЕУ е успешна; Европскиот предлог останува непроменет; опозицијата го обвинува Курти

Вчерашната средба помеѓу Курти и Вучиќ од ЕУ ја оценија како успешна, иако не е потпишано ништо, а од Владата на Република Косово соопштија дека европскиот предлог е непроменет, но дека Србија не била подготвена да потпише а од друга страна, опозицијата го обвинува Курти дека  прифатил да се формира Заедница на општини со српско мнозинство.

Ова се главните теми во текот на минатата вечер и денеска, во албанските медиуми, и дел од изборот на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

ЦИТАТИ

Костовски на конференцијата „Украина – година на хероизмот“: Заканите за бомби во Прилеп почнаа откако се отвори Конзулат на Украина

„Секоја војна има три елементи – воен, психолошко пропаганден и економски. Мора да се истакне дека војната во Украина не започна лани, туку во 2014 година, значи оваа војна не трае една година туку многу повеќе, меѓутоа пред сè Европа сака да си ги исчисти своите флеки на валканата совест, бидејќи ја фрли раката од телото на гладниот лав и сметаше дека ќе го спаси“, рече, меѓу другото, Љубомир Костовски, новинар и политички аналитичар, на конференцијата „Украина – година на хероизмот“.

ЕДИТОРИЈАЛ

„Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, влегува во лична пресметка и се нафрли врз мене со клевети и закани. Но не сум само јас таргетот. Тој во својата објава се обидува да ги дискредитира медиумите и да им се закани. Со ваквото однесување, Мицкоски директно ја загрозува слободата на говорот и медиумските слободи. Овој атак не е насочен само против редакциите што произволно ги наведува во својата објава, туку и кон сите други што би се дрзнале да кажат нешто што нему или на неговата партија на им се допаѓа“ – напиша Џабир Дерала во својот едиторијал под наслов „Не само што нема зошто да му се извинам на Мицкоски, туку јас барам извинување од него“, како одговор на јавниот линч против него од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Џабир Дерала (фото: Кирил Михаилов)

„Познато, премногу познато – сме го поминале сето тоа. За жал, ваквото однесување не е само наше минато, туку и горчлива сегашност“, пишува Дерала, меѓу другото.

АНАЛИЗА

„Вчерашниот ден за косовскиот премиер Албин Курти, и претседателот на Србија Александар Вучиќ беше долг. Прво имаа состанок со европските посредници Џозеф Борел и Мирослав Лајчак за потоа да имат „тет а тет“ средба.

Сите овие состаноци и дискусии имаа единствена цел: договорот за француско-германскиот план кој што првично така беше наречен, а сега европски план. Се чини дека такво нешто е постигнато откако страните, односно Курти и Вучиќ се договорија за овој план. Но сепак, немаше потписи.“, се вели во анализата на Назми Абдурахмани за ЦИВИЛ Медиа „Спроведувањето на Косовско-српската спогодба потешко од согласувањето за самиот договор“.

БЛИЦ КОМЕНТАР 

„На изјавите на Мицкоски за нови парламентрани мнозинства највеќе се радуваат од СДСМ, бидејќи знаат дека по неговите најави, секогаш доаѓа до зголемено Владино мнозинство. Излегува дека најголем сојузник на владината коалиција предводена од премиерот Димитар Ковачевски е токму водачот на најголемата опозициска партија.“, Драган Мишев во блиц коментарот „Христијан Мицкоски нов министер за опозиција“.

Д. Тахири

 

 

Tags: „Украина – година на хероизмот“АЛ-ПРЕСДневникевтина тарифаЖан Митревзамрзнати ценилебНАТОСтолтенбергструјаУкраина
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ