• Latest

Платформата на ДУИ, Беса и Алијансата за Албанците и етничкиот (дис)баланс во Македонија

January 15, 2017

Состојбата на девизните пазари е посложена од едноставната приказна за „пад на еврото“ (ИНФОГРАФИК)

October 15, 2026
Црно Море, во водите на Романија (фото извор: Radio România Constanța / Adina Sîrbu)

Црното Море – воена арена пред портите на НАТО: Исчезнати морнари, запалени бродови и нови упади на дронови

October 15, 2026

Осум американски држави го тужат OpenAI: Што е факт, а што е недокажано обвинение?

October 15, 2026
Христијан Мицкоски (фото извор: ФБ / Христијан Мицкоски)

Мицкоски и Апасиев во костец со навреди и наводи за семејни бизниси, тендери и партиски донации

October 14, 2026

25 години климатски промени: Како планетата станува потопла, а животот во градовите сè потежок

October 14, 2026

Избори во Србија: Притисоци, инциденти и сомнежи за поткуп и „фантомски гласачи“

October 14, 2026
Кијив, 14 октомври 2026

Руски ракетен терор врз домовите и електраните: Четворица загинати во Кијив, стотици илјади без струја по руските напади

October 14, 2026
Зеленски - Трамп во Овалната соба, 28 јули 2026

Occupy Democrats: Зеленски го прозва Трамп поради стопирањето на предупредувањата за руските ракетни напади

October 14, 2026

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години: Кој и колку добива од рекордните профити? (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

Груби излезе од куќен притвор, пасошот останува одземен – судењето за „Лотарија“ продолжува

October 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Платформата на ДУИ, Беса и Алијансата за Албанците и етничкиот (дис)баланс во Македонија

January 15, 2017 18:11
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Усвојувањето на постизборната декларација на трите партии на етничките Албанци во Македонија, т.н. Платформа, предизвика бранувања и во македонската и во албанската јавност. ВМРО-ДПМНЕ како партија којашто го доби мандатот да формира нова влада, излезе децидно со став, дека документот потпишан од ДУИ, Беса и Алијансата за Албанците, за нив е неприфатлив и по цена да не формираат влада. ЦИВИЛ Медиа ги пренесува ставовите на политичките аналитичари, универзитетски професори Сашо Орданоски и Рамадан Рамадани за прашањето на етничкиот (дис)баланс во Македонија како рефлексија на усвоената Платформа.

 

На панел дискусијата „Обезглавена Македонија“ што се одржа во организација на ЦИВИЛ-Центар за слобода, професорот Рамадани подвлече дека од основањето на суверена Република Македонија во 1991 година, во државата има разни дисбаланси кои се провлекуваат низ годините. Дел од нив се веќе решени со охридскиот Рамковен договор во 2001 година, но ДУИ е факторот на заобиколување на овој договор во еднодецениската коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Така што, македонската јавност, како што вели Рамадани, заборави дека некои работи се веќе решени.

„Во тоа спаѓа и јазикот и дебатата за химната и грбот. И целиот тој манифест, оваа Платформа која беше донесена, на некој начин беше, всушност, признавање на ДУИ, дека ниту една од тие работи не ги завршила. Дури порадикално може да се прикаже дека ДУИ, тој ден, призна дека немала никогаш политичка платформа, па излегоа две нови политички партии, кои ја натераа ДУИ да се бави со политика. Тоа може и така да се гледа, секако со посредништво на албанскиот премиер, кој не е само премиер на Република Албанија, туку е на некој начин и албански премиер. И таа дистинкција е многу важна, посебно кај Албанците во Албанија и во Македонија“, рече Рамадани.

Според него, учеството на Рама во постизборното договарање е  само фасилитирање како последица на предизборната жестока реторика на македонските и партиите од албанскиот етникум во Македонија, која создаде многу анимозитети.

„Во предизборието меѓу Албанците, исто како и меѓу Македонците, паднаа многу тешки зборови. Имаше обвинувања дека некои се ‘покаури од каурите’, дека некои се про-Турци, некои про-Руси…,  и целиот тој анимозитет немаше никаков начин интерно да се среди. Толку траеше продлабочувањето, и на овој начин фасилитирањето придонесува. И верувам тоа нешто, допрва ќе следи кога-тогаш и во македонскиот блок. Мора тоа качување на некакво сојузништво меѓу една заедница, некогаш да се среди. И трето, што сметам дека треба да се знае во јавноста, е – од каде доаѓа провокативноста на таа Платформа? Според мене е нефер, во каков размер е таа е земена во македонскиот дел на јавноста. Сега, ние имаме парламент во кој седи воен злосторник, полноправно осуден за злосторства, убиства на Албанци. И тоа е најголема етничка провокација која што се случува во последно време овде и која што се институционализираа со неговото присуство во Собранието и никаква декларација, не за Голема, и за најголема Албанија да беше, немаше  да го стигне нивото на оваа провокација“, оценува Рамадани.

Според д-р Орданоски, албанскиот премиер Еди Рама во целата постизборна ситуација има практична улога, исто како и претседателот на Косово, Хашим Тачи.

„Речиси ви гарантирам, зашто го познавам албанскиот премиер Еди Рама лично, дека воопшто не е среќен со таа улога. Како што би рекол и би се осмелил и да тврдам, дека истото е и за Тачи. Никој таму не е пресреќен да се занимава со внатрешните работи и политиката во Македонија. Во случајот на Тирана, тоа е едно ‘туркање’ од меѓународната заедница. Според мене, тоа не е добар чин, но мора да се разбере како една практичност. Еве, ова го сведувам на една анегдота, практичност на имање еден телефон на кој што може да се врти. Второ, во принцип состојбата на малцинските заедници во секоја држава и квалитетот на таа состојба, секогаш е прашање на мнозинскиот елемент. Значи, за состојбата со Албанците во Македонија треба да одговара македонскиот елемент, бидејќи е мнозински. Бидејќи во тој елемент се сконцентрирани сите поголеми можности за иницијативи, за креативна политика, разрешување конфликти, за антиципирање ситуации итн. Така што кога ќе дојдете до оваа Платформа која што ја издаде ДУИ пред сé, јас неа реално ја крстив, тактички документ“, оценува д-р Орданоски.

Тој смета дека Платформата е така направена, да има доволно содржина да биде неприфатлива за ВМРО-ДПМНЕ, да сврти внимание од суштинската расправа, бидејќи потребно е да се „купи“ време, да се реставрираат некакви квази-политички позиции на ДУИ, за кои и во ДУИ се свесни дека тукушто ги изгубија на изборите.

„По сé што се случи на изборите, ДУИ излезе со изјава во која кажува дека нема преферентна партија од македонскиот блок со која би правеле коалиција. Така што Платформата ја постигна таа цел за која што беше поставена. Јас сум релативно задоволен од зрелоста на македонската јавна сцена, во која што не видов многу жолчности, хистерија околу коментирањата… Се разбира дека на секој паметен му е јасно, дека кога барате некој геноцид од 44 години, можете сите комични референци да ги направите… Таму има реални барања за кои што не е неопходно да се искажат како платформа. Тоа да го правите по 11 години делење власт е најмалку, срамота! И после таква шлаканица којашто сте ја добиле на изборите! Сите точки таму се реални, важни точки, кои што треба да бидат предмет на наредната влада меѓу СДСМ и ДУИ. СДСМ е всушност, новиот елемент во албанската политика во Македонија“, истакна д-р Орданоски.

Според него, СДСМ е сега нов политички фактор во Македонија. И наместо сегашните двајца пратеници, треба да гради позиции и да ја одразува Македонија и на својата пратеничка листа, па да има и седум пратеници-Албанци.

„Но, тие точки сега се обврска на СДСМ, и би рекол дека СДСМ е поважен исход од овие избори, дури би рекол и од Беса, за чиј резултат имам комплименти. Но, во стратешка смисла, резултатот на СДСМ е поважен“, заклучи д-р Орданоски, на панел-дискусијата „Обезглавена Македонија“ што се одржа во петокот во хотелот „Сити Парк“ во Скопје, во организација на ЦИВИЛ-Центар за слобода, како дел од проектот „НАПРЕД!“

Моника Талеска

Камера: Атанас Петровски

Tags: АлбанијаАли АхметиБесаВМРО-ДПМНЕДУИЕди Рамаетнички (дис)балансКосовоНикола ГруевскиОбезглавена МакедонијаплатформаРамадан РамаданиСашо ОрданоскиСДСМХашим ТачиЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ