• Latest
Фото: МИА

24 ЧАСА: Изнудување пари мотив за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски; парламентарни избори на 8 мај, договор од лидерската средба; СДСМ со иницијатива за широк Европски фронт

December 4, 2023

Севернокорејски хакери поврзани со рекордна кражба во вредност околу 6,36 милијарди долари од криптоберзата Binance

October 30, 2026
Илустрација ВИ

Власта во Србија меѓу рокот за конституирање и механизмите за одолговлекување на СНС

October 30, 2026

Напад со три поморски дрона во Црното Море: Потона брод, сите 18 морнари се спасени

October 29, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки чека храна и лекови: Прекин на огнот во украинскиот град под руска окупација

October 29, 2026

Избори во Израел: Обвинувања за изборни нерегуларности, арапските партии со рекорден резултат, неизвесни коалициски преговори

October 29, 2026

Светската банка: Енергијата поскапува 32%, растот на цените на храната ќе продолжи и во 2027 година

October 29, 2026

Москва е најголемиот губитник од падот на Орбан и Вучиќ

October 29, 2026

Избори во Србија: Прегласување на 53 избирачки места на 1 ноември, Студентската листа во предност

October 29, 2026

Парите и постизборна Србија: Сомнежи за трансфери кон Скопје и Москва, Алта банка под лупа

October 29, 2026

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Изнудување пари мотив за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски; парламентарни избори на 8 мај, договор од лидерската средба; СДСМ со иницијатива за широк Европски фронт

December 4, 2023 16:54
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ПРАВДА, ТОП 5
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

ТЕМА НА ДЕНОТ

По вчерашното известување на МВР дека се пронајдени телата на убиените 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот Панче Жежовски, денеска на прес-конференција министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и јавниот обвинител Гаврил Бубевски информираа за детали од истрагата.

„Како што веќе сте запознати, мотивот е „користољубие“ при што едно од лицата во договор и со знаење, според привчните сознанија на член на семејството, го организирал извршувањето на кривичното дело со цел да се изнудат пари од мајката на малолетничката од кое понатаму сите инволвирани би имале материјална корист, посочи Спасовски.

Таткото на Ѓорчевска е приведен, со него се врши распит и по комплетирање на исказот ќе бидат преземат мерки по насока на Јавното обвинителство.

Убиството на 74-годишниот жител од Велес, како што посочи Спасовски, нема никаква врска со убиството на девојчето, но имал нерасчитени односи со еден од осомничените. Неговото возило „цитроен“ е искористено за извршување на киндапирањето на девојчето.

Првосомничениот според објавите на медиумите е Љупчо Палчевски – Палчо, а денеска на прес-конференцијата Спасовски рече дека тој заедно со неговиот адвокат со возило пребегнале во Белград, а потоа во Бугарија. По него се трага, а скопскиот обвинител Гаврил Бубевски нагласи дека против него ќе биде издадена меѓународна потерница.

Поради поставени прашања од поголем број медиуми во врска со Љ.П., осомничен за убиствата на В.Ѓ. и П.Ж., за тоа какви пријави се поднесени против него во претходниот период, МВР ја информираше јавноста дека во 2019 година е поднесена кривична пријава за неовластено прислушкување и тонско снимање, а во текот на 2019 година поднесени се прекршочни пријави поради омаловажување на полициски службеник. Во 2020 година е поднесена кривична пријава за недозволено држење на оружје или распрскувачки материи и непостапување според здравствени прописи за време на епидемија. Во 2005 година е поднесена кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување и посебни случаи на фалсификување исправа, во 2002 година за лажно пријавување на кривично дело, а во 2000 година за даночно затајување, се наведува во соопштението.

Во основното училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“ е отворена книга на жалост за Вања, во која последна почит искажаа наставниците, учениците, родителите и граѓаните.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„Она што го заклучивме на средбата е дека редовните избори ќе се одржат на 24 април и тоа прв круг претседателски избори и 8 мај за втор круг претседателски и парламентарни избори. Согласно законот, техничка влада односно пржинска влада ќе има од 28 јануари и законската обврска која јас како премиер ја имам ќе се исполни, и секако коалицискиот договор ќе си биде исполнет. Дополнително би сакал да ве информирам дека на вечерашната седница на Извршниот одбор, СДСМ започна иницијатива за формирање на широк Европски фронт на сите политички и општествени чинители коишто го поддржуваат членството на Северна Македонија во ЕУ“, изјави премиерот Димитар Ковачевски по лидерската средба.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Во ексклузивно интервју со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг за германската ТВ АРД, тој предупреди дека, по големиот напад на руските сили, западната воена алијанса треба да биде подготвена и за лоши вести од украинскиот фронт.

„Војните се развиваат во фази. Mораме да ја поддржиме Украина и во добри и во лоши времиња. Треба да бидеме подготвени и за лоши вести“, изјави Столтенберг.

*

Ако рускиот лидер Владимир Путин не биде запрен во Украина, тој ќе се врати „за повеќе“,
изјави министерот за надворешни работи на Обединетото Кралство Дејвид Камерон. Тој нагласи дека Британија мора да разбере дека светот се промени.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ИЗБОРИ Парламентарните политички партии постигнаа договор изборите следната година да се одржат на 8 мај, односно првиот круг на претседателските избори да се одржи на 24 април, додека вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори да бидат на 8 мај.

СТРАТЕГИЈА Горд сум дека успеавме да ја постигнеме инклузивноста и широката вклученост на голем број граѓани, граѓанскиот и бизнис секторот, институции, млади и ранливи групи“, вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, во неговото обраќање на состанок на Управниот одбор за креирање на Националната развојна стратегија, каде беше презентиран првиот драфт на документот кој претставува визија за развој на државата за следните 20 години.

СОБРАНИЕ Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска започна разгледувањето на Предлог-буџетот за 2024 година.

КОНФЛИКТИ

Како што продолжува конфликтот Израел-Хамас, постои зголемена загриженост за тоа како ситуацијата може да го зголеми ризикот од болести и во Газа. Може да има повеќе смртни случаи во Газа од болести и скршена здравствена инфраструктура отколку од бомби и проектили, предупреди Светската здравствена организација (СЗО).

АЛ-ПРЕС

Редакциски избор од албански медиуми: Продолжуваат немирите во албанското собрание; 111 години вооружени сили на Албанија; Специјалното обвинителство ги ограничи контактите и комуникациите на Тачи, Весели и Селими

24 ГОДИНИ ЦИВИЛ

„ЦИВИЛ го крева тој камен упорно дури кога тоа изгледа безнадежно. Така со текот на годините оваа организација и храбрите луѓе што таму работат станаа препознатлив македонски бренд за заштита на човековите права и слободи. И не само на тој сегмент, туку и на сите обележја кои означуваат демократски и цивилизациски општества како што се осуда на секој облик на шовинизам и дискриминација, значењето на независни и слободни медиуми, независни институции во служба на граѓаните, фер и демократски избори, заштита на човековата околина и воздигнување на еколошка свест, развој на културата и уметноста“, се вели во честитката на Ерол Ризаов по повод 24 годишнината на ЦИВИЛ.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Одлуката не е ни малку лесна, како на Хамлет дилемата. Ако гласам, а изборот е слаб, ќе помогнам некој дудук да стане фаца и да го растура и тоа малку кое е поставено едно врз друго од претходниците. Ако не гласам, ќе биде друг дудук. Слично е и ако го поништам ливчето. Поништените ливчиња се израз на незадоволство од понудата, ама не се бројат во изборот“, пишува Војо Маневски во „Гласањето е обврска или хамлетовска дилема?“

Подготви: Б. Јордановска

Tags: ДневникизбориМВРубиства
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ