• Latest

24 ЧАСА: Управен ја прифати жалбата на ВЛЕН за „бугарски воз“ во Липково; според Ковачевски тој што не може да формира Влада изгубил на изборите; ЦИВИЛ бара заштита на децата од пропагандата

May 2, 2024
Фото: Скриншот од видео на CNBC

Жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен

September 17, 2026

Запоришката атомска електрана под руска окупација: Нуклеарна уцена и опасен преседан за светот

September 17, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски во САД, 17 септември 2026 (фото: ФБ профил на Премиерот)

(ВИДЕО) Што ќе ни донесе Мицкоски од Америка?

September 17, 2026
Украина, 17 септември 2026 (фото: Национална полиција на Украина)

РУСКИ ТЕРОР ВРЗ УКРАИНА: 157 дронови, балистички и крстосувачки ракети, над 20 повредени, меѓу нив и деца

September 17, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Правете што повеќе зимница, се спрема изборна кампања

September 17, 2026
Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Последна линија на одбраната

September 17, 2026
Изрекување првостепена пресуда за поранешните лидери на ОВК, 16 септември 2026 година; Фотографија: Специјализираните совети на Косово во Хаг

ВЛЕН и ДУИ ја оспоруваат праведноста на Хашката пресуда за поранешните лидери на ОВК

September 17, 2026
Мицкоски и Муцунски во Вашингтон, фотографија од ФБ профилот на премиерот, објавена на 16 септември 2026.

Дипломатија на лажичка: Јавноста заслужува повеќе од фотографии од Вашингтон

September 17, 2026

СВЕТОТ ДЕНЕСКА: Американски санкции за Москва, ЕУ со историска понуда за Канада, ОН предупредува на опасната трка во развојот на ВИ, жестоки битки и цивилни жртви во Украина

September 17, 2026

Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

September 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Управен ја прифати жалбата на ВЛЕН за „бугарски воз“ во Липково; според Ковачевски тој што не може да формира Влада изгубил на изборите; ЦИВИЛ бара заштита на децата од пропагандата

May 2, 2024 17:00
in ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Валбон Лимани од коалицијата ВЛЕН денеска на прес-конференција го презентираше решението на Управниот суд со кое се прифаќа жалбата на коалицијата ВЛЕН за полнење кутии во Липково.

„Управниот суд ја прифати жалбата на Коалицијата ВЛЕН за гласачко место во Липково, каде што имало полнење на кутија од страна на блиски луѓе на носителот на листа на ДУИ во оваа зона, со техника позната како „бугарски воз”. Во судската одлука стои дека тужбата на кандидатот на претседателските избори во 2024 година, Арбен Таравари, е прифатена”, рече Лимани.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„Прво, тој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник. Ќе видиме како ќе бидат финалните резултати на 8 мај, бидејќи изборите уште не се завршени и тогаш ќе може да се разговара во однос на формирање на влада. Јас знам како изгледа формирање на влада, треба да имате 61 пратеник минимум за да формирате влада. Полека, па ние сме во избори конкуренти со ВМРО-ДПМНЕ, 8 мај нека дојде па ќе видиме“, изјави претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ПРОТЕСТ „Нема правда нема мир“, „Стоп за насилството“, „Бараме заштита“… извикуваа претставниците од Фондацијата „Ромите за демократија“ на маршот кој почна пред ДИК, а заврши пред МВР во Скопје, при што побараа поголема заштита и зајакнување на полициската присутност за време на претседателските и парламентарните избори на 8 мај, посочувајќи дека нивните набљудувачи во Струмица се соочиле со одредени закани и обиди за физичко насилство, за време на првиот круг од претседателските избори што се одржаа на 24 април.

ЧОВЕКОВИ ПРАВА Работната група на Универзалниот периодичен преглед (УПП) на Советот за човекови права на Обединетите нации (ОН), денеска на состанок во Женева ќе ги разгледува по четврти пат податоците за состојбата на човековите права во Северна Македонија.

ИЗБОРИ Претставничката на Европски фронт, Арта Билали Зендели, вчера на прес конференција најави дека дека и ветингот на носители на политички функции и носители на големи одговорности во сферата на судството и борбата против криминалот и корупцијата, ќе биде услов за новата Влада.

ПРОПАГАНДА

„Колку и да се трудат некои релативизатори во тврдењето дека во Северна Македонија нема руско влијание и пропаганда, реалноста секојдневно го потврдува токму спротивното. И додека погледите најчесто се свртени кон одредени политичките ентитети и медиумите како најревносни во ширењето на руската пропаганда, истата се спроведува на едно многу помалигно ниво, и ги таргетира децата во нивната најрана возраст“, се вели во извештајот на Мониторинг тимот на ЦИВИЛ „Се започнува од детството“ – кумановска професорка шири руска пропаганда кај своите малолетни ученици“

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

ЦИВИЛ во континуитет ги алармира јавноста, институциите, политичките партии и медиумите за злоупотреба на децата за политички цели и бара од институциите да ги санкционираат сите што ги вовлекуваат децата во политиката на било кој начин. Мониторинг тимот на ЦИВИЛ констатира голем број случаи на злоупотреба на деца и малолетници, како во изборен контекст, така и за ширење етничка и верска омраза, но и за ширење на руска злонамерна пропаганда.

ИЗБОРНА ХРОНИКА

„Кампањите за претседателските и парламентарни избори неделава се најдоа во работна недела со два неработни дена, но, со уште по зајакнат интензитет, остри реторики, препукувања, националистички наративи и „трки“ за простор и време“, прочитајте повеќе во „ИЗБОРНА ХРОНИКА: ЦИВИЛ бара заштита на децата од политичка злоупотреба; „Бугарски воз“ во Липково кај управен суд; ветинг, амнестии и проблематичен цензус“.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Кампањата со омраза, навреди и лаги против мене продолжува. Интересно е да се забележи дека секогаш кога организацијата што ја претставувам излегува со супер видливи и влијателни содржини и пораки, таа кампања се засилува. Така, иницијативата за промоција на правото на глас, извештаите од изборниот мониторинг, анализите на руските хибридни тактики и пораките за ставање крај на етнички мотивираната омраза и насилство, како и редовното известување за руската агресија против Украина и демократскиот свет – секогаш добиваат „амин за јуриш““, пишува Џабир Дерала во „Каде е Џабир Дерала?“.

„Во многуте сличности меѓу бугарската и нашата политичка сцена, не секогаш зависна од меѓусебните спорови и спорења, секако влегува и тој битен пејзаж – медиумскиот. Кај окупацијата на ТВ станиците и весниците, која е стара практика уште од „првото вмро“, не без традиција и во претходниот период, секако, посебно дојде до израз во времето на владеењето на камарилата на Груевски, познат по тоа дека и кај оние уредници и сопственици со слугански табиет, а кои во разговор со него инсистирале, на малку „неутралност во пристапот“ отсечно одговарал – или си со нас или си против нас. Трето нема“, пишува Љубомир Костовски во анализата „Историскиот ревизионизам на македонските и бугарските медиуми“.

Подготви: Б. Јордановска

Tags: ДневникизбориЦивилчовекови права
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ