• Latest
Фотомонтажа; Д. Мишев / ЦивилМедиа

Руските наративи во македонските медиуми: Изгубени во преводот

March 4, 2024

24 ЧАСА: Започна дводневната обука на 364 кандидати за пожарникари; Недоветни навивачи пукаа со куршуми на омраза на нашите сограѓани Албанци, ама нè погодија сите, реагира Силјановска Давкова; Нетанјаху сака „целосно освојување“ на Газа

August 5, 2025

Започна дводневната обука на 364 кандидати за пожарникари – дел од нив наредната недела ќе бидат вклучени во гаснење на пожари со помал ризик

August 5, 2025
Фатмир Битиќи (фото: А. Мехмети / ЦИВИЛ)

Трибините – огледало на политиката

August 5, 2025

Трагична тепачка ноќеска во Психијатриската болница Бардовци – осуден убиец усмрти друго лице

August 5, 2025

Партијата на Додик ја отфрла пресудата на Судот на Босна и Херцеговина, повикува на „влада на национално единство“

August 5, 2025
Богојески „му држи грб“ на Мицкоски додека го осудува националистичко скандирање на дел од навивачите во Куманово

Богојески го оправдува националистичкото скандирање во Куманово: Mакедонските навивачи стануваат жртва на лов на вештерки, само затоа што имаат љубов кон Македонија!

August 5, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Мицкоски од дрвото не може да ја види шумата

August 5, 2025
Фото: ВИ

РЕАКЦИИ: Спортот заложник на национализмот

August 5, 2025
Фото: Фејсбук на Стојанче Ангелов

ДЗС: Почна обуката на 400 кандидати кои се јавија на владиниот јавен повик за превенција од пожари

August 5, 2025
Фото: МИА архива

Холандија ќе испорача оружје во вредност од 500 милиони евра на Кијив, вклучувајќи и ракети „Патриот“

August 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Руските наративи во македонските медиуми: Изгубени во преводот

March 4, 2024 15:36
in АНАЛИЗИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, МЕДИУМИ, ПРОПАГАНДА, ТОП 5
Фотомонтажа; Д. Мишев / ЦивилМедиа

Фотомонтажа; Д. Мишев / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

Во соработка со Мониторинг тимот на ЦИВИЛ

На први март, државната информативната агенција МИА, објави содржина, со наслов „Помошта за Украина ги претвора Шолц и Макрон во отворени непријатали, за која се вели дека е пренесена од Политико, без притоа да се наведе линкот до изворот на веста.

Неколку македонски портали ја презедоа веста, по принципот „copy – paste“, без проверка, повеќето од нив дури и со истата печатна грешка во насловот -„непријатали“, несвесни дека, иако доаѓа од државна информативна агенција, во себе содржи дезинформации, манипулации и наведувачки наративи како оние кои ги користат руските пропагандисти за да нанесат штета на Украина и помошта која и ја пружаат сојузниците, меѓу кои и Северна Македонија како членка на НАТО.

Во преводот на насловот и текстот, како што го пренесува МИА, а за кој вели дека е преземен од Политико, пишува : „Помошта за Украина ги претвора Шолц и Макрон во отворени непријатали“, додека подолу во текстот, пишува: „Разликите меѓу германскиот канцелар Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон околу помошта за Украина се претвораат во отворено непријателство…“

Иако во текстот на МИА нема директен линк до изворот, се работи за текст објавен во Политико на 27 февруари, со наслов: „Scholz and Macron feud over arms for Ukraine“, додека во поднасловот стои: „As Ukraine runs short on ammunition, the German and French leaders are at odds over military aid“ (Додека во Украина има недостиг од муниција, германскиот и францускиот лидер се во несогласување околу воената помош).

Ниту во насловот , ниту во текстот на Политико никаде не стои непријатели, уште помалку отворени непријатели.

Преведено на македонски, Политико пишува: „Шолц и Макрон се караат околу оружјето за Украина“, и во поднаслов: „Додека во Украина има недостиг од муниција, германскиот и францускиот лидер не се согласуваат околу воената помош.“

И во текстот подолу, се употребуваат зборови кои означуваат длабоки разлики, сосема спротивни коментари, изненаденост, оградување, отворена расправија, судир на ставови, па и разочарување, но никаде зборот „непријателство“. За „отворено непријателство“ помеѓу двајцата лидери, секако нема место во оригиналниот текст.

Како што забележува Мониторинг тимот на ЦИВИЛ, преводот од Политико кој го пласира МИА на своите корисници (било да е намерно или ненамерно) е неточен, манипулативен и тенденциозен. Вакви  наративи користи руската пропаганда со цел да прикаже несогласување помеѓу лидерите на западните сојузници, да предизвика сомнеж и да прикаже колебање во одлуката на сојузниците да ја поддржат и помогнат Украина во борбата со руската неиспровоцирана целосна воена агресија врз својот сосед, што понатаму би довело до недоверба за целокупното делување на НАТО сојузот и наводно понатамошно распаѓање на Алијансата (иако, напротив, таа со почетокот на руската агресија се прошири со нови членки), каде полноправна членка е и нашата земја, со што ќе се поттикнат наративите на овдешните рашисти дека за Северна Македонија приближувањето кон Русија би била подобра алтернатива од членството во евро-атлантските сојузи.

Ова не е прв пат на МИА да се појават манипулативни текстови со кои пред македонската публика се пласираат руски пропагандни наративи. Како што предходно објави ЦИВИЛ Медиа во текстот „РУСКА ПРОПАГАНДА: Под плаштот на ‘анализи’ и ‘истражувања’ се пласираат манипулативни содржини од хрватски „Индекс“ во македонските портали“ на почетокот на јануари, тогаш државната новинска агенција МИА  во рубриката „МИА истражува“ , пласираше содржина, и истата потоа ја пренесоа повеќе македонски медиуми, која всушност не е никакво истражување, туку едноставно преведен и интегрално пренесен, во најмала рака манипулативен текст со наслов „Зошто Зеленски не сака мир?“ од самонаречениот „независен“ воен аналитичар, Марио Буриќ за хрватскиот портал Индекс.хр., Како што забележува Мониторинг тимот на Цивил, текстот на Буриќ, пренесен на МИА е полн со произволни, паушални тврдења и пропагандистички наративи.


Во оваа анализа се користени податоци од редовните извештаи на Мониторинг тимот на ЦИВИЛ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:

РУСКА ПРОПАГАНДА: Под плаштот на „анализи“ и „истражувања“ се пласираат манипулативни содржини од хрватски „Индекс“ во македонските портали

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Емануел Макронмакедонски медиумиМИАОлаф Шолцруска пропаганда и дезинформациируски наративи
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Збрка и будалаштина

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ