• Latest

Македонија два месеца со нова Влада!

August 4, 2017
Хамас објави видео снимка од заложникот Евјатар Давид, кој е во очајна состојба. Фото: Скринчот од видео на Guardian News

Светските лидери ги осудуваат објавените видеа од изгладнетите израелски заложници во Газа, додека Црвениот крст бара пристап до нив

August 4, 2025

Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободил во вратот, стомакот и надлактицата

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно ги прикажува последиците од нападот со украински дрон врз железничката станица Арчеда во градот Фролово во руската Волгоградска област преку ноќ на 4 август  Фото: Х

Масивен украински напад со дронови ја таргетираше руската железничка станица во Волгоградската област

August 4, 2025

Над 8 милјарди тони пластика го загадува светот, помалку од 10 отсто се рециклира

August 4, 2025
Aleksandar Vucic/Milorad Dodik
Source> Wikipedia

Вучиќ одбива да ја признае пресудата против Додик: Србија повторно против меѓународната заедница

August 4, 2025
Арбен Таравари, интервју за ЦИВИЛ Медиа
фотографија: Ариан Мехмети/ЦИВИЛ

Таравари реагира на националистичките скандирања во Куманово: Овој опасен дух за земјата и Регионот што го носи ветерот од Србија, мора да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
People seeking aid in Gaza
Photo source> screenshot AP

Израелските сили убија најмалку 27 лица пред пункт за храна

August 4, 2025
Фото: ЦУК/Фејсбук

ЦУК: Активни четири пожари, два под контрола

August 4, 2025
Фото: Скринчот од видео на TRT world/ Instagram

Крајнодесничарски израелски министер провоцира молејќи се на најчувствителното свето место во Ерусалим, прекршувајќи го деценискиот договор за забрана на Евреите да се молат таму

August 3, 2025

„Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

August 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Македонија два месеца со нова Влада!

August 4, 2017 13:31
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По првите 60 денови на новата Влада, најавените и неопходни реформи во сферите на правосудството, на изборната регулатива – со цел кредибилни избори, на медиумите и на слободата на говорот, како и политиките за поголема социјална сигурност на граѓаните – се во тек. Динамиката на реализацијата на реформите и бенефитите што ќе ги почувствуваат граѓаните во првите три месеци, во голема мера ќе го детерминираат исходот на локалните изборите, најавени во октомври.

Новото Собрание работи со полна пареа, но никако да се изгласа разрешување на Јавниот обвинител, Марко Зврлевски и да се распише изборот на неговиот наследник.

Македонија и по два месеца, откако е формирана новата Влада, сè уште не е до стартната линија на најавените реформи во правосудството, коишто се дел од Планот 3-6-9. А, реформите се неминовни. Владата ги прифати и треба да ги спроведе забелешките и препораките на Европската комисија и на Советот на Европа, поконкретно на Венецијанската комисија и на ГРЕКО, како и од сите други релевантни документи со коишто се предвидува изградба на независен, непристрасен, професионален и ефикасен судски систем.

Во тој контекст, поддршката за СЈО – стои. Ама, неопходните законски регулативи за работа на ова обвинителство, не се донесени. А, граѓаните очекуваат целосно расветлување на аферата „Прислушување“, веќе 2,5 години, од 9 фебруари 2015, кога премиерот Зоран Заев, како лидер на тогаш опозиционата СДСМ, ги разобличи криминалите на кликата на експремиерот Никола Груевски.

Целиот овој период, низ лавиринтите на судството се влечат предметите на СЈО. Чекор напред – два назад. Сепак, конечно, Апелацискиот суд, ги изрече првите притвори на барање на СЈО. Но, обвинитетите се во бегство од 26 јули. МВР распиша потерница по Горан Грујевски, екс-началникот на Петтата управа и по Никола Бошковски, вработен во УБК. Двајцата се обвинети за „Злосторничко здружување“ и „Злоупотреба на службена положба и овластување“, а Грујевски се товари и за „Фалсификување службена исправа“.

Во бегство беше и бизнисменот Сеад Кочан, сопственик на ТВ Нова. Откако беше прифатена жалбата, тој одеднаш се појави во јавност. Но, што со другите обвинети, што со другите предмети, уште колку време треба да се чека да се изречат првите пресуди за актерите во аферата „Прислушување“? Без реформирано правосудство тоа не е можно. Алиби не треба да има! Зашто, врвни правни експерти се членови на Советот за реформи во правосудството, што е конституиран деновиве во Министерството за правда.

Работите се придвижуваат и во Министерството за внатрешни работи. Нови кадровски решенија. А, обидот на неколкумина полицајци да стават дамка врз македонската демократија, со ставање лисици на млади активисти на „Левица“ што носеа транспаранет „Против војните за профит“, и на граѓански новинар на ЦИВИЛ, беше пресечен во корен.  Заповедничкиот тон на полицаецот на видео клипот што ги преплави социјалните мрежи, ја засени заложбата на новата Влада за враќање на демократските процеси во општеството.

Но, со наредба на министерот Оливер Спасовски, Одделот за внатрешна контрола го истражи случајот, а четворица полицајци за пречекорување на своите овластувања ќе бидат санкционирани. Ова дава надеж дека почнавме да чекориме во демократска држава. Новата Влада, впрочем, им го вети тоа на граѓан(к)ите.

Прочистен Избирачки список и консолидирана ДИК до локалните избори во октомври – треба да биде императив на новата Влада, за да не останат само флоскули од заложбите за кредибилен, фер и демократски, регуларен изборен процес! Но, можно ли е тоа, со овој состав на ДИК?

 

ДИК донесе и нов Деловник, којшто сам по себе, и според експертите не е гаранција за кредибилни избори. Остануваат многу обврски на ДИК и на надлежните институции. Тоа значи напорна и посветена работа на сите институции. Во спротивно, локалните избори ќе се одржат по патернот на ВМРО-ДПМНЕ! Заклучокот е повеќе од јасен, ако се имаат во вид аномалиите што ги крие Избирачкиот список!

Слобода на говорот и на јавното мислење низ призмата на објективна, точна и  навремена информација е задача на новата Влада. Но, во овие два месеца, видливи реформи на овој план – нема!

Јавниот радиодифузен сервис МРТВ, дури не вршеше пренос ни од потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија, настан кој предизвика огромен интерес не само во македонската и бугарската, туку и во пошироката јавност.

Реформи во медиумите, најавија министрите Дамјан Манчевски и Роберт Поповски, на дебатата со сите релевантни фактори во медиумската сфера. Но,тие треба да се случат што побрзо, за да се спречи деценискиот информативен мрак во многу населени места, каде што стигнува само сигнал на МРТВ и на медиумите што беа блиски до претходната власт.

Во овие два месеца, во Министерството за економија се кроеше ребалансот на Буџетот, до крајот на годинава. Скратени се многу фондови, што ќе рече, претходната Влада планирала, најавувала, ама – нереални инвестиции. Но, и при таков буџет од октомври, 3.000 стечајци ќе добиваат по 7.596 денари. Владата го усвои и Предлогот за измени на Законот за минималната плата од 12.000 денари, а одобри и нови 10 милиони евра за директна помош за земјоделците

Во надворешната политика, колку и да се наоѓаат маани, факт е дека, оваа Влада вложува максимални напори да создаде клима на пријателски, добрососедски, билатерални односи и политичко-економска и кулурна соработка, што ќе биде сигурна виза на патот кон ЕУ и НАТО.

Два месеца изминаа, брзо ќе помине и третиот, ќе дојде време за отчет. Граѓаните очекуваат големи придвижувања, остварување на ветувањата,чекор по чекор, онака – како што стои во Програмата.

Тие сто дена работа на новата Влада, всушност, ќе бидат и нејзин тест пред граѓаните, гласачите на локалните избори најавени во октомври.

Моника Талеска

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ДИКекономијаЕУМедиумиНАТОнова владаправосудствореформиСЈОслобода на говорСлободни избориСобраниесоцијална правдашеесет дена
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Збрка и будалаштина

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Пропагандата гази и преку мртви тела: Две човечки жртви во пожарите, за ВМРО-ДПМНЕ се – нула

    87 shares
    Share 35 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ