• Latest
Добро утро со Орданоски

А правда за „нашата банда“?

November 6, 2017

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

А правда за „нашата банда“?

November 6, 2017 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]Г[/dropcap]рупа од неколку дузини бандити од Косово, најверојатно во соработка со помала група бандити на власт од Македонија (за тоа, малку подолу), во мај 2015 година изведоа вистинска мала дводневна војна во кумановското „Диво насеље“. Резултатот беше регионална безбедносна драма од средни размери, покрај големата национална безбедносна драма со неколку десетици мртви и ранети на двете страни. Како што е познато, загинаа и осум македонски полициски специјалци.

После две ипол години притвори и судења, минатата недела се изрекоа казните за бандитите од Косово: многу доживотни и многу други долги затворски казни.

Еден од нивните адвокати (паметен човек, инаку) вели дека казните биле престроги, драконски, бидејќи осудените не биле териристи… Е, што биле? Па, биле изманипулирани со „политичка заднина“, а и не убиле цивили… А кој вели дека тероризмот е насилство – секако изманипулирано со „политичка заднина“ – кое се спроведува неопходно против цивили? Ама, вели одбраната, тие биле наивни, овде ги наместиле, ги измамиле…

А што не те измамат тебе, прво да нападнеш некоја косовска гранична караула, од таму да земеш еден тежок митролез, да обесиш ракетен фрлач на рамо и да наредиш десетина бомби за појас и, со уште 30-40 души вооружени до заби како и ти, да отидеш во некое предградие на Приштина и таму, без разлика кој-што те лажел и колку пари ти дал или ти ветувал, да распалиш по косовските полициски специјалци, да убиеш осуммина од нив и да раниш преку триесет други службени лица? Дали албанскиот суд во Косово тоа нема да го третира како тероризам?! Уште, во судот да извикуваш „Косово е Србија!“, а и кога ќе ти ја читаат пресудата, со трите четнички кренати прсти да ѝ мафташ на судијката пред нос…

Тешко дека Кривичниот суд во Приштина ќе има адекватно разбирање за твојата наивност и ќе ти суди според кривичните дела за криволов и за „пукање на свадба“, а не за тероризам. Но, ако косовскиот суд те осуди „драконски“, ќе собереме неколку автобуси демонстранти од Македонија и од Србија и ќе одиме во Приштина да протестираме заради пресудата и ќе извикуваме „Србија, Србија!“ пред зградата на косовската влада, ќе запалиме две-три албански знамиња и ќе бараме меѓународна судска арбитража…

Со или без иронија, до тука, работата е прилично јасна.

Прашањето, се разбира, е зошто не ѝ се суди на „нашата банда“? Зошто Јавниот обвинител и Судот не ги интересира – а, по закон, БИ МОРАЛО – да ги открие СИТЕ вмешани во овој терористички чин, да го расчисти нивниот мотив, кој бил инспиратор, ко-организатор, веројатен финансиер и, конечно, кој имал дијаболичен политички, материјален или друг интерес од овој криминален, теористички чин? Зошто македонското Обвинителство и Суд ова не ги интересира?

Како може да нема адекватна истрага за кумановскиот инцидент на „македонска“ страна? Сите индиции покажуваат дека истите луѓе – ИСТИТЕ! – потоа го организираа обидот за државен удар во април годинава во Македонското собрание. Кој вели дека тие луѓе (сите се на слобода), повторно, нема идната недела, или идниот месец, пак нешто да организираат против стабилноста и уставниот поредок на државата? Да не им фалат пари и други ресурси? Да не немаат мотиви и други мрачни интереси? Да не им фалат доволни будали на располагање?

За да се избалансира вториот дел од проблемов, со оној првиот, судски затворен на погоре опишаниот начин, склон сум да се согласам со барањето за некаква меѓународна кривична арбитража во овој случај, бидејќи македонското правосудство НЕ Е СПОСОБНО, не на експертско, туку на политичко ниво, да изведе коректен истражен и судски процес.

Или, можеби, Апелација ќе собере храброст (оти знаењето не е спорно) и ќе го врати судскиот процес на почеток, па да се дознае кој, кога, како и зошто го инспирираше, го испланира и го егзекутира Кумановскиот инцидент?

Само, „албанскава страна“ што сега бара странска судска арбитража мисли дека, ако се открие и „македонската страна“ на инцидентот, конечните пресуди за сите би биле значително помали… А јас мислам дека, напротив, ако се докаже нивната вмешаност, и за „македонската страна“ треба да следуваат и доживотни робии, според „заслугите“. И тоа сите да се сместат во истото затворско крило во Идризово.

 


Преземањето на оваа содржина е дозволено само по 11 часот, на денот на објавувањето. Потоа, важат вообичаените правила според лиценцата Creative Commons 1.0.

Tags: безбедностДиво НасељезатворИдризовоистрагаКосовоМакедонијаОЈОполицијарегионсудењетероризам
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ