ВЕСТ НА ДЕНОТ
Стејт департментот на САД денеска ги стави на црна листа поранешната специјална главна обвинителка на Северна Македонија, Катица Јанева; актуелен градоначалник на Карпош, Северна Македонија, Стевчо Јакимовски; и поранешниот градоначалник на Качаник, Косово, Џабир Жарку за вмешаност во корупција.
„Нивните постапки го поткопаа владеењето на правото и вербата на јавноста во демократските институции и јавните процеси на нивните влади“, стои во соопштението на Стејт Департментот.
Покрај Јанева и Јакимовски, Стејт департментот ги определува и членовите на нивното потесно семејство – двата полнолетни синови на Јакимовски, Гоце Јакимовски и Дамјан Јакимовски, и сопругата и возрасниот син на Јанева, Венци Јанев и Лазар Јанев. Овие дејствија ги прават Јанева, Јакимовски, Жарку и членовите на нивните потесни семејства генерално неподобни за влез во САД.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
„Претседателските избори што ги организираше Русија од 15 до 17 март се одржаа во многу рестриктивен амбиент, влошено и од илегалната агресија врз Украина, при што руските власти продолжија да ја зголемуваат систематската внатрешна репресија со сузбивање на опозициските политичари, граѓанските организации, независните медиуми и другите критички гласови со користење на репресивно законодавство и политички мотивирани затворски казни“, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел во писмена изјава во врска со руските претседателски избори.
ВОЈНА ВО УКРАИНА
Украински активисти во Њујорк излегоа на митинг протестирајќи против меѓународното влијание на руската пропаганда, пренесува Укринформ спорединстаграм објавата на BBC News Ukraine.
ФЛЕШ ВЕСТИ
ИЗБОРИ Поради технички проблеми со веб-страницата www.dijaspora.sec.mk пријавувањето на гласачите во дијаспората се продолжува до 19 март 2024 година до 9 часот, информираат денеска од Државната изборна комисија.
ПРОТЕСТ Вработените во Македонска пошта денеска го изразија својот револт поради ненавремената исплата на плати за месец февруари. Претседателот на синдикатот на Македонска пошта, Боро Велигденов, посочи дека протестот на вработените е израз на загриженост за опстанокот на Македонска пошта, како и зачувувањето на нивните работни места.
ЕУ Украина, Белорусија и Блискиот Исток теми на Советот за надворешни работи на ЕУ
АЛ-ПРЕС
Редакциски избор од албански медиуми: Една година од Охридскиот договор помеѓу Косово и Србија; Оштетени патокази на албански јазик на северот на Косово; Албанија 15 години во НАТО
КОНФЛИКТИ
Голем број на мртви и ранети Палестинци има во рацијата што војската на Израел, обвинет за геноцид, ја спроведе во медицинскиот комплекс Ал Шифа во западниот дел на градот Газа.
*
Израелската армија дозволи девет камиони со хуманитарна помош да влезат во северниот дел на Појасот Газа, вклучително и во Џабалија, во Беит Ханун и во Беит Лахија.
*
Илјадници Израелци синоќа одржаа протести низ Израел против актуелната влада предводена од Бенјамин Нетанјаху и побараа договор за размена на заложници со Хамас
ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ
ЦИВИЛ – Центар за слобода како организација со долгогодишно искуство во изборен мониторинг, на денешната прес конференција опфати неколку важни аспекти од предизборниот период во земјава.
Измени во Изборниот законик, придонесот на ЦИВИЛ во работните групи за изборни реформи, кршење на човековите права, дезинформации и говор на омраза, националистички и антизападни наративи, иИзборниот процес во Северна Македонија започнува со само непочитување на препораките од ОБСЕ/ОДИХР и домашните организации на граѓанското општество, како и со кршење на човековите права и слободи, поточно со кршење на правото на глас.
ЦИВИЛ ги повика политичките партии на конструктивна дебата и да престанат со креирање и дистрибуција на дезинформации и говор на омраза конструктивна комуникација во јавноста.
СЛОБОДНА ЗОНА
„ДИК пресмета дека поради фактот што се одржуваат паралелно парламентарни и претседателски избори, за платено политичко рекламирање ќе бидат потребни 10,6 милиони евра од државниот буџет. Висока сума за сиромашен буџет! Како што сме виделе во минатите избори, само еден портал или групација на портали ги добивале парите од одредена политичка партија. Семејни портали добиваа 70 илјади евра од ДУИ, а групација на струшки портали добиле 34 илјади евра од Алијанса на Албанците, чиј лидер, Зиадин Села е од Струга. Народот рекол „Тој што ја плаќа, ја нарачува музиката“! Не се работи само за партиско медиумски клиентелизам, туку и за софистициран коруптивен модел, кој ја загрозува слободата на изразувањето и автономијата на медиумите“, пишува Сефер Тахири во колумната „Слатки и солени“ предизборни ветувања.
„На претстојниве мајски избори СДСМ заслужува ДА загуби затоа што некои нешта ги изневери, но овие мајски избори ДПМНЕ мора да НЕ ги добие затоа што, кажано во една реченица, за сè што вели дека ќе сторел, патем, овде би требало да го употребам мекиот израз од типот дека не ја зборува вистината, па сепак, предизборно и поводно ќе речам дека бесрамно нè лаже, лаже, за сè и еве…“, пишува ПО ДОПРЕН ГЛАС Зоран Иванов во „Велите не за ЕУ туку за Уџум па, ако сме за Уџум, тогаш бујрум, ќе си тераме Уџум“.
Подготви: Б. Јордановска