• Latest

Ромите во прилепска „Тризла“ се повторно мета на изборни ветувања

October 9, 2017

Меѓу сензацијата и реалноста: Предупредувањето од Anthropic е сериозно, но ВИ-апокалипсата не е утврден факт

September 10, 2026
Кијив, 9 септември 2026 (фото: ДСНС Украина)

РУСКИ ТЕРОР: Двајца загинати на граничниот премин „Старокозаче“, повредени цивили во Кијив

September 9, 2026

Снимки со закани кон Косово од наводни српски борци на руска страна во Украина

September 9, 2026
Students are focusing on books and making notes while studying and learning in a university library, representing education, academic research, and the pursuit of knowledge, copy space

Алармантни податоци за писменоста, ПИСА 2025: Северна Македонија далеку под просекот во знаење и вештини

September 9, 2026
Ед Милибанд (фото извор: GOV.UK)

Историски пресврт во британската политика кон Израел: Санкции за окупацијата и обвинувања за етничко чистење

September 9, 2026
Ландтаг, Саксонија-Анхалт

АФД победи во мала покраина, но предизвика голем потрес: Саксонија-Анхалт како предупредување за цела Германија

September 9, 2026
Министерство за надворешни работи на Босна и Херцеговина (фото извор: МНР на БиХ)

ЕСКАЛАЦИЈА: БиХ ги залади дипломатските односи со Србија по глорификацијата и погребот на Ратко Младиќ

September 8, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Кој ќе чека уште 25 години за демократија?

September 8, 2026

Првите сто години се најтешки, за потоа – ќе видиме

September 8, 2026
Бленди Ходаи (фото извор: ФБ профил на авторот)

„Дали ти изгледам како идиот?“

September 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ромите во прилепска „Тризла“ се повторно мета на изборни ветувања

October 9, 2017 11:59
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Неколку илјади жители од ромската населба „Тризла“ во Прилеп, живеат во исклучително тешки услови. „Тризла“ е населба на дивоградби, за коишто доправа треба да се изработува Детален урбанистички план и овој дел од градот за да се инкорпорира во водоводната и канализационата мрежа, како и да се гради соодветна патна инфраструктура.

Но, исклучително тешки се условите за живот на граѓаните од маалата „Три багреми“, „Мексико“ и „Дебарца“. Овде има семејства коишто наместо во куќи и станови, живеат во картонски бараки, а наместо прозори имаат дебели најлони. За улично осветлување не станува збор, зашто на места нема ни улици, луѓето живеат на карпи. А, електрификацијата каква-таква, низ маалото е слаба. Во невреме дел од жителите страдаат од громови. Вода пијат од вештачкото езеро. Отпадоци има на сите страни, бидејќи немаат канти за отпадоци, ниту пари да купат. За канализација не станува збор.

Во 21 век, децата од оваа населба за да стигнат до училиште треба да пешачат и во дождливи денови, како во најморничав сон, во кал до коленици. Многу од нив немаат ниту соодветна топла облека или чизми во зима. Потресна и претешка е животната приказна на секое семејство.

И тука, политичарите доаѓаат со години. Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ, на чело со досегашниот градоначалник, Марјан Ристески, 12 години им ветуваа дека ќе најдат соодветно станбено решение, за да бидат сместени во тврди градби. Им ветуваа вода, струја, канализација… Но, од ветувањата во оваа населба не е ништо направено.

Единствено во целата населба, со одлука на Советот на Општината, со пари од сите граѓани на Прилеп, се финансираше дел од изградбата на џамијата, лоцирана на почетокот на населбата „Тризла“.

Асфалтирана е и една улица што води низ населбата, но другите проблеми на жителите не се решени. Тие пак не кријат, дека на досегашните избори, доаѓаале претставниците на политичките партии, им носеле брашно, шеќер, масло и така ги „купувале“ гласовите.

„Па, земаме сѐ што ќе ни дадат, зашто ние сме најсиромашни граѓани. Најголем дел од нас се корисници на социјална помош. Но, меѓу нас има граѓани, коишто немаат ни лични карти, зашто овде нема улици“, реагираат жители од населбата.

Тие се револтирани и при посетите на новинарски екипи. Велат дека веќе никому не веруваат, зашто секогаш се искористени од политичарите само за да добијат гласови,а  потоа никој не им ги решава проблемите.

При посетата на Прилеп, во петокот, кога ВМРО-ДПМНЕ го одржа митингот, лидерот Никола Груевски одлучи својот „спас“ да го побара и со гласовите на овие граѓани. На митингот во „Тризла“, Груевски како што јави набљудувачот на ЦИВИЛ, се поздравувал со дел од овие граѓани, верувајќи дека ќе ги убеди, повторно да му ја дадат довербата.

На 11 октомври, во Прилеп, митинг ќе одржи и СДСМ. Жителите велат дека го очекуваат и Зоран Заев да ги посети. „Ќе ги пречекаме политичарите, нека дојдат. Ќе ги чуеме, ама веќе нема да ги ‘продаваме’ своите гласови за брашно и шеќер. Овој пат, ќе размислиме добро, дали воопшто ќе се појавиме на гласање. А, ако одлучиме да гласаме, тогаш тоа ќе биде за кандидатот за градоначалник кому ќе му веруваме, дека сепак нешто ќе направи, за да го подобри нашиот живот во ‘Тризла’“, изјавија граѓани на оваа населба за ЦИВИЛ Медиа.

Набљудувач на ЦИВИЛ, известува дека наводно ромска невладина организација, деновиве во Прилеп, спроведувала анкета, „Кој ќе биде новиот градоначалник?“, барајќи од граѓаните да кажат за кого од двајцата кандидати ќе го дадат својот глас: за актуелниот Марјан Ристески од ВМРО-ДПМНЕ, којшто бара четврт мандат, или за Илија Јованоски од СДСМ, којшто прв пат се кандидира за оваа функција.

Моника Талеска

Tags: ВМРО-ДПМНЕЗоран Заевлокални избориманипулацииНикола ГруевскипоткупРомиСДСМТри багремиТризла
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ