• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Косовските републиканци со мото „Заедница- Тројански коњ „Србија“, министерството за правда ги бара двајцата притворени во Србија да се префрлат во Косово, Курти со посвета за Ѓинѓиќ

March 13, 2023

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Косовските републиканци со мото „Заедница- Тројански коњ „Србија“, министерството за правда ги бара двајцата притворени во Србија да се префрлат во Косово, Курти со посвета за Ѓинѓиќ

March 13, 2023 10:53
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во Косово денеска Републиканците ќе одржат конференција под мотото „Заедница – Тројански коњ „Србија“, косовската министерка Хаџиу поднела барање до правосудниот орган во Србија, двајца притворени косовски граѓани под обвинение за воени злосторства во 1999 година, да се префрлат во Косово. Косовскиот премиер Албин Курти на годишнината од убиството на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ, изјави дека е единствениот политичар кој не соработувал со Милошевиќ, и дека во Србија имало демократија само за време на неговата влада.

Ова се дел од темите од денешниот избор на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот.

КОСОВО

Инфокус: Републиканците на Косово денеска одржуваат конференција за „Заедницата“

Републиканците на Косово (РЕК) денеска одржаа прес-конференција во врска со формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство на Косово, со мотото „Заедница – Тројански коњ „Србија“, пренесе косовскиот дневник Инфокус.

КланКосова – Хаџиу со официјално барање до Србија: Да се ​​префрлат на Косово двајцата Косовари кои се наоѓаат во српските затвори

Министерката за правда Албулена Хаџиу посочи дека поднела барање до правосудниот орган во Србија двајца косовски државјани да бидат префрлени на Косово.

Хаџиу рече дека станува збор за Незир Мехметај и Петрит Дулан, кои се притворени во Србија под обвинение дека во 1999 година извршиле воени злосторства врз цивилното население на Косово, пренесува Кланкосова.

Зери – Курти се сеќава на Ѓинѓиќ на 20-годишнината од убиството: Под неговата влада Србија имаше демократија

Курти рече дека Ѓинѓиќ е меѓу ретките политички лидери во Србија кои не соработувале со Милошевиќ.

„Владата на Србија веќе ќе размислуваше за одбележување на 100-годишнината од макабрното убиство на кралот Александар Обреновиќ, неговата сопруга и двајцата браќа, премиерот и неговиот министер за војска. Оваа стогодишнина беше на два и пол месеци, кога беше убиен премиерот Зоран Ѓинѓиќ, меѓу ретките политички лидери на Србија кои не соработуваа со Милошевиќ, иако тој никогаш не ја реши противречноста меѓу (западниот) либерализам и (српскиот) национализам. “, пренесе косовскиот дневник Зери.

АЛБАНИЈА

Репортери -Еди Рама: Пирамидата од Тирана, наскоро најголемиот центар на дигитална технологија на Балканот

„Проектот за ревитализација на пирамидата во Тирана има за цел да го трансформира во мултифункционален центар во градот, обезбедувајќи простор за младите и луѓето да се занимаваат со уметност, култура и креативна технологија.

Овој центар финансиран од Владата, Општина Тирана и Американскиот фонд за развој, ќе има 18 соби во кои младите ќе можат да учат за различни компјутерски програми и 14 други паралелки кои се замислени во природа.“, пренесува албанскиот дневник Репортери.

Панорама: Албанија, светски шампион по број на заменици и министерства…

„Албанија по бројот на заменици и министерства е светски првак за запишување во книгата „ГИНЕС“: Составена од 140 заменици и 16 министри, 12 жени и 4 мажи! “, пишува меѓу другото во статијата објавена во албанскиот дневник Панорама.

КОЛУМНА

Перископи: Лаудатио за Саранда Богујевци!

„Говорот на пратеничката Саранда Богујевци, која јавно изјави дека решила да стане мајка со помош на науката (вештачко оплодување), е чекор за ослободување на жените од стереотипите и им помага во борбата за социјална еднаквост.

Саранда Богујевци го потресе косовскиот и пошироко албанскиот и балканскиот патријархален систем на вредности, кој ја третира жената како сопственост, а тоа јасно се виде кога беше изложена на невидено малтретирање и насилство на социјалните мрежи.“, извадок од колумната Лаудатио за Саранда Богујевци!, од косовскиот автор Халил Матоши, објавена вомагазинот Перископи.

Д. Тахири

Tags: Албанијаалбански медиумиЃинѓиќЗаедницаизборКосовоКуртирегионрепубликанциХаџиу
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ